Часовникот на Свети Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Часовникот на Свети Марк)
Часовникот по реставрацијата (2006)

Часовникот на Свети Марко е сместен во Саат-кулата на плоштадот Сан Маркo, во Италија. Првиот часовник кој бил сместен во кулата бил изграден од Џан Паоло и Џан Карло Раиниери, татко и син, помеѓу 1496 и 1499 година, и бил еден од бројните големи јавни астрономски часовници подигнати низ Европа во текот на 14 и 15 век. Часовникот бил предмет на многу реставрации, некои контроверзни.