Прејди на содржината

Чуригера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од Чуригера

Чуригера (шпански: Churriguera) било шпанско семејство со две генерации на значајни вајари и архитекти, со потекло од Барселона, но со најголемо влијание во Саламанка. По ова семејство е наречен високоукрасниот архитектонски стил „Чуригереско“.

Семејството на Хосе Бенито де Чуригера (1665-1725) било вајарско, веќе прославено со своите детални и сложени архитектонски декорации. Кога Јозе Бенито започнал со проектирање на зданија како архитект, декорациите станале уште поекстравагантни и претерани. Подоцна неговите браќа-вајари, Хоакин (1674-1724) и Алберто (1676-1750) станале архитекти и така започнала семејната традиција која ја продолжила и следната генерација.

  • Pevsner, Fleming and Honour, The Penguin Dictionary of Architecture, Penguin Books, Middlesex, England, 1983
  • Kelemen, Pal, Baroque and Rococo in Latin America, Dover Publications Inc., New York, Том I и II, 1967