Хаски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хаски е генерален поим за повеќе раси на кучиња кои се користат како кучиња за влечење санки. Поради нивната јачина и издрживост, името хаски се користи многу често за спортски маскоти. Хаските биле примарно користени како кучиња за влечење санки во северните региони, но сега се чуваат и како миленичиња. Историски, зборот хаски е видоизменета варијанта на дерогативниот збор "ески", кој го користат инуитските племиња откриени од страна на Европјаните кои навлегле во нивните области.

Хаски се средни големи кучиња одгледани посебно за да преживеат во поларни услови. Во врска се со самојед и маламут.

Постојат два вида хаски - сибирски поголем и малку помали, Алјаска. И двете имаат сина или кафена боја на очи, а 20 проценти имаат сина и кафеава боја на очи.