Фудбал за приjателство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фудбал за приjателство (англиски: Football for friendship) - е годишна меѓународна детска општествена програма имплементирана од ЈАД Гаспром. Целта на програмата е кај младата генерација да се култивираат важни вредности и интерес за здрав начин на живеење преку фудбалот.[1] Во рамките на програмата, играчи на фудбал на возраст од 12 години од различни земји[2] учествуваат во годишниот Меѓународен детски форум, Светскиот куп во „Фудбал за пријателство“ и Меѓународниот ден на фудбал и пријателство.[3] Програмата е поддржана од ФИФА, УЕФА, ООН, Олимпискиот и параолимпискиот комитет, влади и фудбалски федерации од разни држави, меѓународни хуманитарни организации, јавни организации, водечки светски фудбалски клубови[4]. Главен организатор на програмата е АГТ Kомјуникејшнс Груп (AGT Communications Group) (Русија).[5]

Историја [уреди | уреди извор]

„Фудбал за пријателство“ 2013[уреди | уреди извор]

Првиот Меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“ беше одржан на 25 мај 2013 год. во Лондон. Во него учествуваа 670 деца од 8 земји: Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Грција, Русија, Србија и Словенија. Русија беше претставена од 11 фудбалски екипи од 11 руски градови што ќе бидат домаќини на натпреварите од ФИФА Светскиот куп во 2018 год. Младинските екипи на клубовите Зенит, Челси, Шалке 04, Црвена ѕвезда, победници на детскиот ден на спортови на Гаспром и победници на фестивалот „Факел“, исто така учествуваа во форумот.[6]

За време на форумот, децата се дружеа со своите врсници од други земји и со славни фудбалери, и исто така, присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал за 2012/2013 на стадионот Вембли.[7]

Резултатот на овој форум беше едно отворено писмо во кое децата ги изразија осумте вредности на програмата: пријателство, еднаквост, правда, здравје, мир, преданост, победа и традиции. Подоцна, тоа писмо се испрати кај раководните лица на УЕФА, ФИФА и МОК. Во септември 2013 год, за време на средбата на Владимир Путин и Витали Мутко, Сеп Блатер потврди дека го прими писмото и изјави дека е подготвен да го поддржи проектот „Фудбал за пријателство“.[8]

„Фудбал за пријателство“ 2014[уреди | уреди извор]

Втората сезона на програмата Фудбал за пријателство се одржа во Лисабон од 23-25 мај 2014 год. и вклучи повеќе од 450 тинејџери од 16 земји: Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Хрватска. Младите фудбалери учествуваа во Меѓународниот форум „Фудбал за пријателство“, турнир во уличен фудбал и присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал за 2013/2014 година.[9]

Победникот на Меѓународниот турнир во уличен фудбал за 2014 год. беше младинската екипа на Бенфика (Португалија).

Резултат од втората сезона на програмата беше изборот на лидер на движењето „Фудбал за пријателство“. Беше избран Фелипе Суарез од Португалија. Во јуни 2014 год., како лидер на движењето, тој го посети деветтиот Меѓународен младински турнир, организиран во сеќавање на Јури Андрејевич Морозов.[10]

„Фудбал за пријателство“ 2015[уреди | уреди извор]

Третата сезона на меѓународната општествена програма „Фудбал за пријателство“ се одржа во јуни 2015 год. во Берлин. За првпат во програмата учествуваа млади учесници од азискиот континент, детските фудбалски екипи од Јапонија, Кина и Казахстан. Сè на сè, во третата сезона учествуваа младински екипи од 24 фудбалски клубови од 24 земји.[11]

Младите фудбалери се дружеа со своите врсници од други земји и со ѕвездите на светскиот фудбал, вклучувајќи го глобалниот амбасадор на програмата Франц Бекенбауер, и исто така, учествуваа во Меѓународниот турнир во уличен фудбал меѓу младинските екипи.[11]

Победникот на Меѓународниот турнир во уличен фудбал за 2015 год. беше младинската екипа на Рапид (Австрија).[11]

За настаните од третата сезона на програмата „Фудбал за пријателство“ известуваа околу 200 новинари од светски водечки публикации, како и 24 млади новинари од Европа и Азија, членови на Меѓународниот детски прес-центар.[11]

Кулминација во 2015 год. беше доделувањето на наградите од купот Девет вредности, во кој првата награда ја освои фудбалскиот клуб Барселона (Шпанија). Победникот го избраа децата, кои пред почетокот на Форумот учествуваа во глобално гласање што се одржа во сите 24 земји учеснички.[11]

На крајот на Форумот, сите учесници традиционално присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал 2014/2015 што се одржа во Олимпискиот стадион во Берлин.[11]

„Фудбал за пријателство“ 2016[уреди | уреди извор]

Почетокот на Меѓународната општествена детска програма „Фудбал за пријателство“ во 2016 год., се обележи со онлајн прес-конференција преку Hangout и се одржа на 24 март во Минхен со учество во програмата на глобалниот амбасадор Франц Бекенбауер.[12]

