Прејди на содржината

Теорија на Пјаже за когнитивниот развој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жан Пјаже во Ен Арбор

Теоријата на Пјаже за когнитивниот развој, првпат развиена од страна на Жан Пјаже (Jean Piaget), е сеопфатна теорија за природата и развојот на човековата интелегенција. Таа пред сè е позната како теорија на развојната фаза, но всушност, се занимава со природата на знаењето и тоа како луѓето постепено го стекнуваат, го изградуваат и го користат знаењето. Покрај тоа, Пјаже тврди дека идејата дека когнитивниот развој е во центарот на човечковиот организам и говор зависи од когнитивниот развој. Подолу, прво има краток опис на ставовите на Пјаже во врска со природата на интелигенцијата, а потоа и опис на фазите низ кои таа се развива сè до зрелоста.[1]

Природата на интелегенцијата. Оперативна и фигуративна интелегенција

[уреди | уреди извор]

Пјаже верувал дека реалноста е динамичен систем на постојаните промени и како таква се дефинира во однос на двата услови кои ги објаснуваат динамичните системи кои се менуваат. Поточно, тој тврдел дека реалноста вклучува промени и состојби. Промените се однесуваат на сите начини на промени кои предмет или лице може да ги претрпат. Состојбите се однесуваат на условите или на појавите во кои предметите или лицата може да се најдат меѓу промени. На пример, може да има промени во обликот или формата (на пример, течностите го менуваат обликот кога се префрлаат од еден во друг сад, луѓето како што стареат ги менуваат своите одлики), во големина (на пример, купчиња монети на масата може да се стават близу едни со други или на далечина) во поставување или пронаоѓање во простор и време (на пример, разни предмети или личности може да се најдат на едно место во исто време и на некое друго место во друго време). Според тоа, Пјаже тврдел дека доколку човековата интелигенцијата е прилагодлива, таа мора да ги претставува променливите и статичните аспекти на реалноста. Тој сметал дека оперативната интелигенција е одговорна за претставување и манипулирање на динамичните или променливите аспекти на реалноста и дека фигуративната интелигенција е одговорна за претставување на статичките аспекти на реалноста. Оперативната интелегенција е активната страна на интелигенција. Таа ги вклучува сите дејства, отворени или прикриени, преземени со цел да се следат, да се средат или се предвидат промените на предметите или лицата. Фигуративната интелигенција е помалку или повеќе статичката страна на интелигенција, која ги вклучува сите средства за претставување кои се користат за да ги задржат состојбите во мозокот (на пример, последователните форми, облици или положби) кои се случуваат меѓу промените . Таа вклучува набљудување, имитирање, умствено претставување, цртање и начин на изразување. Затоа, фигуративните страни на интелигенција го добиваат своето значење од оперативните страни на интелегенцијата, затоа што состојбите не може да постојат независно од промените кои ги поврзуваат. Пјаже верувал дека фигуритивните или претставувачките страни на интелигенцијата се подредени на своите оперативни и динамични страни и според тоа разбирањето во суштина произлегува од оперативната страна на интелигенција. Оперативната интелегенцијата искажува како светот е разбран и се менува доколку разбирањето е неуспешно. Пјаже верувал дека овој процес на разбирање и промена вклучува две основни функции: присвојување (асимилација) и приспособување (акомодација).

Асимилација и акомодација

[уреди | уреди извор]

