Цел за одржлив развој 4

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЦОР 4)
Лого на ЦОР 4

Цел за одржлив развој 4 (скратено ЦОР 4) — четврта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „квалитетно образование“. Официјалниот текст гласи: „да се обезбеди инклузивно и еднакво квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење за сите“.[1][2]

ЦОР 4 се стреми да им овозможи на децата и младите квалитетно и лесно достапно образование и други можности за учење. Една од нејзините потцели е да се достигне универзитетска писменост и бројчена писменост. Важен составен дел на стекнувањето знаење и вредни вештини е средината на учење. Оттука, се јавува итна потреба да се изградат повеќе образовни установи и да се надградат постојните за да се обезбедат безбедни, сеопфатни и ефективни средини за учење за сите.[3]

Образованието се гледа како сила за одржлив развој, национално издигнување и мир. Децата и младите коишто стекнуваат вештини, како што се читање, пишување и броење е поверојатно да имаат подобра иднина отколку нивните сожители коишто немаат вакви вештини. Светот се менува и глобализацијата побарува светското население брзо да се прилагодува и учи да работи со поновите технологии.

Преовладувањето на екстремна сиромаштија, немир, општествени судири и други чинители значително го забавуваат напредокот во многу земји во развој. Децата од сиромашните домаќинства се соочуваат со повисока веројатност да се откажат од училиште отколку нивните сожители од побогатите кругови. Неусогласеностите меѓу руралните и урбани подрачја и натаму се високи. Во Западна Азија и Северна Африка, тековните воени конфликти водат до зголемување на бројот на деца без можност за образование. Најголем напредок во запишување во основно образование од сите подрачја во развој имаат постигнато земјите од Потсахарска Африка, каде што е забележан пораст од 52% во 1990 на 78% во 2012 година, иако сè уште постојат големи неусогласености.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
  2. 2,0 2,1 „Goal 4: Quality education“. UNDP. Посетено на 13 April 2017.
  3. Ritchie, Roser, Mispy, Ortiz-Ospina. (2018) "Measuring progress towards the Sustainable Development Goals." (SDG 4). SDG-Tracker.org, website.