Халди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Богот Халди. Еребуни, замок музеј. Ереван, Ерменија

Ḫaldi (dḪaldi, познат и како Khaldi)  бил еден од тројцата главни богови на Арарат (Урарту). Неговото светилиште се наоѓало во Ардини.

Останатите двајца главни богови биле Теиспас од Кумену и Шивини од Тушпа.[1]

Најмногу записи има за овој бог од сите божества на пантеонот на Арарат (Урарту). Негова сопруга била божицата Арубани. Насликан е како маж со или без брада, кој стои на лав.[citation needed]

Халди бил воинствен бог на кого му се молеле кралевите од Урарту за победа во битките. Храмовите посветени на Халди биле украсувани со оружје, па така мечеви, копја, лакови и стрели, како и штитови стоеле закачени по ѕидовите. Поради ова, храмовите биле нарекувани и „куќи на оружјето“.

References[уреди | уреди извор]

  1. Ernest René Lacheman, Martha A.
  • Piotrovsky, Boris B. (1969) The Ancient Civilization of Urartu: An Archaeological Adventure. Cowles Book Co. ISBN 0-214-66793-6