Преку проучувањето на областа на образованието, Пјаже се фокусирал на акомодацијата и асимилацијата. Асимилацијата, еден од двата процеси создадени од Жан Пјаже, опишува како луѓето ги забележуваат и се приспособуваат на новите информации. Тоа е процес на преземање на нови информации и вградување во претходните когнитивни шеми. Асимилацијата се јавува кога луѓето се соочуваат со нови или непознати информации и кои се однесуваат на веќе научените информации за да ги разберат. Акомодацијата, за разлика од асимилацијата е процесот на преземање на нови информации и менување на претходните шеми за да се приспособат на новите информации. Со дисциплинирањето на психологијата се појавија методите кои им се приближуваат на проучувањата на психолозите кон усвојување на техничките средства. На овој начин беше изведен терминот „асимилација“ и јасно се дефинира како сопствена перспектива на прашање кое ги поткрепува сите други перспективи. Проценувајќи ги поттиците блиски до таа поткрепа (слободата на прифаќање) секогаш ќе се присвојуваат полесно, додека поттиците кои се подалеку од таа поткрепа (слободата за отфрлање) бара подолго време за присвојување. Оваа посебна форма на социјална и психолошка проценка се опишува во дисциплинираната психологијата како контраст модел на асимилацијата. Жан Пјаже првпат го открил ова како резултат на набљудувањето на својот новороден син како го зграбува и бутка на штракалчето во својата уста а потоа го присвојува тоа движење, исто така ставајќи го скапиот часовник на Пјаже во својата уста. Преку неколку фази, Пјаже ги објаснува начините на кои се создадени одликите кои водат до одредени видови на размислување, оваа табела се нарекува когнитивнен развој. Според Пјаже, асимилацијата е вградување на надворешните елементи во структурите на животите или средините или тие кои би можеле да ги стекнеме преку искуство. Акомодацијата е неопходност бидејќи тоа е начинот на кој луѓето ќе продолжат да толкуваат нови концепти, шеми, основи итн. Асимилацијата е различна од акомодацијата, по тоа како таа се однесува на внатрешниот организам се должи на животната средина. Пјаже верува дека човечкиот мозок е програмиран преку еволуцијата да одржува рамнотежа. Рамнотежата е она што, Пјаже верува, дека во крајна линија влијае на структурите поради внатрешните и надворешните процеси преку асимилација и акомодација. Мислењето на Пјаже е дека овие две функции не може да постојат без другите. Да се присвои предмет во веќе постоечка ментална шема, прво треба да се земе предвид или се приспособат на специфичностите на овој предмет до одреден степен, на пример, да го присвои (асимилира), јаболко како јаболко некој прво треба да се приспособи (акомодира) на големината на овој предмет. За да го направи тоа треба да се приближно ја препознае големината на предметот. Развојот ги зголемува рамнотежата или изедначувањето меѓу овие две функции. Кога се во рамнотежа, асимилацијата и акомодацијата создаваат ментални шеми на оперативната интелигенција. Кога една функција доминира над другата, тие создаваат претстави кои припаѓаат на фигуративната интелигенција. Тргнувајќи од оваа концепција, Пјаже претпоставува дека интелигенцијата е активна и конструктивна. Во буквална смисла, таа е активна, бидејќи зависи од активностите (отворени или прикриени, присвоени или приспособени), кои мислителот ги извршува за да ги изгради и обнови своите модели на светот. Исто така, таа е конструктивна бидејќи активностите, особено менталните активности, се поврзани со повеќе вклучени и кохезивни системи, на тој начин тие се зголемени на постабилно и поефективно ниво на функционирање. Пјаже верува дека овој процес на изградба води кон системите на менталното работење, поспособни да се спротивстават на илузиите на перцептивните појави и на тој начин помалку склони кон грешки. Со други зборови, постепеното градење на системот на менталното работење кој се наоѓа во оперативната страна на интелигенција му овозможува на лицето кое се развива да сфати поскриени и посложените аспекти на светот. Подолу ќе го резимираме развојот на оперативната интелигенција.

Четири фази на Пјаже

[уреди | уреди извор]

Според теоријата на Жан Пјаже за когнитивниот развој, интелигенцијата е основниот механизам за обезбедување рамнотежа во односите помеѓу личноста и животната средина. Ова се постигнува преку активностите на лицето кое се развива во светот. Во секој момент во развојот, животната средина е приспособена кон шемите на дејствување, кои се веќе се достапни и на оние шеми се менуваат или да се приспособуваат на одликите на предметите во животната средина и во околината и целиот универзум. Така, развојот на интелигенцијата е континуиран процес на асимилирање и акомодирање, кој води кон проширување на полето на примена на шеми, зголемување на поврзаноста меѓу нив и зголемување на апстрактните идеи. Механизмот кој лежи во основата на овој процес на зголемување на апстрактните идеи и поврзаноста се одразува на апстракцијата. Одразувањето на апстракцијата постепено доведува до отфрлање на надворешната активност, компонентите на сензомоторното работење на предметите и за зачувување на менталните компоненти на работењето. Ова се ментални активности, кои постепено се поврзуваат меѓу себе, создаваат структури на менталното работење. Овие структури на менталното работење се применуваат врз претставувањето на предметите. Говор, ментални слики и бројните забелешки се примери за претставување на предмети и на тој начин тие стануваат предмет на менталното работење. Покрај тоа, менталното работење, со развојот, станува реверсибилно. На пример, неколку предмети може да се пребројуваат од напред и од назад со разбирање дека на бројот на предмети кои се бројат не влијае правецот на пребројување, бидејќи истиот број може да се добие на двата начини. Пјаже опишувал четири главни периоди во развојот. Овие периоди се опишани подолу. Како што е прикажано подолу, според Пјаже интелигенцијата не е иста во различни возрасти. Се променува квалитативно, постигнувајќи пошироки, поапстрактни и поурамнотежени структури на тој начин овозможувајќи пристап до различни нивоа на организација на светот.