Во четвртата сезона на програмата се приклучија 8 нови младински екипи од Азербејџан, Алжир, Аргентина, Бразил, Виетнам, Ерменија, Киргистан и Сирија, со што вкупниот број на земји учеснички се зголеми на 32.[13]

На 5 април 2016 год. започна гласањето за уникатниот трофеј и отпочна купот „Девет вредности“. Навивачи од целиот свет учествуваа во изборот на победникот, но крајната одлука ја донесоа учесниците на програмата „Фудбал за пријателство“ со гласање. Купот го освои фудбалскиот клуб Баерн (Минхен). Учесниците во „Фудбал за пријателство“ ги истакнаа активностите на клубот за поддршка на децата со посебни потреби, како и иницијативите да се обезбеди третман за деца во разни земји и помош на оние на коишто им е потребна.[14]

Четвртиот меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“ и финалниот натпревар на детскиот меѓународен турнир во уличен фудбал се одржа од 27-28 мај 2016 год. во Милано.  Победник на турнирот беше екипата Марибор од Словенија. На крајот на форумот, учесниците традиционално присуствуваа на финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампиони во фудбал. Настаните на форумот ги следеа повеќе од 200 новинари од водечки светски медиуми, како и Детскиот меѓународен прес-центар, што вклучуваше млади новинари од земјите учеснички.[15]

Во четвртата сезона на „Фудбал за пријателство“ учествуваа и млади фудбалери од сирискиот клуб Ал-Вахда, што беше без преседан. Вклучувањето на сириската екипа во програмата на учесници и посетата на сириските деца на настаните во Милано, беа еден важен чекор кон надминување на хуманитарната изолација на земјата. Арапската спортска редакција на Меѓународниот телевизиски канал „Русија денес“, со поддршка на Сириската фудбалска федерација, сними документарен филм „Три дена без војна“ за децата што учествуваа во проектот. На 14 септември 2016 год., повеќе од 7.000 луѓе ја посетија премиерата на филмот во Дамаск.[16]

„Фудбал за пријателство“ 2017[уреди | уреди извор]

Местото каде што се одржа меѓународниот детски општествен проект „Фудбал за пријателство“ во 2017 год. беше Санкт Петербург (Русија) и финалните настани се одржаа таму од 26 јуни до 3 јули.[17]

Во 2017 год. бројот на земји учеснички се зголеми од 32 на 64. За првпат, во програмата „Фудбал за пријателство“ учествуваа деца од Мексико и Соединетите Американски Држави. Така, проектот зближи млади играчи од четири континенти - Африка, Евроазија, Северна Америка и Јужна Америка.[18]

Во петтата сезона програмата беше имплементирана со еден сосема нов концепт: од секоја земја се одбира еден млад фудбалер што ќе ја претставува. Децата се обединија во осум Меѓународни пријателски екипи, формирани од 12-годишни момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби.[19]

Составот на екипите и позициите во играта на претставниците од земјите учеснички се одредија со јавно извлекување. Извлекувањето се одржа преку интернетска конференција. На чело на осумте Пријателски екипи се наоѓаа младите тренери: Рене Ламперт (Словенија), Стефан Максимовиќ (Србија), Брендон Шабани (Велика Британија), Чарли Су (Кина), Анатоли Чентулојев (Русија) Богдан Кролевецки (Русија), Антон Иванов (Русија), Ема Хеншен (Холандија). Лилија Мацумото (Јапонија), претставник на меѓународниот прес-центар на „Фудбал за пријателство“, исто така учествуваше во извлекувањето.[20]

Победникот на Светскиот куп „Фудбал за пријателство“ за 2017 год. беше „портокаловата“ екипа што вклучуваше млад тренер и млади фудбалери од девет земји: Рене Ламперт (Словенија), Хонг Јун Марвин Туе (Сингапур), Пол Пуиг Монтана Првиот (Шпанија), Габриел Мендоза (Боливија), Раван Казимов (Азербејџан), Крисимир Станимиров Станчев (Бугарија), Иван Агустин Каско (Аргентина), Роман Хорак (Чешка Република), Хамза Јусуф Нури Алхават (Либија).[20]

На меѓународниот детски форум присуствуваше Виктор Зубков (претседател на Одборот на директори на ЈАД Гаспром), Фатма Самура (Генерален секретар на ФИФА), Филип ле Флок (Главен комерцијален директор на ФИФА), Хулио Баптиста (бразилски фудбалер), Иван Заморано (чилеански фудбалски стрелец), Александер Керзахов (руски фудбалер) и други гости, кои повикаа на промоција на клучните човечки вредности меѓу помладата генерација.[21]

Во 2017 год. проектот зближи повеќе од 600.000 луѓе и повеќе од 1.000 деца и возрасни од 64 земји присуствуваа на финалните настани во Санкт Петербург.[22]

„Фудбал за пријателство“ 2018[уреди | уреди извор]

Во 2018 год., се одлучи шестата сезона од програмата Фудбал за пријателство да се одржи од 15-ти февруари до 15-ти јуни. Завршните настани се одржаа во Москва, непосредно пред Светското првенство на ФИФА, 2018. Учесниците во програмата беа млади фудбалери и новинари кои претставуваа 211 држави и региони од светот.[23] Официјалниот почеток на програмата во 2018 започна со отворена жрепка во живо, според која се оформија 32 меѓународни тимови за пријателство.

