Чоколадо за готвење
Чоколадото за готвење, исто така наречено горчливо чоколадо и незасладено чоколадо, е вид на темно чоколадо што се подготвува за употреба како состојка во готвењето.
Производство
[уреди | уреди извор]Современото произведено чоколадо за готвење обично се формира од чоколаден ликвид во форма на табла или чоколадни трошки[1]. Чоколадото за готвење може да биде со послаб квалитет во споредба со другите видови чоколада и путерот од какао може да е заменет со други масти. Овој тип на чоколадо за готвење може да биде полесен за ракување во споредба со оние на кои не им е намалена содржината на какаов путер. Чоколадото за готвење со послаб квалитет можеби нема да биде толку вкусно во споредба со чоколадото со повисок квалитет и вкусот му е поинаков.[2]
Видови
[уреди | уреди извор]Обично се подготвува во незасладени, горчливи, полуслатки и слатки видови, во зависност од количината на додаден шеќер .Рецептите кои вклучуваат незасладена чоколада за готвење обично користат значителна количина шеќер. Горчливото чоколадо за готвење мора да содржи 35 проценти чоколаден ликвид или повеќе. Повеќето чоколади за готвење имаат најмалку 50% содржина на какао, а преостанатата содржина обично е главно шеќер.
Табелата подолу ги означува четирите основни видови на чоколадо за готвење.
Тип | содржина |
---|---|
Незасладено | Не содржи шеќер и содржи 99% чоколаден ликвид или цврсти материи од какао . |
Горчливо слатко | Обично има помалку шеќер и повеќе чоколаден ликвид во споредба со полуслатките сорти. |
Полуслатко | Има помалку шеќер од слатките сорти. |
Слатко | Има најмногу шеќер. |
Производители
[уреди | уреди извор]Производители на чоколадо за готвење во Македонија се компаниите: Витаминка, Европа и др.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Caruso, Maren; Sur La Table (2008). The art and soul of baking (1 ed. изд.). Kansas City, MO: Andrews McMeel Pub. ISBN 978-0-7407-7334-1. OCLC 212376019.CS1-одржување: излишен текст (link)
- ↑ Gisslen, Wayne (2013). Professional baking (6 ed. изд.). Hoboken, NJ: John Wiley & Sons. ISBN 978-1-118-08374-1. OCLC 753351232.CS1-одржување: излишен текст (link)
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Sammarco, A. M. (2011). The Baker Chocolate Company: A Sweet History. History Press. ISBN 978-1-61423-113-4. 136 pages.