Трамвајска дилема
Трамвајска дилема — мисловен опит во етиката. Во принцип, проблемот е:
Има трамвај што нема контрола над функциите и се движи кон пет лица што се врзани за шините. Стоите покрај лост што може да го пренасочи трамвајот на друга лента. Ако ја повлечете рачката, трамвајот ќе ја смени лентата и петте луѓе на главната лента ќе бидат спасени. Сепак, едно лице лежи на страничната лента. Имате два избори:
- Не прави ништо и дозволи трамвајот да убие пет луѓе на главната лента.
- Повлечете ја рачката и пренасочете го трамвајот на страничната лента и убијте еден човек.
Кој избор е етички поточен?
Современиот облик на проблемот првпат го вовел Филип Фут во 1967 година,[1] но подетално бил анализиран од Џудит Томпсон,[2][3] Френсис Кам,[4] и Питер Унгер.[5] Меѓутоа, претходната верзија, во која лицето кое се жртвува на патеката било дете на оној што одлучува дали да ја повлече рачката или не, било дел од моралниот прашалник доделен на студентите на Универзитетот во Висконсин во 1905 година.[6][7] и еден германски правен научник разговарал за сличен проблем во 1951 година [8] Дополнително, сличен проблем во врска со тоа дали е етичко да се пренасочи проектил од поголема маса на помала, дискутирал и Аврохом Јешаја Карелиќ во неговиот коментар за Талмудот, напишан и објавен во 1953 година.[9]
Од 2001 година, трамвајската дилема и нејзините варијанти се широко користени во емпириските истражувања за моралната психологија. Проблемот со трамвајот бил тема и на популарни книги.[10] Проблемот често се јавува во дискусијата за етиката на дизајнот на автономните возила.
Емпириско истражување
[уреди | уреди извор]Во 2001 година, Јошуа Грин и неговите колеги ги објавиле резултатите на првото значајно емпириско истражување однесувајќи се на одговорите на луѓето на кој им бил представен проблемот со трамвајот .[11] Користејќи фукционална магнетна резонанца, тие покажае дека "лични" дилеми (како што е буткање човек од мост со свој раце) повластено вклучуваат региони на мозокот кои се поврзани со емоциите, додека пак "безлични" дилеми (како што е пренасочување на трамвајот преку рачката) вклучува преференцијално ангажирање на области кој се поврзани со контролните расудувања. Врз основа на тоа, тие се залагаат за процес на дуално морално одлучување. Од тогаш бројни други студии го користеле проблемот со трамвајот за да проучуваат морално пресудување, истражувајќи теми кои што се улога и влијание на стрес,[12] емоционална состојба,[13] управување со влијание,[14] нивоа на анонимност,[15] различни типови на оштетување на мозокот,[16] физиолошко возбудување и генетски фактори [17] на одговори на проблемот со трамвајот.
Истражување на податоци
[уреди | уреди извор]Проблемот со трамвајот е предмет на многу студии во кои приближно 90% од испитаниците избрале да убијат еден и да спасат пет.[18] Ако ситуацијата се промени така што жртвата за петтемина била член на семејството или романтичен партнер, испитаниците се многу помалку подготвени да ги жртвуваат своите животи.[19]
Студијата од 2009 година објавена во документ од 2013 година од Дејвид Бурге и Дејвид Чалмерс покажува дека 69,9% од професионалните филозофи би замениле (жртвувале еден поединец за да спасат пет животи) во случај на проблем со трамвај. 8% не би ја повлекле рачката, а останатите 24% имале поинаков став или не сакале да одговорат.[20]
Импликации за автономните возила
[уреди | уреди извор]Аналогни проблеми со проблемот на трамвајот настануваат при дизајнирањето на автономни автомобили, во ситуацији каде софтверот на автомобилот при можно сценарио на судар, е принуден да избере помеѓу повеќе правци на дејство (понекогаш вкључувајки опции на смрт за патниците на возилото), а сите опции би довеле до повредување.[21][22][23][24][25] Платформа со име Морална машина е создадена од страна на МИТ Медиа Лаб за да се овозможи јавноста да го изрази своето мислење за тоа која одлука автономно возило би требало да донесе во сценарио коешто користи парадигми на проблемот на трамвај. Анализа на податоци собрани со помош на Моралната машина покажале голема разлика во релативни претпочитувања помеѓу различните држави[26]. Други пристапи користат виртуелна реалност за проценување на човечкото однесување во експериментални ситуации.[27][28][29][30]
Во 2016 година, германската влада формирала етичка комисија која се занимава со импликациите на автономното возење.[31] Како резултат на тоа, комисијата дефинирала 20 правила за автономно и поврзано возење, кои ќе бидат задолжителни за претстојните закони за производство на автономни автомобили.