Преку солидаризирање со мисијата за животната средина, меѓународните тимови за пријателство од 2018 ги добија своите имиња по ретки и загрозени видови на животни.

Меѓународни тимови за пријателство од програмата Фудбал за пријателство од 2018

African Elephant

Komodo Dragon Kipunji

Big Turtle

Dama Gazelle

Cheetah

Rhinoceros

Angel Shark

Polar Bear

Lemur

Grizzly Bear

Whale Shark

Three-Toed Sloth

King Cobra

Chimpanzee

Gharial

Western Gorilla

Imperial Woodpecker

Saiga

Blond Capuchin

Koala

Siberian Tiger

Grévy's Zebra

Orangutan

Giant Panda

Magellanic Penguin

Rothschild's Giraffe

Humpback Whale

African Wild Dog

Lion

Hippopotamus

Galápagos Sea Lion

Исто така, во рамки на мисијата за животната средина, меѓународната кампања Хепи баз, која ја охрабрува заедницата да ги поддржи организациите за заштита на загрозените видови, започна на 30-ти мај, 2018. Национални паркови и резервати од Русија, САД, Непал и Велика Британија.[24]

ѝ се придужија на кампањата. Воедно, за време на завршните настани од програмата Фудбал за пријателство во Москва, учесниците патуваа со еколошки афтобуси на природен гас.[25]

