Технички преглед на возила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тест на кочниците
Станица за технички преглед на возила

Технички преглед на возила – постапка пропишана од државни или локални власти во многу земји, во кои се врши технички преглед на возилото за да се осигура дека истото е во согласност со прописите за безбедност и загадување (емисија на издувни гасови, бука). Техничкиот преглед на возилото најчесто е периодичен, но може да биде вонреден или при пренесување на правото на сопственост на возилото. Вообичаен период за технички преглед на возилото е на година или две години и истиот се извршува во станици за технички преглед кои ги задоволуваат пропишаните услови во поглед на поставеност, опременост и функционирање.

Периодичниот технички преглед се врши заради проверка на техничка исправност на сите моторни и приклучни возила и воедно претставува предуслов за регистрација и задолжително осигурување на возилото. Целта на овој преглед е да се спроведе контрола на техничката исправност на возилата и намалување на влијанието на техничката неисправност на возилата во сообраќај на пат, односно зголемување на општата безбедност на патиштата.[1]

По успешно завршен технички преглед, во многу земји возилото добива налепница со месец и година на извршен преглед, за да се поедностават контролите.

Постои дискутабилност околу тоа дали периодичното испитување на моторните возила е економичен начин за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.[2][3][4] Неодамнешна анализа на промените во постапките за безбедносен преглед во Соединетите Американски Држави го обновија сомнежот за ефективноста на овие прегледи.[5]

Технички преглед на возила во Македонија[6][1][уреди | уреди извор]

Во Македонија првиот технички преглед, во зависност од видот на возилото, се извршува една, две или четири години по првата регистрација.

  • Една година – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници, приклучни возила...
  • Две години - мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
  • Четири години – лесни приколки.

Периодичните технички прегледи на возилото се извршуваат на 6 месеци, година дена, две или четири години.

  • Шест месеци – автобуси, товарни возила, возила за превоз на опасни материи, возила за јавен превоз на патници...
  • Една година - мобилни машини, трактори и моторни возила со најмалку четири тркала, кои се користат за превоз на патници со не повеќе од 8 седишта, со исклучок на возачкото седиште.
  • Две години - доколку од првата регистрација на возилата од претходната точка нема поминато 8 години, периодичниот преглед се врши на две години.
  • Четири години – лесни приколки, приколки за домување и посебни приклучни возила за превоз на чамци, водени скутери и други уреди за спорт и рекреација под 3500 кг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Правилник за технички преглед на возила“. Единствен национален регистар на прописи (ЕНЕР). конс. 2019-04-26. 
  2. „Cost-Effectiveness of Periodic Motor Vehicle Inspection - University of Michigan (U.S.A.) Transportation Research Institute“ (PDF). January 1985. no credible evidence was found which demonstrates significant changes in vehicle-defect accidents as a result of [periodic motor vehicle inspections 
  3. „Cost Effectiveness of Periodic Motor Vehicle Inspection“ (PDf). Report for the (Australian) Federal Office of Road Safety. April 1999. Using the New Zealand data... logistic regression analysis [showed considerable] statistical uncertainty... The Victorian analysis of potential periodic roadworthiness certification safety benefits was not entirely conclusive [;] likely to be much less than required to make an annual periodic scheme cost effective [мртва врска]
  4. Merrell, David; Poitras, Marc; Sutter, Daniel (1999 г). The Effectiveness of Vehicle Safety Inspections: An Analysis using Panel Data. „Southern Economic Journal“ том  65 (3): 571–583. „We examined the effectiveness of state automobile safety inspections and present new evidence from a panel of the 50 states for the years 1981-1993. Our approach incorporated several innovations over previous studies of safety inspections; most significantly, we estimated a fixed-effects model that incorporated state-specific shifts in casualty rates. We found no evidence that inspections significantly reduce fatality or injury rates. Our study also provides evidence on the effects of speed limits, seat belts, and Peltzman's offsetting behaviour hypothesis.“. 
  5. Hoagland, Alex; Woolley, Trevor (март 2018 г). It's No Accident: Evaluating the Effectiveness of Vehicle Safety Inspections. „Contemporary Economic Policy“ том  36 (4): 607–628. doi:10.1111/coep.12284. „Utilizing a synthetic controls approach, we conclude that ending requirements [for safety inspections] did not result in a significant increase in the frequency or intensity of accidents due to car failure, implying that the consumer and government expenditures used for inspections could be reallocated to other areas of travel safety.“. 
  6. „Закон за возила“. Министерство за економија. конс. 2019-04-26.