Честотомер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Честотомер

Честотомер или фреквенцметарелектронски мерен инструмент кој ја покажува фреквенцијата (честотата) на периодичен електричен сигнал.

Ова е уред за мерење на повторувањата во единица време (вообичаено во секунда) на целосен електромагнетен бран. Се користат различни видови на честотомери. Бројни се инструментите со отклон (дефлексија) кои вообичаено се користат за мерење ниски фреквенции, но можат да се користат за фреквенции до 900 Hz. Истите функционираат на принцип на балансирање на две спротивставени сили. Промените во фреквенцијата која треба да се мери предизвикуваат промена во овој баланс што може да се измери со отклон на стрелката на скалата. Постојат два вида на честотомери, уреди со електрична резонанција и рациометри. Едноставен пример на уред со електрична резонанција е инструмент со подвижна намотка. Во една верзија, овој уред има две намотки наместени на различни фреквенции и споени под прав агол на таков начин што целиот елемент, со стрелката, може да се движи. Фреквенциите во средината на скалата на инструментот значи дека струите во двете намотки се приближно еднакви и стрелката е во средината на скалата. Промените на фреквенцијата предизвикуваат дисбаланс на струите во двете намотки што на крајот резултира со придвижување на стрелката.