1. Државна заедница Австралија

2. Република Австрија

3. Република Азербејџан

4. Народна Демократска Република Алжир

5. Американски Девствени Острови

6. Американска Самоа

7. Ангвила

8. Антигва и Барбуда

9. Арапска Република Египет

10. Аргентинска Република

11. Аруба

12. Барбадос

13. Белиз

14. Бермудски Острови

15. Боливарска Република Венецуела

16. Босна и Херцеговина

17. Британски Девствени Острови

18. Буркина Фасо

19. Војводство Луксембург

20. Унгарија

21. Источна Република Уругвај

22. Габонска Република

23. Република Гвинеја

24. Гибралтар

25. Држава Брунеј

26. Израел

27. Катар

28. Држава Кувајт

29. Држава Либија

30. Палестина

31. Гренада

32. Република Грција

33. Грузија

34. Демократска Република Источен Тимор

35. Демократска Република Конго

36. Демократска Република Сао Томе и Принсипе

37. Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка

38. Доминиканска Република

39. Хашемитско Кралство Јордан

40. Исламска Република Авганистан

41. Исламска Република Иран

42. Исламска Република Мавританија

43. Република Италија

44. Република Јемен

45. Кајмански Острови

46. Канада

47. Народна Република Кина

48. Република Кина-Тајван

49. Кнежевство Андора

50. Кнежевство Лихтенштајн

51. Кооперативна Република Гвајана

52. Народна Република Кореја

53. Кралство Бахреин

54. Кралство Белгија

55. Кралство Бутан

56. Кралство Данска

57. Кралство Шпанија

58. Кралство Камбоџа

59. Кралство Лесото

60. Кралство Мароко

61. Кралство Холандија

62. Кралство Норвешка

63. Кралство Саудиска Арабија

64. Кралство Свазиленд

65. Кралство Тајланд

66. Кралство Тонга

67. Кралство Шведска

68. Киргиска Република

69. Курасао

70. Лаошка Народна Демократска Република

71. Република Латвија

72. Република Либан

73. Република Литванија

74. Малезија

75. Република Малдиви

76. Обединети Мексикански Држави

77. Повеќенационална Држава Боливија

78. Монголија

79. Монтсерат

80. Народна Република Бангладеш

81. Независна Држава Папуа Нова Гвинеја

82. Независна Држава Самоа

83. Нов Зеланд

84. Нова Каледонија

85. Обединета Република Танзанија

86. Обединети Арапски Емирати

87. Кукови Острови

88. Туркс и Кајкос

89. Република Албанија

90. Република Ангола

91. Република Ерменија

92. Република Беларус

93. Република Бенин

94. Република Бугарија

95. Република Боцвана

96. Република Бурунди

97. Република Вануату

98. Република Хаити

99. Република Гамбиа

100. Република Гана

101. Република Гватемала

102. Република Гвинеја Бисао

103. Република Хондурас

104. Република Џибути

105. Република Замбија

106. Република Зимбабве

107. Република Индија

108. Република Индонезија

109. Република Ирак

110. Република Ирска

111. Република Исланд

112. Република Казахстан

113. Република Кенија

114. Република Кипар

115. Република Колумбија

116. Република Конго

117. Република Кореја

118. Република Косово

119. Република Костарика

120. Брег на Слоновата Коска

121. Република Куба

122. Република Либерија

123. Република Маврициус

124. Република Мадагаскар

125. Република Македонија

126. Република Малави

127. Република Мали

128. Република Малта

129. Република Мозамбик

130. Република Молдавија

131. Република Намибија

132. Република Нигер

133. Република Никарагва

134. Република Зелен ’Рт

135. Исламска Република Пакистан

136. Република Панама

137. Република Парагвај

138. Република Перу

139. Република Полска

140. Португалска Република

141. Република Руанда

142. Република Сан Марино

143. Република Сејшели

144. Република Сенегал

145. Република Србија

146. Република Сингапур

147. Република Словенија

148. Република Унија Мјанмар

149. Република Судан

150. Република Суринам

151. Република Сиера Леоне

152. Република Таџикистан

153. Република Тринидад и Тобаго

154. Република Туркменистан

155. Република Уганда

156. Република Узбекистан

157. Република Фиџи

158. Република Филипини

159. Република Хрватска

160. Република Чад

161. Република Црна Гора

162. Република Чиле

163. Република Еквадор

164. Република Екваторска Гвинеја

165. Република Ел Салвадор

166. Република Јужен Судан

167. Република Камерун

168. Руска Федерација

169. Романија

170. Хонгконг - специјален административен регион на Народна Република Кина

171. Државна заедница Порторико

172. Северна Ирска

173. Свети Винцент и Гренадини

174. Света Луција

175. Сириска Арапска Република

176. Република Словачка

177. Државна Заедница Бахами

178. Државна Заедница Доминика

179. Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

180. Соединети Американски Држави

181. Соломонски Острови

182. Социјалистичка Република Виетнам

183. Коморски Острови

184. Макао - посебен административен регион на Народна Република Кина

185. Султанат Оман

186. Тахити

187. Гуам

188. Тогоанска Република

189. Република Тунис

190. Република Турција

191. Украина

192. Велс

193. Фарски Острови

194. Сојузна Демократска Република Непал

195. Федеративна Република Бразил

196. Федеративна Република Бразил

197. Сојузна Република Германија

198. Сојузна Република Нигерија

199. Сојузна Република Сомалија

200. Федерација Свети Кристофер и Невис

201. Република Финска

202. Република Франција

203. Централна Африканска Република

204. Чешка Република

205. Швајцарска Конфедерација

206. Шкотска

207. Еритреја

208. Република Естонија

209. Република Јужна Африка

210. Јамајка

211. Јапонија

32 меѓународни пријателски тимови земаа учество во светското првенстов Фудбал за пријателство 2018. За првпат во историјата на програмата, финалниот натпревар го коментираше млад коментатор од Сирија[26], Јазан Таха, а го судеше млад судија од Русија, Богдан Баталин[27].

Победник на светското првенство Фубал за пријателство 2018 беше тимот „Шимпанзи“, составен од млади играчи од Доминика, Свети Кристофер и Невис, Малави, Колумбија, Бенин и Демократска Република Конго. Тренер на тимот беше Владислав Полиаков[28], млад учесник од Саранск, Русија.

Завршниот настан од шестата сезона од програмата беше меѓународниот детски форум Фудбал за пријателство 2019, одржан на 13-ти јуни во Центарот за океанографија и морска биологија „Москвариум“. Форумот го посетија Виктор Зубков (претседавач на одборот на директори на компанијата Газпром), Олга Голодец (заменик претседател на владата на Руската Федерација), Икер Касиљас (шпански фудбалер, поранешен капитен на репрезентацијата на Шпанија), Александар Кержаков (руски фудбалер, тренер на младинската репрезентација на Русија), како и претставници од 54 амбасади од целиот свет и други гости[29]

За време на форумот, беа наградени најдобрите млади играчи од шестата сезона. Део Каленга Мвензе од Демократксата Република Конго (најдобар напаѓач), Јамиру Оуру од Бенин (најдобар играч од средниот ред), Иван Волинкин од Велс (најдобар голман) и Густаво Синтра Роша од Бразил (МВП)[30].

Сакали Аценсион од Аруба стана најдобрата млада новинарка на програмата Фудбал за пријателство 2018. Таа води блог кој ги охрабрува младите од Океанија да станат посвесни за околината[31].

Форумот, исто така, беше домаќин на презентацијата и потпишувањето на книгата на претходниот учесник на сесијата, Анања Камбој[32] од Индија. Анања е автор на книгата „Мојот пат од Мохали до Сент Петерсбург“, по петтата сезона од Фудбал за пријателство 2017, кадешто го опишува нејзиното искуство како млада новинарка. Таму, таа ги напиша деветте вредности на програмата, коишто помагаат светот да се промени на подобро.

