ХК Ѓургарден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хокеарскиот клуб Ѓургарден е професионален тим кој доаѓа од главниот град на Шведска, Стокхолм.

Моментално настапува во првата елитна хокеарска лига на Шведска. Ѓургарден е најуспешниот хокеарски тим во Шведска со вкупно 16 титули на првак на државата Шведска. Овој клуб бил и два пати првак во хокеј на стариот континент и тоа во 1991 и 1992 година. Хокеарскиот тим на Ѓургарден е дел од спортскиот колектив на екипата „Ѓургарден“.[1]

Најголемиот дел од своите натпревари тимот ги игра во "Ховет" арената со капацитет од 9.000 места. Поважните натпревари тимот ги игра во поголемата арена наречена „Глобен“ со капацитет од 13.850 места.

Во поновата историја клубот некаде во 2005 година влегол во големи финансиски проблеми. Поголемиот дел од играчите го напуштиле клубот. Сезоната тимот морал да ја заврши со младинската екипа. Сепак во таа 2005 година хокејарскиот тим на Ѓургарден успеал да остане во првата шведска хокеарска лига.

Во сезоната 2009/10 година тимот на Ѓургарден го освоил второто место во лигата. Во наредниот период, односно наредната година клубот по цели 35 години во елитата сепак ја напуштил првата лига по серија на големи неуспеси. Повторно тимот се враќа во првата лига во сезоната 2014/15.

Клупски успеси[уреди | уреди извор]

  •        национален првак 16 пати (1926 прв пат и 2001 година последен пат)
  •        Финалист (второ место) 6 пати (1979 прв пат и 2010 последен пат)
  •        Европски шампион 2 пати во 1991 и 1992 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „AHL: Nächster Italo-Club für die Alps Hockey League“ (германски). June 13, 2016. Архивирано од изворникот на 13 June 2016. Посетено на June 13, 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]