Трофобласт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трофобластите (од грчки „трефеин“: да храни; и „бластос“: што предизвикува 'ртење) се клетки кои го формираат надворешниот слој на бластоцистите и се присутни четири дена по оплодувањето кај луѓето. Овие клетки обезбедуваат хранливи материи за ембрионот и поголемиот дел од нив се развиваат во плацентата. Се формираат во текот на првата фаза на бременоста и се првите клетки што се диференцираат од оплодената јајце клетка во вонембрионски структури кои не придонесуваат директно за ембрионот. По гаструлацијата, трофобластите се соседни со ектодермот на ембрионот, и се нарекуваат трофоектодерм. По првото диференцирање, клетките во човековиот ембрион ја губат својата тотипотенција и веќе не се тотипотентни матични клетки бидејќи не можат да формираат трофобласт. Во тој период на развиток тие се познати како плурипотентни матични клетки.

Структура[уреди | уреди извор]

Трофобластот се размножува и се диференцира во два клеточни слоја приближно шест дена по оплодувањето кај луѓето.

Наводи[уреди | уреди извор]