На 14-ти јуни, по меѓународниот форум Фудбал за пријателство 2018, младите играчи и новинари земаа учество во отворањето на ФИФА Светското првенство во Русија, 2018. На стадионот „Лужники“, децата свечено ги кренаа знамињата на сите 211 држави и региони, кои учествуваа во програмата таа година[33]. Потоа, младите учесници на Фудбал за пријателство, го гледаа првиот натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го покани рускиот млад амбасадор на Фудбал за пријателство во неговата ложа, заедно да го гледаат првиот натпревар. Таму, младите имаа можност да разговараат со освојувачот на светското првенство од Бразил, Роберто Карлос и шпанскиот фудбалер Икер Касиљас[34].

Повеќе од 1500 деца и млади од 211 држави и региони, станаа учесници на завршните настани одржани во Москва. За време на шестата сезона, се одржаа вкупно 180 настани со повеќе од 240,000 млади учесници [93] во разни региони од светото. Во 2018 год., претставници на владите го поддржаа проектот. Олга Голодец им го прочита на учесниците и гостите на меѓународниот детски форум, воведниот говор на рускиот Претседател Владимир Путин[35]. Претседателот на владата на Руската Федерација, Дмитри Медведев, испрати телеграма за добредојде на учесниците и гостите на шестиот меѓународен детски форум Фудбал за пријателство.

За време на брифингот од 23-ти мај, официјалниот претставник на руската МИА, Марија Захарова напомена дека светската заедница ја препознава програмата Фудбал за пријателство како важен хуманитарен дел од меѓународната општествена политика на Русија[36].

ФИФА традиционално ја поддржа програмата Фудбал за пријателство. Организацијата забележа дека вкупниот број на учесници и гости на завршниот настан во Москва изнесуваше 5,000 луѓе[37].

„Фудбал за пријателство“ 2019[уреди | уреди извор]

Во 2019, главните настани од седмата сезона на програмата Фудбал за пријателство ќе се одржат во Мадрид од 28-ми мај до 2-ро јуни. Традиционално, составот на мешани тимови - меѓународни пријателски тимови - ќе се одредат за време на отворената жрепка.  Како и во 2018 г., тимовите беа именувани по ретки и загрозени животински видови.[38]

Еден од главните настани од седмата сезона, повторно ќе биде меѓународниот форум Фудбал за пријателство. Форумот 2019 ќе стане подлога за конструктивни дијалози и размена на искуства меѓу фудбалерите, политичарите и претставниците на јавните и спортските организации. Форумот е посветен на развојот на детскиот и младинскиот фудбал во целиот свет.[38]

Светски шампионат „Фудбал за пријателство“[уреди | уреди извор]

Меѓународниот детски фудбалски турнир се одржува во рамките на програмата „Фудбал за пријателство“. Екипите што учествуваат во шампионатот, Пријателските екипи, се формираат со отворено извлекување. Екипите се организирани по принципот на „Фудбал за пријателство“: спортисти од различна националност, пол и физички способности играат во истата екипа.[39]

Меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“[уреди | уреди извор]

На годишниот Меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“, младите учесници во проектот, заедно со возрасните, дискутираат за промоцијата и развојот на вредностите на програмата низ целиот свет. За време на Форумот, децата се запознаваат и разговараат со нивните врсници од други земји, славни фудбалери, новинари и јавни лица, а исто така, стануваат млади амбасадори кои во иднина ќе продолжат независно да ги промовираат универзалните вредности меѓу своите врсници.[40]

Меѓународен детски прес-центар[уреди | уреди извор]

Посебна одлика на програмата „Фудбал за пријателство“ е тоа што има сопствен Меѓународен детски прес-центар. Тој за првпат беше организиран во рамките на програмата „Фудбал за пријателство“ во 2014 год. Младите новинари од прес-центарот известуваат за настаните од програмата во нивните земји: подготвуваат вести за национални и меѓународни спортски медиуми, учествуваат во создавањето материјал за ТВ-каналот „Фудбал за пријателство“, за детскиот весник на „Фудбал за пријателство“ и за официјалната радиостаница на програмата. Меѓународниот детски прес-центар ги обединува победниците на националните натпревари за Најдобар млад новинар, млади блогери, фотографи и писатели. Младите новинари од прес-центарот ги преставуваат своите гледишта во рамките на програмата, имплементирајќи го форматот „децата за децата“.[41]

Меѓународен ден на фудбал и пријателство[уреди | уреди извор]

Во рамките на програмата Фудбал за пријателство, на 25 април се слави Меѓународниот ден на фудбалот и пријателството. Овој празник првпат се славеше во 2014 год. во 16 земји. На овој ден се одржаа пријателски натпревари, флеш-мобови, радиомаратони, мастер-класови, ТВ-емисии, отворени сесии за тренинг итн. Во прославата зедоа учество повеќе од 50.000 учесници.[42]