Сензомоторна фаза

[уреди | уреди извор]

Сензомоторната фаза е првата фаза од четирите фази на когнитивниот развој која трае од раѓањето до усвојувањето на говорот. Во оваа фаза, новороденчињата го изградуваат знаењето за светот преку поврзување на сетилните искуства (како вид и слух), со физичките, моторни активности. Новороденчињата стекнуваат знаења за светот од физичките активности кои ги извршуваат. Детето напредува од рефлексивна, инстинктивна активност од раѓањето до почетокот на симболичната мисла кон крајот на фазата. Пјаже ја поделил сензомоторната фаза во шест потфази. Од раѓањето до две години, новороденчињата имаат развиено само сетила за вид и слух и моторни вештини како што се: фаќање, цицање и одење. (од „Водич за психолошки студии“ на Бернштајн, Пинер, Кларк Стјуарт и Рој).

Потфаза Возраст Опис
1. Примитивни рефлекси од раѓањето до 6 недели „Поврзување на сетилата и активностите преку рефлексивното однесување“. Три основни рефлекси се опишани од страна на Пјаже: цицање на предмети во уста, следење на движење со очите или интересирање за предмети и затворање на дланките кога предметот е во допир со дланката (фаќање со дланката). Во текот на првите шест недели од животот, овие рефлекси почнуваат да стануваат доброволни активности, на пример, рефлексот на фаќање станува намерно фаќање.
2. Први навики и фаза на примарни циркуларни реакции од 6 недели до 4 месеци „Поврзување на сетилата и два вида на шеми. Навики (рефлекси) и примарни циркуларни реакции (повторување на еден настан што се случил случајно). Главниот фокус сè уште е на телото на новороденчињата “. Како пример за овој тип на реакција, детето може да го повтори движењето за поминувањето на својата рака пред своето лице. Исто така во оваа фаза може да започне пасивна реакција, предизвикана од класично или оперативно формирање на автоматски реакции.
3. Фаза на секундарни циркуларни реакции од 4 до 8 месеци Развој на навики. „Новороденчињата повеќе се насочуваат кон предметите, повторливи дејства кои даваат интересни или пријатни резултати.“ Оваа фаза, пред сè е поврзана со развојот на поврзаноста меѓу видот и намерата. Три нови способности се појавуваат во оваа фаза: намерно фаќање за саканиот предмет, секундарни циркуларни реакции и правење разлика помеѓу целта и средствата. Во оваа фаза, новороденчињата намерно се упатуваат во насока на посакуваниот објект, често за забава на пријателите и семејството. Започнуваат секундарните циркуларни реакции, или повторување на активностите вклучувајќи надворешни предмети, на пример, постојано го штракаат прекинувачот за да ја палат и гасат светилката. Исто така, се прави разлика помеѓу средствата и целта. Ова е можеби една од најважните фази за растот на детето, бидејќи го означува почетокот на логиката.
4. Фаза на координација на секундарните циркуларни реакции од 8 до 12 месеци „Поврзување на видот и допирот, поврзување на шемите и намерно однесување.“ Оваа фаза пред сè е поврзана со развојот на логиката и поврзување помеѓу средствата и целта. Ова е исклучително важна фаза за развојот, Пјаже ја нарекол „прва интелегентна шема на однесување.“ Исто така, оваа фаза го означува почетокот на насочување кон целта, намерното планирање на чекорите за остварување на целта.
5. Терцијални циркуларни реакции, нови средства и љубопитност од 12 до 18 месеци „Децата стануваат заинтересирани за многу својства на предметите и за многуте работи кои може да ги прават со тие предмети, испробуваат ново однесување.“ Оваа фаза, пред сè е поврзана со откривањето на нови средства за исполнување на целите. Во овој момент, Пјаже го опишува детето како „млад научник“, кој врши квази - експерименти за да открие нови методи за решавање на некој проблем.
6. Усвојување на шеми од 18 до 24 месеци „Децата развиваат способност да користат примитивни симболи и создаваат трајни ментални претстави“. Оваа фаза пред сè е поврзана со почетоците на согледување или вистинска креативност. Оваа фаза го означува преминот во предоперационалната фаза.

