Тираносаурус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тираносаурус
Период: Доцна креда,
Тираносаурус, наречен Стен, во Манчестерски музеј
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Надред: Диносауруси

Тираносаурусот бил најстрашниот и најкрволочниот диносаурус кој некогаш живеел. Имал глава долга и до еден метар. Имал големи и остри заби и долг подвижен врат. Имал кратки предни нозе, а моќни и долги задни нозе на кои трчал, одржувајќи рамнотежа со долгата мускулеста опашка. Бил висок околу 5, а долг и до 15 метри. Според ножните отпечатоци, широки 70 cm и долги 75 cm, е пресметано дека чекорите му биле долги и до 5 метра. Бил брз грабливец, и, веројатно бил најголем месојадец што живеел на нашата планета. Врвот на својот развиток го достигнал, како и неговите сродници, во периодот креда, кога на Земјата владеела топла и влажна клима. Изумрел одеднаш пред околу 65 милиони години. Се размножувал со јајца како и сите други влекачи. Живеел во Северна Америка, каде се најдени најмногу фосилни остатоци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Животинско Царство. 1997