Во 2015 год., во 24 земји се прослави Денот на фудбалот и пријателството. За време на фестивалот, се играа пријателски фудбалски натпревари и беа организирани други настани. Во Германија, фудбалерите на Шалке 04 одржаа отворена сесија за тренинг, во Србија се емитуваше ТВ-емисија, во Украина се одржа меч меѓу младинските екипи на ФК Волин и децата регистрирани во Центарот за социјални услуги за семејства, деца и младинци на градот Луцк.[43]

Во Русија, Денот на фудбалот и пријателството се прослави на 25 април во 11 градови. Пријателски натпревари се одиграа во Владивосток, Новосибирск, Екатеринбург, Краснојарск, Барнаул, Санкт Петербург и Саранск, како потсетник за клучните вредности на програмата. Во Краснојарск, Сочи и Ростов на Дон, се одржа „Штафетна трка за пријателство“ со учество на учесниците во штафетната трка на Олимписките игри во 2014 год. Во Москва, со поддршка на Спортската федерација на слепите лица, се организира „Турнир за еднакви можности“. На 5 мај, Денот на фудбалот и пријателството се прослави во Нижни Новгород и Казан.[9]

Во 2016 год., Денот на фудбалот и пријателството се прослави во 32 земји. Во Русија, се прослави во девет градови: Москва, Санкт Петербург, Новосибирск, Барнаул, Биробиџан, Иркутск, Краснодар, Нижни Новгород и Ростов на Дон. Нижни Новгород беше домаќин на пријателски натпревар на младите фудбалери од ФК Волга, а возрасните играчи од клубот го водеа загревањето и тренингот на децата. На пријателски натпревар во Новосибирск, децата со посебни потреби учествуваа во регионалната екипа на Новосибирск, Јермак-Сибир.[14]

Во 2017 год. Денот на фудбалот и пријателството се прослави во 64 земји. Славни фудбалери, вклучувајќи го српскиот голман Бранислав Ивановиќ и холандскиот стрелец Дирк Кјут, зедоа учество во настани низ светот. Во Грција, на настанот учествуваше Теодорас Загоракис, освојувач на Европскиот фудбалски шампионат во 2004 год. со националната екипа на неговата земја. Во Русија, ФК Зенит беше домаќин на специјална тренинг-сесија за Захар Бадјук, младиот Амбасадор на програмата „Фудбал за пријателство“ во 2017 год. На тренингот, голманот на ФК Зенит Јури Лодигин, високо ги оцени способностите на Захар и со него сподели тајни за професијата.[19]

Деветте вредности на Фудбал за пријателство[уреди | уреди извор]

За време на првиот меѓународен детски форум одржан на 25-ти мај, 2013 г., младите амбасадори од Велика Британија, Германија, Словенија, Унгарија, Србија, Бугарија, Грција и Русија ги осмислија првите осум вредност на програмата - пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа и традиции - коишто ги претставија во отворено писмо. Писмото го испратија до шефовите на меѓународните спортски организации: Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и Меѓународниот олимписки комитет. Во септември, 2013 г., Јосеф Блатер, за време на состанокот со Владимир Путин, Витали Мутко, потврди дека го примил писмото и изјави дека е подготвен да ја поддржи програмата Фудбал за пријателство[11].

Во 2015 г., на програмата Фудбал за пријателство ѝ се придужија учесници од Кина, Јапонија и Казахстан, и ја предложија деветтата вредност - чест[44].

Куп Девет вредности[уреди | уреди извор]

Купот Девет вредности е награда на Меѓународната детска општествена програма „Фудбал за пријателство“. Секоја година купот се доделува за најголемата посветеност кон вредностите на проектот: пријателството, еднаквоста, правдата, здравјето, мирот, преданоста, победата, традицијата и честа. Навивачи од цел свет учествуваат во изборот на победникот, но, крајната одлука ја носат учесниците во проектот „Фудбал за пријателство“ со гласање. Фудбалски клубови што го освоиле Купот Девет вредности се: Барселона (2015), Баерн Минхен (2016), Ал-Вахда (специјална награда), Реал Мадрид (2017).[45]

Белезица за пријателство[уреди | уреди извор]

Сите активности во програмата „Фудбал за пријателство“ почнуваат со размена на Белезиците за пријателство, симбол на еднаквост и здрав начин на живеење. Белезицата се состои од две врвки со сина и зелена боја и може да ја носи секој што ги споделува вредностите на програмата.[46]

Според Франц Бекенбауер

„Симболот на движењето е двобојна белезица, едноставна и јасна како и вредностите својствени за програмата „Фудбал за пријателство““.

