Тигри (архитекти)

Од Википедија — слободната енциклопедија
зградата на Народна Банка во Познањ (1938 година)
Железничка станица во Катовице, проектирана во 1959 година 1969-1971 година [1] (1973)
Зградата на Централниот комитет на Полската обединета работничка партија во Варшава(проектирана во 1947 година)
Плакета за комеморација на наградата доделена на „Тигрите“ за зградата на ул. Kredytowa 8 во Варшава

Тигри - уметнички псевдоним на група на полски модернистички архитекти основан во 1930-тите години. Групата била составена од три студенти на Архитектонскиот факултет при Варшавската политехника: Вацлав Клишевски (1910-2000), Јежи Мокшињски ( 1909-1997) и Еугењуш Вјежбицки (1909-1991).

Настанувањето на псевдонимот „Тигри“ се поврзува со Александра Вејхерт и цртежот на три тигри што таа го закачила на вратата од нивното заедничко студио. За време на нивното работење, групата подготвила 55 конкурсни проекти, од кои 38 биле наградени, вклучувајќи 18 првонаградени.

Тие се автори на објектот, во кој денес е сместен Музејот на современата уметност во Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Академски период[уреди | уреди извор]

За време на студиите В. Клишевски и Е. Вјежбицки се поврзуваат со проф. Рудолф Швиерчински.  Ј. Мокшињски пак бил асистент на проф. Чеслав Пжибилски, а пракса имал кај  Јулиуш Жоравски. Првите стручни средби на групата се одржале во куќата на ул. Гротгера 18, соба 11 во Варшава. Во 1936 година на ул. Подхоражи 101, била основано студиото на официјалниот тим. Во 1939 година, според нивниот проект, била изградена семејна куќа во Служевиец, населба во Варшава, а во 1938 година започнала изградбата на деловната зграда на Народната Банка во Познањ (конечно реализирана со  променет концепт).

Периодот 1939-1945 година[уреди | уреди извор]

По борбеното учеството на В. Клишевски во одбраната на Вола во 1939 година,  бил испратен во логор за заробеници во Спитал ан дер Драу, а подоцна и во Офлаг II Ц Волденберг. Е. Вјежбицки ја завршил борбата кај Кок во 1939 година и се нашол во Офлаг II Д Грос-Борн (Кломино). Ј. Мокшињски се вратил во Варшава по битката кај Кок и бил активен во подземјето. Потоа заминал во Закопане, каде во 1941 година ја дизајнирал куќата на Даниец, каминот во вилата „Басија“ и предавал во Земјоделското училиште (мелиорација) каде меѓу другите учеле и А. Франта и Х.Бушко. Потоа живеел во Замошч, Рабка и Краков.

Тимот повторно се сретнал по војната во Бирото за Обнова на Главниот Град во Варшава. Потоа тие заедно работеле во периодот 1945–1949 година како асистенти на Архитектонскиот факултет на Технолошки Универзитет во Варшава, во студиото предводено од Богдан Пњевски.

Избрани проекти[уреди | уреди извор]

  • зградата на Народна Банка во Познањ, 1938 година
  • семејна куќа во Служевиец, 1939 година
  • зградата на Централниот комитет на Полската Обединета Работничка Партија во Варшава , проектирана во 1947 година
  • Универзитетот за Општествени Науки во Варшава, 1954 година
  • Центар „Орбис“ во Леба, 1957 година
  • станбена зграда на ул. Кредитова  8 (ул.Kredytowa 8), наградена со „ Господин Варшава“ (1959) [2]
  • железничка станица во Катовице, проектирана во 1959 година
  • Музеј на современата уметност Скопје, 1963 година
  • железнички павилјон на пл. Анджеј во Катовице, 1964 година
  • Ловечки дом во Бјаловиежа, 1964 година
  • Морнарската куќа во Шчеќин, 1972 година
  • Филхармонија Жешов, 1974 година
  • Куклен театар Бјалисток, ОК 1979 година [3]
  • Природонаучниот музеј на Националниот парк Татра во Закопане, 1980 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Współczesna architektura polska. Warszawa: Wydawnictwo „Arkady”. стр. 228. ISBN 83-213-3325-7.
  2. Encyklopedia Warszawy. Warszawa: Wydawnictwo Naukowe PWN. 1994. стр. 497. ISBN 83-01-08836-2.
  3. „Warszawskie Tygrysy" – Wacław Kłyszewski, Jerzy Mokrzyński i Eugeniusz Wierzbicki. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 2022-01-17.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • W. Kłyszewski, J. Mokrzyński, E. Wierzbicki, A Little Encyclopedia of Architecture, Tadeusz Barucki, Аркадиј, Варшава 1987 година.