До крајот на сензомоторниот период, предметите се одвоени од себе и се трајни. Трајноста на предметите е разбирањето дека предметите продолжуваат да постојат, дури и кога тие не можат да се видат, слушнат или допрат. Според Пјаже, стекнување на чувство на трајност на предметите е едно од најзначајните достигнувања за новороденчињата.

Предоперационална фаза

[уреди | уреди извор]

Предоперационалната фаза е втората од четирите фази на когнитивниот развој. Со набљудување на делови од игра, Пјаже беше во можност да покаже дека кон крајот на втората година, се јавува квалитативно нов вид на психолошко функционирање. (Прет) концептуално мислење е секоја постапка на ментално дејствување на предмети. Главната одлика на предоперационалната фаза се мали и логично несоодветни ментални операции. Во текот на оваа фаза, детето учи да ги користи и да ги претставува предметите со слики, зборови и цртежи. Детето е способно да формира стабилни концепти, како и ментално расудување и магични верувања. Сепак, детето сè уште не е во состојба да врши операции, задачи кои детето може да го направи психички отколку физички. Размислувањето сè уште е егоцентрично. Детето има тешкотија да ја препознае перспективата на другите. Од претконцептуалното мислење може да се формираат две потфази.

  • Потфаза на симболичните функции

Се јавува на возраст помеѓу 2 и 7 години. Во периодот од 2 до 4 години, деца сè уште не може да манипулираат и да ги трансформираат информациите на логички начини, но сега можат да размислуваат во слики и симболи. Детето е во состојба да ги формулира облиците на предметите кои не ги гледаат. Други примери за менталните способности се говорот и преправањето дека се играат. Иако постои напредок сè уште има ограничувања како што се егоцентризам и анимизам. Егоцентризам се јавува кога детето не е во состојба да направи разлика меѓу сопствената перспектива и онаа на другите луѓе. Децата имаат тенденција да го гледаат светот од сопствена перспектива на она што го гледаат. На пример, експеримент е изведен од страна на Пјаже. Прикажани се три погледи на една планина и од детето се бара да покаже што гледа куклата која се движи од различни места, детето го гледа она што го гледа куклата. Анимизам е верувањето дека неживите предмети се способни за дејствување и дека имаат квалитет на живот. На пример, децата верувааат дека тротоарот е луд и дека поради него паднале.

  • Потфаза на интуитивното мислење

Се јавува на возраст помеѓу четвртата и седмата години. Децата имаат тенденција да станат многу љубопитни и да прашуваат многу прашања, започнува користењето на примитивното размислување. Се појавува интерес за размислување и сакаат да знаат зошто работите се такви какви што се. Пјаже ја нарекол потфаза на интуитивно мислење затоа што децата сфаќаат дека имаат огромно количество на знаење, но тие не се свесни за тоа како тоа го знаат. Во предконцептуалното мислење се вклучени центрираното и конзервацијата. Центрирано мислење е целосно фокусирање на една одлика во споредба со другите. Центрираното мислење е забележано во конзервација, свеста дека се менува изгледот на супстанцијата не ги менува нивните основни својства. Децата во оваа фаза не се свесни за конзервацијата. Во најпознатата задача на Пјаже , детето е претставено со две идентични пластични чаши во кои има исто количество вода. Детето обично забележува дека чашите имаат исто количество вода. Кога водата од една од чашите се истура во повисока и потесна чаша, деца кои обично се помлади од седум или осум години сега одговараат дека во двете чаши има различно количество вода. Детето едноставно се фокусира на висината и ширината на чашата во однос на општите одлики. Пјаже смета дека доколку детето не успее да ја реши задачата со консервација на количина на течност, тоа е знак дека тие се во предоперационалната фаза на когнитивниот развој. Исто така, детето не успева да покаже конзервација на број, работи, должина, волумен и површина. Друг пример е кога на детето му се прикажи седум кучиња и три мачки и на прашањето дали има повеќе кучиња од мачки, детето ќе одговори позитивно. Меѓутоа, кога го прашале дали има повеќе кучиња од животни, детето повторно ќе одговори позитивно. Таквите основни грешки во логиката се покажуваат на преминот меѓу интуитивноста во решавање на проблемите и вистинското логично размислување кои се стекнуваат во подоцнежните години кога детето ќе порасне. Пјаже сметал дека децата пред сè учат преку имитација и игра во текот на првите две фази, бидејќи тие изградуваат симболични претстави преку усвоената активност. Истражувањата биле спроведени во другите земји за да дознае дали теоријата на Пјаже е универзална. Психолог Патриша Гринфилд спроведе задача слична на експериментот на Пјаже со пластичната чаша во западноафриканската земја Сенегал. Нејзините резултати покажаа дека само 50 проценти од децата на возраст од десет до тринаесет години го разбраа концептот на конзервација. Слични резултати имало и во другите култури како што се централна Австралија и Нова Гвинеја. Ако возрасните го немааат стекнато овој концепт, тие нема да можат да ја разберат перспективата на другите луѓе. Можно е да има противречности во комуникацијата помеѓу експериментатор и децата кои можат да ги сменат резултатите. Исто така, се покажа дека ако конзервација не се практикува во одредена земја, концептот може да се предава на детето и со вежбање може да го подобри разбирањето на детето. Поради тоа, забележано е дека постојат разлики кај децата на различни возрасти во постигнување на разбирањето на конзервација, врз основа на тоа до кој степен културата ги предава овие задачи.

