Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“
Вид државен
Основан 2009
Ректор Проф. д-р Нинослав Марина,
Студенти ~450
Место Охрид, Македонија
Кампус Урбан
Припадност EUA
http://www.uist.edu.mk
Uist-macedonia.gif

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (кратенка: УИНТ; англиски: University of Information Science and Technology (UIST) "St. Paul The Apostle") — државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија.

УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии [1] во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија [2].

Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија [3].

УИНТ содржи пет факултети:

  • Факултет за комуникациски мрежи и безбедност
  • Факултет за компјутерски науки и инженерство
  • Факултет за информациони системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
  • Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика
  • Факултет за информатички и комуникациски науки

УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети:

  • Универзитет Оукланд, Рочестер, Мичиген, САД
  • Универзитет Истанбул, Истанбул, Турција
  • Универзитет Чумхуријет, Сивас, Турција
  • Технички Универзитет Клуж-Напока, Клуж-Напока, Романија
  • Западен Универзитет Тимишоара, Тимишоара, Романија
  • Универзитет Елизад, Ондо, Нигерија
  • Универзитет Ќутахја Думлупнар, Ќутахја, Турција.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]