Фоторефрактивна кератектомија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фоторефрактивна кератектомија
Медицинска процедура
ICD-9-CM11

Фоторефрактивна кератектомија (PRK) и ласер-асистирана субепителијална кератектомија (LASEK) се ласерски хируршки процедури на окото со кои се врши корекција на диоптрија, со што се отстранува зависноста од очила или контактни леќи. LASEK и PRK трајно го менуваат обликот на предниот централен дел на рожницата со употреба на ексајмер ласер со кој се врши аблација (отстранување со испарување) на мала количина на ткиво од стромата на рожницата, која се наоѓа под епителот на рожницата. Пред да се изврши аблацијата се отстранува надворешниот слој на рожницата.