Фаза на конкретни операции

[уреди | уреди извор]

Фазата на конкретните операции е третата од четирите фази од теоријата на Пјаже за когнитивниот развој. Оваа фаза, која следи по претоперационалната фаза, се јавува на возраст помеѓу седум и единаесет години и се одликува со соодветна употреба на логика. Важни процеси во текот на овој стадиум се: Серијација - способноста за подредување предмети во ред според големината, форма или некоја друга особина. Транзитивност - способноста да се препознае логичка поврзаност меѓу елементите во сериски ред и да донесува преодни заклучоци (на пример, ако А е повисок од Б, а Б е повисок од В, тогаш А мора да биде повисок од В). Класификација - способноста да именува и да препознае група предмети според изгледот, големината или други особини, вклучувајќи ја и идејата дека една група предмети може да изклучува друга. Децентрирање - каде што детето ги зема предвид повеќето аспекти на проблемот за да го реши. На пример, детето веќе нема да гледа извонредно широка чаша туку кратка чаша која собира помалку од нормално широка, повисока чаша. Реверзибилност - детето разбира дека броеви или предмети може да се променат, а потоа се вратат во нивната оригинална состојба. Поради оваа причина, детето ќе биде способно брзо да сфати дека ако 4 + 4 е еднакво на 8, 8 - 4 ќе е еднакво на 4, оригиналното количество. Конзервација - разбирањето дека количество, должина или број на предмети е поврзано со уредувањето или изгледот на предмет или предмети. Намалување на егоцентризмот - способноста да ги гледа работите од друга перспектива е (дури и ако мислат погрешно). На пример, покажете му на дете, детска сликовница во која Џејн става кукла под кутија, излегува од собата, а потоа и Мелиса ја става куклата во некоја фиока и Џејн се враќа. Дете во фазата на конкретни операции ќе одговори дека Џејн сè уште мисли дека куклата е под кутијата, иако детето знае дека е во фиоката. (Исто така, видете задача на лажно верување). Сепак, децата во оваа фаза може само ги решат проблемите кои се однесуваат на вистински (конкретни) предмети и настани, а не и апстрактни поими или хипотетички задачи.

Фаза на формална операција

[уреди | уреди извор]

