Токиска декларација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Токиска декларација е збир на меѓународни упатства за лекарите во врска со тортура и друфи сурови, нечовечки или понижувачки постапувања или казнувања во однос на притвор и затвор, што била усвоена во октомври 1975 година за време на 29-то генерално собрание на Светското медицинско здружение, а подоцна уредно ажурирана од страна на WMA во Франција, мај 2005 и 2006 година. Декларацијата прогласува дека тортурата е „спротивно на законите на човештвото“, [1] и антиетички на „повисоката намена“ на лекарот, а тоа е „да се ублажи неволјата на неговото или нејзиното суштество“. [2] Во политиката се наведува дека лекарите треба да одбијат да учествуваат, да проследуваат или да даваат дозвола за тортура, деградација или сурово постапување со затворениците или притворениците. Според политиката, еден затвореник кој одбива да јаде, не треба да се храни вештачки против неговата волја, под услов да се оцени дека е рационален.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. World Medical Association, Declaration of Tokyo. Preamble.
  2. World Medical Association, Declaration of Tokyo. Section 5.