Младите учесници во програмата ги врзаа белезиците за пријателство на зглобовите на славните спортисти и јавни лица, меѓу кои и: Дик Адвокаат, Анатоли Тимошчук и Луис Нету, Франц Бекенбауер, Луис Фернандев, Дидие Дрогба, Макс Мејер, Фатма Самура, Леон Горецка, Доменико Кришито, Мишел Салгадо, Александар Керзаков, Димас Пирос, Миодраг Божовиќ, Аделина Сотникова, Јури Каменец.[46]

Активности на учесниците помеѓу сезони[уреди | уреди извор]

Младите фудбалери од програмата „Фудбал за пријателство“ учествуваат во разни настани надвор од официјалната сезона. Во мај 2013 год., играчи од младинскиот клуб Марибор (Словенија) одржаа хуманитарен пријателски натпревар со деца од Камбоџа[47]. На 14 септември 2014 год. во Сочи, руските учесници во програмата разговараа со Владимир Путин во тек на средбата на Претседателот на Руската Федерација со Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Во јуни 2014 год., францускиот претседател Франсоа Оланд ја покани екипата Таверни, членка на програмата „Фудбал за пријателство“ во Елисејската палата за да го гледаат заедно натпреварот на ФИФА Светскиот куп во 2014 год. меѓу Франција и Нигерија. Во април 2016 год., Јури Вашчук, амбасадор на програмата „Фудбал за пријателство“ во 2015 год., се сретна со најсилниот човек на Белорусија, Кирил Шимко и младите фудбалери на ФК БАТЕ за да го споделат нивното искуство од учеството во проектот. Јури Вашчук му даде на Кирил Шимко симболична Белезица за пријателство, со што му ја предаде палката за промоција на идеалите на проектот: пријателство, правда, здрав начин на живеење.[48]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Програмата „Фудбал за пријателство“ освои разни натпревари и е носител на голем број руски и меѓународни награди. Меѓу нив се: „Најдобри општествени проекти на Русија“ во категоријата „Развој на меѓународна соработка“, наградата на Меѓународна асоцијација на деловни комуникатори (IABC) „Gold Quill“ во категоријата „Корпоративна општествена одговорност“ (2016 год.) наградата „Saber“ во категоријата „Најдобар општествен проект на планетата“ (2016 год.), наградата на „Drum Social Buzz“ во категоријата „Најдобра меѓународна стратегија“ (2017 год.)[49], меѓународните награди за иновативни дигитални маркетиншки решенија на списанието „The Internationalist“ во категоријата „Најдобра медиумска стратегија“ (2017 год.)[50], „Сребрен стрелец“ во категоријата „Најдобар општествен проект на Русија“ (2018 год.) и Големата награда „Сребрен стрелец“ (2018 год.).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Football For Friendship project returns“, „www.sportindustry.biz“, 30 март 2016. (на en)
  2. „Gazprom’s “Football for friendship 2014” | InSerbia Today“. inserbia.info (en-US). конс. 2018-04-21. 
  3. „Europe and Asia to Meet Within Football for Friendship International Children's Social Project of Gazprom“. www.newswire.ca. конс. 2018-04-21. 
  4. "Футбол для дружбы" 2018: объявлены имена участников программы от России!“. www.sport-express.ru. 2018-04-25. конс. 2019-04-13. 
  5. center, The International Children's Social FOOTBALL FOR FRIENDSHIP project press. „Young Football Players From 24 Countries of Europe and Asia Meet at Third International Children's Football for Friendship Forum“. www.prnewswire.com. конс. 2018-04-21. 
  6. Franz Beckenbauer Kicks Off Gazprom’s ‘Football for Friendship’ Campa…“, „archive.is“, 24 април 2016.
  7. ntv.ru. „В Москве подвели итоги детского форума «Футбол для дружбы»“. НТВ. конс. 2018-04-21. 
  8. „Vladimir Putin und FIFA-Präsident Joseph S. Blatte bei “Football for Friendship” | Service - Epoch Times“. 2015-05-22. конс. 2018-04-21. 
  9. 9,0 9,1 Football for Friendship: Teaching values through football“, „euronews“, 27 мај 2014. (на en)
  10. Oltre 450 ragazzi riuniti da Gazprom in occasione del Secondo Forum Internazionale FOOTBALL FOR FRIENDSHIP - Lazionews.eu“, „Lazionews.eu“, 27 мај 2014. (на it-IT)
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 center, The International Children's Social FOOTBALL FOR FRIENDSHIP project press. „Young Football Players From 24 Countries of Europe and Asia Meet at Third International Children's Football for Friendship Forum“. www.prnewswire.com. конс. 2018-04-21. 
  12. Lawless, Matt. „Bayern Munich legend Franz Beckenbauer reveals he's a Barcelona fan“, „mirror“, 5 април 2016.
