Физикална терапија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Физикална терапија
Медицинска процедура
Воени физиотерапевти кои работат со пациенти со балансирани проблеми, ортопедски, ампутaции, Испитување на сила на мускулите , флексибилност, заеднички опсег на движење и рамнотежа.
ICD-9-CM93.0-93.3
MeSHD026761
Други кодови:{{{OtherCodes}}}

Физикална терапија (PT) - исто така познато како физиотерапија, е  здравствено занимање кои, со користење на механички сили и движења [Био-механика или Кинезитологија ], Мануелна терапија, вежби терапија, електро-терапија, лекува оштетувања и да промовира подвижност и функција. Физикалната терапија се користи за подобрување на пациентот квалитетот на живот преку преглед, дијагноза, и физикална интервенција. Тоа се врши од страна на физикални терапевти (познати како физиотерапевти во многу други земји).

Во прилог е клиничка пракса, други активности опфатени во физикалната професија вклучуваат истражување, едукација, консултации, и администрација. Физикалните услуги може да бидат обезбедени како основна нега, третман или заедно, или во врска со, други медицински услуги.

Физикална терапија е квалификуванa интервенција која се фокусира првенствено, но не исклучиво, на ослободување на телото од болка, контрактури, спазми и згрчувања, или пак работи на подобрување на мускулниот тонус и јакнење на мускулатурата како и создавање на правилни обрасци на движење кај деца кои имаат потреба од тоа. Физикалната терапија промовира тип на лекување кој се фокусира на враќање на функцијата на телото и соодветните движења, како и олеснување и адаптација при недостатоци поврзани со повреда на телото или мозокот, или други типови на инвалидност

Педијатриската физикална терапија им помага на децата да научат успешно и независно вршење на грубите моторни вештини (лазење, одење, седење, трчање, скокање, подрипнување итн) како и функционални способности кои ја олеснуваат подвижноста (качување скали, користење на инвалидска количка, зависна подвижност, соодветни трансфери итн). Типот на интервенција и третман се создаде према поединечните потреби на детето врз основа на неговата клиничка слика и вклучува: развојни активности, терапевтски вежби, рамнотежа и координација, адаптивни игри и активности, обука за подвижност, безбедност и заштита од повреди, односно една севкупна програма и активности за унапредување на целокупната состојба на детето со поседби потреби.

Физиотерапевт е лиценциран терапевт, кој користи различни техники и методи за третман за да се овозможи развој на капацитетите на децата и да се подобри движењето на поединецот како и целокупната негова функција. Физиотерапевтот им помага на децата да го достигнат својот целосен потенцијал во извршувањето на грубите моторни и функционални вештини за подвижност.Терапевтот може да работи и со дете кое има специфични здравствени проблеми кои бараат исправка- како болест, лоша координација, намалена мускулна сила, мускулен тонус или флексибилност, одложено достигнување на моторни вештини, или состојби по некаква повреда.

Вашето дете може да има потреба од физикална терапија доколку:

Не се постигнуваат очекуваните развојни етапи за време на првата година од животот (т.е. тркалање, седење, стоење, одење).

На детето едната страна на телото му е силна и изразено доминантна и/или слабо се користи другата страна на телото.

Детето оди долго на прстите на нозете или се пројавува одење на начин кој не соодветствува со стандардниот.

Детето се соочува со потешкотии со рамнотежата за време на игра.

Детето не е во состојба да има активности кои вклучуваат груби моторни задачи (т.е. подрипнување, скокање, прескокнување) како неговите врсници.

Детето често паѓа при одење.

Детето се жали на болка при вршење на грубите моторни задачи.

Детето било повредено на некој начин и не е во можност да ги врати своите вештини на претходното ниво на функција.

Што доколку забележите некаков проблем врзан со моториката на вашето дете?

Доколку забележите дека вашето дете има какви било промени врзани со движењето, најпрво треба да се обратите кај вашиот матичен лекар, кој треба да ве упати на соодветни специјалистички прегледи. По дефинирање на проблемот со кој се соочувате, институциите кои се занимаваат со рехабилитација прават поединечни програми по кои се рехабилитира детето.Типот на физикална терапија ја одредува лекар физијатар, а ја спроведува дипломиран физиотерапевт.

Физиотерапевтите треба да имаат минимум диплома од акредитирано средно училиште –по програма за физикална терапија. Со новите програми на универзитите во Р Македонија како и систематизацијата на здравството, пред неколку години е формиран и факултет за Физиотерапевти. Секој терапевт мора да помине низ програмите и да се стекне со соодветно образование.

Дополнително, физотерапевтите може да го прошират своето знаење со обуки/курсеви што е од исклучителна важност за совладување на новите методи кои гарантираат подобри резултати. Ова е од исклучителна важност за физикалните терапевти бидејќи овозможува да се обезбеди најдобрата можна нега на пациентот.

[1]


  1. „ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА“. Ресурсен центар.