Фазата на формалните операции е четвртата и последна фаза на теоријата на Пјаже за когнитивниот развој. Оваа фаза, која следи по фазата на конкретните операции, започнува на возраст околу 11 години (пубертет) и продолжува во зрелоста. Во оваа фаза, поединците излегуваат од конкретните искуства и започнуваат да размислуваат апстрактно, да размислуваат логично и да извлекуваат заклучоци од достапните информации, како и да ги применуваат овие процеси во хипотетички ситуации. Квалитетот на апстрактното на адолесцентното мислење во нивото на формалните операции е очигледен во способноста на адолесцент за вербално решавање на проблемот. Логичкиот квалитетот на адолесцентното мислење е кога децата имаат поголеми шанси да ги решат проблемите со начинот со обидување и правење грешки. Адолесцентите почнуваат да мислат повеќе како научник, смислуваат планови за решавање на проблеми и систематско испитување на решенија. Тие користат хипотетичко-дедуктивно размислување, што значи дека тие развиваат хипотези или најдобри претпоставки и систематски заклучуваат или заклучуваат кој е најдобриот пат за следење за решавање на проблемот . За време на оваа фаза на адолесцентот е во состојба да разбере работи како љубов, логички докази и вредности. Во текот на оваа фаза младичите почнуваат да ги истражуваат можностите за во иднината и се фасцинирани од она што тие може да бидат. Исто така, адолесцентите когнитивно го менуваат и начинот на кој тие мислат за социјалните прашања. Егоцентризмот на адолесцентот го уредува начинот на кој адолесцентите размислуваат за социјалните прашања и ја зголемува нивната самосвест за тоа какви се, што се одразува во нивното чувство на лична посебност и непобедливост. Егоцентризмот на адолесцентот може да се анализира во два вида на социјално размислување, имагинарна публика, која вклучува внимание и лична приказна која вклучува чувство на лична посебност и непобедливост на адолесцентот.

Фазите и причинско - последичните односи

[уреди | уреди извор]

Пјаже го гледа концептот на причинско-последичните односи на децата како напредување од примитивните концепти за причината кон тие од понаучна, поригорозна и помеханичка природа. Овие примитивни концепти се одликуваат како магиски, со дефинитивно неприроден и немеханички стил. Пјаже го припиша ова на неговата најосновната претпоставка дека бебињата се феноменалисти. Тоа значи дека нивното знаење се состои од присвојување работи кон шемите од нивните сопствени активности, од детска гледна точка, да имаат квалитети кои всушност потекнуваат од организмот. Според тоа, овие субјективни сфаќања, кои се многу распространети во текот на првата фаза на развој на Пјаже, се уништени по откривањето на подлабоки емпириски вистини. Пјаже дава пример со дете кое верува дека месечината и ѕвездите ноќе го следат, по сознанието дека таков е и случајот со неговите пријатели, тој мора да се оддели од предметите, што ја објаснува теоријата дека месечината е неподвижна. Втората фаза од околу три до осум години се одликува со комбинација од овој вид на магични, анимистички или неприродни концепции на причинско-последичните односи и механичките или натуралистичките причинско-последични односи. Овој спој на природните и неприродни причински објаснувања наводно потекнува од искуството, иако Пјаже не направил многу обиди да ја опише природата на разликите во концептот, во своите средби со децата, тој конкретно поставува прашања за природните појави: „Зошто облаците се движат?“, „Зошто ѕвездите се движат?“, „Зошто реките течат?“. Природата на сите дадени одговори, вели Пјаже, се дека овие објекти мора да ги извршуваат своите обврски кон луѓето. Тој тоа го нарекува морално објаснување.

Предизвици на фазите на теоријата на Пјаже

[уреди | уреди извор]

Мислењето на Пјаже за развојот беше предизвикано на повеќе основи. Прво, како што истакна Пјаже, развојот секогаш не напредува на истиот начин како што предвидува неговата теорија. Променливи или непредвидени празнини во напредокот на развојот, укажуваат на тоа дека на фазниот модел во најдобар случај е корисно приближување. Пошироко, теорија Пјаже е општ домен, кој предвидува дека когнитивното созревање се јавува истовремено во различни домени на знаење (на пример, математика, логика, разбирање на физиката, јазик итн.). Во текот на 1980-тите и 1990-тите години, развивачите на когнитивните процеси биле под влијание на неонативистичките и еволутивните психолошки идеи. Овие идеи повторно го истакнаа доменот на општи теории и ја нагласија специфичноста на доменот или модуларноста на умот. Модуларноста укажува дека различни когнитивни способности може да бидат во голема мера независни едни од други и на тој начин се развиваат во согласност со сосема различни временски периоди. Во оваа насока, некои развивачи на когнитивните процеси тврделе дека наместо доменот на општи ученици, децата да се снадбуваат со домен на специфични теории, кој понекогаш се нарекува домен на основни знаења, што им овозможува да навлезат во учењето во рамките на тој домен. На пример, се чини дека дури и новороденчињата се осетливи на некои предвидливи регуларности во движењето и интеракцијата со предметите (на пример, дека еден предмет не може да помине преку друг) или во човековото однесување (на пример, дека раката постојано посега по еден предмет) тој предмет нема само одредена патека на движење, бидејќи таа е нејзиниот градежен блок од кој е изградено поелаборирано знаење. Поновите работи силно оспоруваат некои од основните претпоставки на училиштните основни познавања и ги ревидираат идеите од општиот домен, од поновите пристапи на динамичните системи, а не од ревидираната перспектива на Пјаже. Пристапите на динамичните системи се освртуваат на современите невронаучни истражувања што не беа достапни за Пјаже кога ја создаваше неговата теорија. Едно значајно откритие е дека доменот на специфични знаења е изграден на начинот како децата го развиваат и интегрираат знаењето. Ова укажува на појасна интеграција на учење и развој, отколку таа на Пјаже или неговите неонативистички критичари, беше предвидена. Дополнително, некои психолози, како Виготски и Џероми Бранер, кои размислуваа поинаку од Пјаже, укажуваат на тоа дека јазикот е многу повеќе.

