Фратар Јулијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патувањето на Јулијан
Мапа на територијата меѓу реките Волга и Кама

Брат Јулијан (унг. Julianus barát), бил еден од групата фратри од доминиканскиот ред, кои во 1235 година тргнале од Унгарија да ги пронајдат остатоците на источната татковина.

После многу дена патување, Јулијан со групата стигнал до главниот град на Бугарска Волга[1] кој се наоѓал меѓу реката Волга и меѓу реката Кама на теритрија на денешните руски републики Татарстан и Чувашија, каде што му рекле дека Унгарците се наоѓаат на два дена пат од тука.

Јулијан ги нашол, а тоа биле Унгарците кои заминале за Панонија во 9 век. Јазикот не им се изменил многу, па затоа Јулијан можел без проблем да разговара со нив. Јулијан ова место го нарекол Магна Унгарија (лат. Magna Hungaria), или Голема Унгарија.

Таму Јулијан слушал за лошите Татари кои биле непријатели на источните Унгарци и Бугари. Две години после првото патување повторно заминал на истото место, но наишол само на опустошени предели од страна на Моголците. Се вратил во Унгарија и ја пренел веста за големата опасност која доаѓа од исток како и за изгубената комуникација со источните Унгарци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бивша држава која постоела меѓу 7 и 13 век