  13. „Football For Friendship project returns | www.sportindustry.co.za“. www.sportindustry.co.za. конс. 2018-04-21. 
  14. 14,0 14,1 Mosko, Alexey. „Gazprom brings soccer-crazy kids to Milan for UEFA Champions League final“, 1 јуни 2016. (на en-US)
  15. center, International Children's Social FOOTBALL FOR FRIENDSHIP programme press. „Fourth International FOOTBALL FOR FRIENDSHIP Forum Brings Together Young Footballers from Three Continents“. www.prnewswire.co.uk. конс. 2018-04-21. 
  16. Football for Friendship: Syrian youth team make tournament debut in Milan“, „euronews“, 31 мај 2016. (на en)
  17. „(no title)“. Windsor Star (en-US). конс. 2018-04-21. 
  18. „Fifth Season of Gazprom's Football for Friendship International Children's Project Launched | Daily Herald“. finance.dailyherald.com (en-US). конс. 2018-04-21. 
  19. 19,0 19,1 „News Story“. www.merrilledge.com. конс. 2018-04-21. 
  20. 20,0 20,1 „Fifth Season of Gazprom#s Football for Friendship International Children#s“. www.newswit.com. конс. 2018-04-21. 
  21. Football brings kids together“, „euronews“, 6 јули 2017. (на en)
  22. 12-year-old S'porean boy wins global football tournament in Russia - Stomp“, „Stomp“, 5 јули 2017. (на en)
  23. This time a defender from Bangladesh“, „The Daily Star“, 4 март 2018. (на en)
  24. AfricaNews. „Football for Friendship draw held ahead of the 2018 World Cup | Africanews“, „Africanews“. (на en)
  25. „Газпром Футбол F4F News-Detail“. www.gazprom-football.com. конс. 2019-04-13. 
  26. „Шикарный футбол, крепкая дружба!“. Советский спорт (Russian). конс. 2019-04-13. 
  27. „Их подружил футбол“. Советский спорт (Russian). конс. 2019-04-13. 
  28. „Юный тренер из России стал чемпионом мира по "Футболу для дружбы". www.sport-express.ru. 2018-06-13. конс. 2019-04-13. 
  29. „Море счастья, дружбы и футбола!“. www.sport-express.ru. 2018-06-29. конс. 2019-04-13. 
  30. „Шикарный футбол, крепкая дружба!“. Советский спорт (Russian). конс. 2019-04-13. 
  31. „Шикарный футбол, крепкая дружба!“. Советский спорт (Russian). конс. 2019-04-13. 
  32. „Море счастья, дружбы и футбола!“. www.sport-express.ru. 2018-06-29. конс. 2019-04-13. 
  33. „Юные послы "Футбола для дружбы" приняли участие в церемонии открытия ЧМ-2018“. Спорт РИА Новости (Russian). 20180615T2036+0300Z. конс. 2019-04-13. 
  34. „Юный посол "Футбола для дружбы" встретился с президентом России на ЧМ в Москве“. www.sport-express.ru. 2018-06-21. конс. 2019-04-13. 
  35. „Участникам и гостям Международного детского форума «Футбол для дружбы»“. government.ru (Russian). конс. 2019-04-13. 
  36. „Брифинг официального представителя МИД России М.В.Захаровой, Москва, 23 мая 2018 года“. www.mid.ru (ru-RU). конс. 2019-04-13. 
  37. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - News - 211 countries and regions take part in the Sixth International Football for Friendship Children’s Forum - FIFA.com“. www.fifa.com (en-GB). конс. 2019-04-13. 
  38. 38,0 38,1 „Сегодня стартует седьмой сезон социальной программы «Футбол для дружбы»“. www.championat.com (Russian). конс. 2019-04-13. 
  39. Mosko, Alexey. „Big football for little Europeans“, 30 мај 2014. (на en-US)
  40. „Van Luyken - Nieuws“. www.vanluyken.nl. конс. 2018-04-21. 
  41. „For Friendlies Football Scope Young Reporter Competition to be held“. www.habermonitor.com. конс. 2018-04-21. 
  42. Hills, David (2015-04-25). „Said & Done: David Cameron; Sepp in Sochi; and how to say sorry like you mean it“. the Guardian. конс. 2018-04-21. 
  43. Gazdyuk, Pavel. „The International Day of Football and Friendship“, 13 мај 2015. (на en-US)
  44. User, Super. „В рамках программы «Футбол для дружбы» учрежден Кубок «Девяти ценностей»“. www.joblenobl.ru (ru-ru). конс. 2019-04-13. 
  45. F4F “Nine values cup” 2017 goes to Real Madrid“, „euronews“, 17 јули 2017. (на en)
  46. 46,0 46,1 Hills, David (2015-04-25). „Said & Done: David Cameron; Sepp in Sochi; and how to say sorry like you mean it“. the Guardian. конс. 2018-04-21. 
  47. "Футбол для дружбы" шагает по планете“. РБК. конс. 2018-04-21. 
  48. Mondial 2014. Hollande invite deux clubs amateurs à l'Elysée pour France-Nigéria“, „leparisien.fr“, 28 јуни. (на fr-FR)
  49. t.akulov_63369. „How to make kids voices to be heard globally?“, „The Drum Awards“, 31 август 2017. (на en)
  50. „Internationalists Awards for Innovative Digital Solutions 2017“. www.internationalist-awards.com. конс. 2018-04-21.