Тес Асплунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тес Асплунд

Тес Асплунд (шведски: Tess Asplund; р. 1974 година) — шведска активистка, која се здобила со внимание по протестот против нео-нацистите во Борленге, Шведска.[1] Дејвид Лагерлоф е фотографот на виралната слика на Асплунд, на која се гледа како таа се соочува со униформирани членови на шведското нордиско движење на отпорот со тупаница во воздух. [2] Таа е по потекло од Колумбија[3] и се опишува себеси како Афро-Швеѓанка.[1] За инцидентот, Асплунд рекла: „Ако оваа слика од мене може да натера повеќе луѓе да се осмелат да покажат отпор, тогаш се е добро... народот мора да се обедини и да покаже дека не е во ред што расизмот се нормализира и дека фашистите трчаат наоколу по нашите улици“.[2]

Асплунд била член на Афрофобија Фокус.[4]

Асплунд, исто така, била цитирана во Афтонбладет како сожртва на брутален напад со јарболи од знамиња, извршен од тројца мажи со полско потекло, по демонстрациите на популистичката десница во центарот на Стокхолм, од кои се чини дека Полјаците биле дел.[5]

Во 2016 година, Асплунд била вклучена на листата на 100 жени на БиБиСи, заедно со Алиша Кис, Елина Вамукоја и Надија Хусеин.[3] Темата на овогодинешната листа била пркос.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Crouch, David (2016-05-04). „Woman who defied 300 neo-Nazis at Swedish rally speaks of anger“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2016-12-08.
  2. 2,0 2,1 „Swedish activist faces off against more than three hundred neo-Nazis“. The Telegraph. Посетено на 2016-12-08.
  3. 3,0 3,1 „BBC 100 Women 2016: Who is on the list?“. BBC News (англиски). 2016-11-21. Посетено на 2016-12-08.
  4. „Q&A: 'Racism is on the rise in Sweden and it is scary'. www.aljazeera.com. Посетено на 2016-12-08.
  5. http://www.aftonbladet.se/nyheter/article22178425.ab