Фази на следбениците на Пјаже

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Теории на когнитивниот развој на следбениците на Пјаже Во последните неколку години, неколку научници се обидоа да ги ублажат проблемите во врска со теоријата на Пјаже преку развивање на нови теории и модели кои можат да обезбедат докази дека ги злоупотребуваат предвидувања и претпоставките на Пјаже. Подолу е прикажан краток опис на овие модели.

  • Теориите за когнитивниот развој на следбениците на Пјаже напреднати од Кејс, Димитроу, Халфорд, Фишер и Пасквал Леон се обиделе да ја интегрираат теоријата на Пјаже со когнитивните и диференцијалните теории на когнитивната организацијата и когнитивниот развој. Нивната цел била да се подобри мислењето за когнитивните фактори на развојот и за интраиндивидуалните и интериндивидуалните разлики во когнитивниот развој. Тие укажуваат дека развојот во фазите на Пјаже се должи на зголемување на капацитетот на работната меморија и ефикасността на обработката на информации. Покрај тоа, теоријата на Димитроу припишува важна улога на хиперкогнитивните процеси на автоматско снимање, самоследење и саморегулирање и ја признава работата на неколку релативно автономни домени на мислење ( Димитроу, 1998 година).
  • Предложени се постформални фази. Курт Фишер предложи две, Мајкл Комонс претставува докази за четири постформални фази: систематската, метасистематската, парадигматичната и крос парадигматичната. (Комонс и Ричардс, 2003 година; Оливер, 2004 година).
  • Предложена е реченична фаза, се јавува пред почетокот на претоперационалната фаза. Предложена од страна на Фишер, Бигс и Бигс, Комонс и Ричардс.
  • Пребарување на микро-физиолошка основа за човековиот ментален капацитет, Трајал (1978 година, Дел В5.4; 1999 година, Дел 8.4) предложил дека може да постојат претсензомоторни фази (М-1L, М-2L, ... ...), развиени во матката и / или да се пренесуваат генетски.

Поставени физички механизми во основата на шемите и стадиумите

[уреди | уреди извор]

Пјаже (1967 година) ја сметал можността дека молекулите од РНК кои најверојатно се олицетворение на неговите сè уште апстрактни шеми (кој ги претстави како единици на дејствување), иако тој не најде каков било цврст заклучок. Во тоа време, благодарение на работата, како онаа на Холгер Хајден, концентрациите на РНК навистина се покажа дека се поврзани со учењето, па идејата беше сосема веродостојна. Меѓутоа, по смртта на Пјаже во 1980 година, овој поим го загуби значењето. Главен проблем беше белковината која (како што се претпоставуваше), како РНК дополнително ќе го произведе, кој не е во согласност со набљудувањето. Но, потоа се изненадувачки се покажа дека само околу 3% од РНК ја содржи оваа белковина. (Матикс, 2001 година, 2003 година, 2004 година ). Оттука повеќе од 97% од остатокот (јадрената РНК) теоретски ги докажува шемите на Пјаже. Проблемот сè уште не е експериментално докажан, но неговите теориски аспекти се ревидирани (Трајал, 2005 / 2008 година).

  1. Franzoi, Stephen L. (2014). Essentials of Psychology (5th ed.). Redding, CA: BVT Publishing. p. 119. ISBN 9781618826947.