Христо Џолев
Изглед
| Христо Џолев | ||
| Роден | Моноспитово, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Познат | македонски револуционер | |

Христо Велков Џолев — македонски револуционер, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациja (ВМОРО).
Христо Џолев е роден во село Моноспитово, Струмичко, во семејство на земјоделци.[1] Неговиот син Атанас Џолев бил исто револуционер. Христо Џолев се приклучил кон ВМОРО во 1901 година, како четник под водство на Христо Чернопеев. Потоа, тој станал раководител на револуциониот комитет во родното село, а од 1910 година, тој станал војвода во Струмичко.[2] По возобновувањето на ВМРО во 1919 година, тој повторно се вклучил во револуционерното дело, но бил фатен и лежел во српски затвор во Ниш.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Атанас Џолев – “Спомени”, „Премрежјата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., стр. 215
- ↑ Борис Ј. Николов: „Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник“, Софија, 2001, стр. 46