Критика
[уреди | уреди извор]Во 2014 година во една статија објавена на Social and Personality Psychology Compass, [32] критикувана е употребата на трамвајската дилема, тврдејќи, меѓу другото, дека сценариото што е претставено е премногу екстремно и не е поврзано со вистински морални ситуации за да биде корисно или едукативно.[33]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Philippa Foot, The Problem of Abortion and the Doctrine of the Double Effect Архивирано на 24 август 2019 г. in Virtues and Vices (Oxford: Basil Blackwell, 1978) (originally appeared in the Oxford Review, Number 5, 1967.)
- ↑ Judith Jarvis Thomson, Killing, Letting Die, and the Trolley Problem, 59 The Monist 204-17 (1976)
- ↑ Judith Jarvis Thomson, The Trolley Problem Архивирано на 4 април 2015 г., 94 Yale Law Journal 1395–1415 (1985)
- ↑ Francis Myrna Kamm, Harming Some to Save Others, 57 Philosophical Studies 227-60 (1989)
- ↑ Peter Unger, Living High and Letting Die (Oxford: Oxford University Press, 1996)
- ↑ Frank Chapman Sharp, A Study of the Influence of Custom on the Moral Judgment Bulletin of the University of Wisconsin no.236 (Madison, June 1908), 138.
- ↑ Frank Chapman Sharp, Ethics (New York: The Century Co, 1928), 42-44, 122.
- ↑ Hans Welzel, ZStW Zeitschrift für die gesamte Strafrechtswissenschaft 63 [1951], 47ff.
- ↑ Hazon Ish, HM, Sanhedrin #25, s.v. "veyesh leayen". Available online, http://hebrewbooks.org/14332, page 404
- ↑ Bakewell, Sarah (22 ноември 2013). „Clang Went the Trolley“. The New York Times.
- ↑ Greene, Joshua D.; Sommerville, R. Brian; Nystrom, Leigh E.; Darley, John M.; Cohen, Jonathan D. (14 септември 2001). „An fMRI Investigation of Emotional Engagement in Moral Judgment“. Science (англиски). 293 (5537): 2105–2108. Bibcode:2001Sci...293.2105G. doi:10.1126/science.1062872. ISSN 0036-8075. PMID 11557895.
- ↑ Youssef, Farid F.; Dookeeram, Karine; Basdeo, Vasant; Francis, Emmanuel; Doman, Mekaeel; Mamed, Danielle; Maloo, Stefan; Degannes, Joel; Dobo, Linda (2012). „Stress alters personal moral decision making“. Psychoneuroendocrinology. 37 (4): 491–498. doi:10.1016/j.psyneuen.2011.07.017. PMID 21899956.
- ↑ Valdesolo, Piercarlo; DeSteno, David (1 јуни 2006). „Manipulations of Emotional Context Shape Moral Judgment“. Psychological Science (англиски). 17 (6): 476–477. doi:10.1111/j.1467-9280.2006.01731.x. ISSN 0956-7976. PMID 16771796.
- ↑ Rom, Sarah C., Paul, Conway (30 август 2017). „The strategic moral self:self-presentation shapes moral dilemma judgments“. Journal of Experimental Social Psychology (англиски). 74: 24–37. doi:10.1016/j.jesp.2017.08.003. ISSN 0022-1031.
- ↑ Lee, Minwoo; Sul, Sunhae; Kim, Hackjin (18 јуни 2018). „Social observation increases deontological judgments in moral dilemmas“. Evolution and Human Behavior. 39 (6): 611–621. doi:10.1016/j.evolhumbehav.2018.06.004. ISSN 1090-5138.
- ↑ Ciaramelli, Elisa; Muccioli, Michela; Làdavas, Elisabetta; Pellegrino, Giuseppe di (1 јуни 2007). „Selective deficit in personal moral judgment following damage to ventromedial prefrontal cortex“. Social Cognitive and Affective Neuroscience (англиски). 2 (2): 84–92. doi:10.1093/scan/nsm001. ISSN 1749-5024. PMC 2555449. PMID 18985127.
- ↑ Bernhard, Regan M.; Chaponis, Jonathan; Siburian, Richie; Gallagher, Patience; Ransohoff, Katherine; Wikler, Daniel; Perlis, Roy H.; Greene, Joshua D. (1 декември 2016). „Variation in the oxytocin receptor gene (OXTR) is associated with differences in moral judgment“. Social Cognitive and Affective Neuroscience (англиски). 11 (12): 1872–1881. doi:10.1093/scan/nsw103. ISSN 1749-5016. PMC 5141955. PMID 27497314.
