Прејди на содржината

Тонио Сан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антонио Аренгеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНСмакедонски рапер и продуцент.

Досега има издадено 2 студиски албуми, а членуваше во хип-хоп групациите „Легијата“ и „Green Out“. Неговиот прв албум е „Цветот на светот“, кој содржи 12 нумери. Во 2010 излезе и неговиот втор албум, прв под алтер-егото Тонио Сан, наречен „Друштвото на мртвите поети“. Содржи 20 нумери, од кои 3 се битови, а првата песна претставува интро на албумот. Подоцна во 2012 година го има издадено и својот трет студиски албум, втор под името Тонио Сан, наречен „Синтеза на ум и меч“ кој содржи 12 песни, од кои првата е интро.[1]

Има издадено многу песни кои се немаат најдено на некој од неговите студиски албуми. Меѓу нив спаѓаат: „Green Out Бандит“, „Животот е убав“, „Кармата се враќа“, „Не си достоен“ (со Вуиса), „Од лирики до реалност“ (со Да Џака Накот), „Штом заспијам“ и др. Членувајќи во групата Green Out ги има издадено следниве песни: „Факалависта“, „Блокови“, „Playground“, „Гомно Ем Сератор“, „Педерлана“, „Волците сити, овците на број“, „Истомисленици“, „Хиени“, „Имам-немам“, „Басот“, „Супер херои“ и др.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Цветот на светот

[уреди | уреди извор]
Бр.ИмеГости
1Пита со јаболкаDJ Славе
2Црногорско поткровје
3Жешка линијаМал Голем Брус
4Циркусот на животот
5Гудало (rmx)Мал Голем Брус
6Ситно Бегство
7ТангоуМал Голем Брус & Пинаколада
8Доблест или пороци
9Лојален карактерБунтовникот Кемп
10Потежок од тешки времиња
11Од рими до реалностДа Џака Накот
121936 торпедо

Друштвото на мртвите поети

[уреди | уреди извор]
Бр.Име
1Времето на волкот
2Сивило
3Ќе се најдеме на полпат
4Меѓу редови
5Луѓето што перат мозоци
6Стегни ги врвките
7Здивот на градот
8Честоти
9Знам кој е бандит
10Кингз
11Машки курви
12Лошогаз
13Жени, коли, пари
14Ласки 2005
15Слатка мизерија
16Фукара
17Патувањето без друштво
18Многу прашања
19На друго место
20Не разговарај со непознати

Синтеза на ум и меч

[уреди | уреди извор]
Бр.Име
1Синтеза на ум и меч
2Дневникот на еден воен поет
3Во закрила на ноќта
4Патот на самурајот
5Драма
6Бамбусови шепоти
7Јинг и јанг
8Жртви на Шогунот
9Шогунови убијци
10Самураите на зајдисонцето
11Заншин
12Аку
13Роза во пламен
14Одмазда
15Војна...
16...и мир
  1. „проф. м-р Антонио Аранѓеловиќ - Наставен кадар - ФОН Универзитет“. fon.edu.mk. Архивирано од изворникот на 12. 02. 2022. Посетено на 2022-02-12. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)