Хуан де Диос Рамирес Ередија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хуан де Диос Рамирес Eредија (роден на 29 јули 1942 година) е шпански политичар, со ромско етничко потекло. Тој е член на Шпанската социјалистичка работничка партија. Во 1986-1999 година тој бил пратеник во Европскиот парламент. Ередија е роден во Пуерто Реал, Кадис.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

По професија, тој е правник и дипломирал во информатички науки на Автономниот универзитет во Барселона, доктор по информатички науки и магистер по општо основно образование. Тој бил директор на Факултетот за стручна рехабилитација, „Сан Хуан Боско“ за тие кои се физички хендикепирани, во Барселона помеѓу 1970 и 1990 година.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Како член на шпанската ромска заедница, тој бил вклучен во истакнувањето и бранењето на правата на Ромите. Како признание за ова дело, во февруари 2008 година него го наградиле со почесен докторат од Универзитетот во Кадис, првиот Ром кој ја доби оваа одлика во светот. Рамирес Ередија, исто така, промовира Романо-Кало, варијанта на Интернационал Романи, збогатена со Кало.[2] Неговата цел е повторно да ги обедини корените на Кало и на Ромите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „European Parliament MEP Profile“. Посетено на 2009-05-09.
  2. "Unión Romaní imparte el primer curso de romanò-kalò" Архивирано на 27 септември 2007 г., Union Romani, 29 December 2006

Надворешни врски[уреди | уреди извор]