- ↑ http://healthland.time.com/2011/12/05/would-you-kill-one-person-to-save-five-new-research-on-a-classic-debate/. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ Journal of Social, Evolutionary, and Cultural Psychology Архивирано на 11 април 2012 г. Error in webarchive template: Check
|url=
value. Empty. - ↑ Bourget, David; Chalmers, David J. (2013). „What do Philosophers believe?“. Посетено на 11 мај 2013.
- ↑ Patrick Lin (8 октомври 2013). „The Ethics of Autonomous Cars“. The Atlantic.
- ↑ Tim Worstall (18 јуни 2014). „When Should Your Driverless Car From Google Be Allowed To Kill You?“. Forbes.
- ↑ Jean-François Bonnefon; Azim Shariff; Iyad Rahwan (13 октомври 2015). „Autonomous Vehicles Need Experimental Ethics: Are We Ready for Utilitarian Cars?“. Science. 352 (6293): 1573–1576. arXiv:1510.03346. Bibcode:2016Sci...352.1573B. doi:10.1126/science.aaf2654. PMID 27339987.
- ↑ Emerging Technology From the arXiv (22 октомври 2015). „Why Self-Driving Cars Must Be Programmed to Kill“. MIT Technology review. Архивирано од изворникот на 26. 01. 2016. Посетено на 16 февруари 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ Bonnefon, Jean-François; Shariff, Azim; Rahwan, Iyad (2016). „The social dilemma of autonomous vehicles“. Science. 352 (6293): 1573–1576. arXiv:1510.03346. Bibcode:2016Sci...352.1573B. doi:10.1126/science.aaf2654. PMID 27339987.
- ↑ Awad, Edmond; Dsouza, Sohan; Kim, Richard; Schulz, Jonathan; Henrich, Joseph; Shariff, Azim; Bonnefon, Jean-François; Rahwan, Iyad (24 октомври 2018). „The Moral Machine experiment“. Nature. 563 (7729): 59–64. doi:10.1038/s41586-018-0637-6. PMID 30356211. Посетено на 8 ноември 2018.
- ↑ Sütfeld, Leon R.; Gast, Richard; König, Peter; Pipa, Gordon (2017). „Using Virtual Reality to Assess Ethical Decisions in Road Traffic Scenarios: Applicability of Value-of-Life-Based Models and Influences of Time Pressure“. Frontiers in Behavioral Neuroscience. 11: 122. doi:10.3389/fnbeh.2017.00122. PMC 5496958. PMID 28725188.
- ↑ Skulmowski, Alexander; Bunge, Andreas; Kaspar, Kai; Pipa, Gordon (16 декември 2014). „Forced-choice decision-making in modified trolley dilemma situations: a virtual reality and eye tracking study“. Frontiers in Behavioral Neuroscience. 8: 426. doi:10.3389/fnbeh.2014.00426. PMC 4267265. PMID 25565997.
- ↑ Francis, Kathryn B.; Howard, Charles; Howard, Ian S.; Gummerum, Michaela; Ganis, Giorgio; Anderson, Grace; Terbeck, Sylvia (10 октомври 2016). „Virtual Morality: Transitioning from Moral Judgment to Moral Action?“. PLOS ONE. 11 (10): e0164374. Bibcode:2016PLoSO..1164374F. doi:10.1371/journal.pone.0164374. ISSN 1932-6203. PMID 27723826.
- ↑ Patil, Indrajeet; Cogoni, Carlotta; Zangrando, Nicola; Chittaro, Luca; Silani, Giorgia (2 јануари 2014). „Affective basis of judgment-behavior discrepancy in virtual experiences of moral dilemmas“. Social Neuroscience. 9 (1): 94–107. doi:10.1080/17470919.2013.870091. ISSN 1747-0919. PMID 24359489.
- ↑ BMVI Commission (20 јуни 2016). „Bericht der Ethik-Kommission Automatisiertes und vernetztes Fahren“. Federal Ministry of Transport and Digital Infrastructure (German: Bundesministerium für Verkehr und digitale Infrastruktur). Архивирано од изворникот на 15 ноември 2017.
- ↑ Bauman, Christopher W.; McGraw, A. Peter; Bartels, Daniel M.; Warren, Caleb (4 септември 2014). „Revisiting External Validity: Concerns about Trolley Problems and Other Sacrificial Dilemmas in Moral Psychology“. Social and Personality Psychology Compass. 8 (9): 536–554. doi:10.1111/spc3.12131.
- ↑ Khazan, Olga (24 јули 2014). „Is One of the Most Popular Psychology Experiments Worthless?“. The Atlantic.