Танцов камп Херанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Танцов камп Херанг
Почнува29-ти јуни, 2019
Завршува3-ти август, 2019
ЧестотаГодишно
ОдржувалиштеХеранг
МестоХеранг
ЗемјаШведска
Одржување40 години
Започнат1982; пред 40 години (1982)
Посетеност3,000-4,000
Површина40 држави
АктивностТанц со замавнување (свинг)
Мрежно местоherrang.com
[1][2][3]
Танцување во Херанг Фолкетс Хус за време на танцовиот камп Херанг во 2016 година.
Танцување во Херанг 2016 година.

Танцовиот камп Херанг (најчесто скратено ТКХ, официјално Herräng Dance Camp Aktiebolag) е најголемиот годишен танцов камп кој се фокусира на Линди Хоп, буги вуги, џез танц и балбоа. Се одржува 5 недели годишно од крајот на јуни до јули во Херанг, Шведска.

Во кампот се имаат претставено танчери од свинг ерата, вклучувајќи ги Френки Менинг,[4] Норма Милер,[5] Чаз Јанг и Доун Хемптон.[6]

Со повеќе од 750 луѓе кои присуствуваат секоја недела во споредба со населението на селото Херанг од 400 до 600,[7] кампот собира значителен број секое лето за да ги задоволи потребите на големиот број танчери. Некои од најзабележливите додатоци на Херанг за време на танцовиот камп Херанг вклучуваат неколку кафулиња; целосна кафетерија која служи оброци на шведска маса; продавница за опрема за танцување, додатоци и секојдневни неопходни работи; изнајмување велосипеди; домување од различни стандарди; и ноќна забава.[8]

Кампот е во сопственост и управуван од Лоренц Илг, Фрида Сегердал, Фатима Тефахи, Даниел Хидман и Ленарт Вестерлунд.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот Танцов камп Херанг траел една недела, почнувајќи од 1-ви август 1982 година, а бил организиран од страна на Шведското свинг друѓтво, организација за свинг танц со седиште во Стокхолм, Шведска. На него присуствувале околу 25 учесници и сѐ било предавано од страна на Џон Кленси од Њујорк. Присуството се зголемило на речиси 100 студенти во втората година. Во следните пет години, кампот станувал сѐ повеќе популарен во и околу Шведска, а присуствувале само шведски танчери.

За време на заживувањето на свингот во доцните 1980-ти, кампот почнал да привлекува меѓународно внимание. Во 1989 година, во Херанг биле организирани два посебни кампа, еден од Ритмичките Хот Шотс и друг од традиционалните организатори, Шведското Свинг Општество.

За кампот во 1989 година организиран од Ритмичките Хот Шотс, Френки Менинг, преживеан член од ерата на свингот, бил поканет да предава во кампот.[9]

Натпреварувачките танцови кампови се одржувале пет години, до 1994 година, кога двете групи го одржале првиот обединет танцов камп Херанг.

Во текот на 1990-ти години, кампот привлекол поголемо меѓународно внимание, почнувајќи да привлекува многу танчери од земји надвор од Шведска и Европа.

Кампот за малку ќе банкротирал во 2003 година, а потоа бил преземен од неговите сегашни сопственици. Во 2020 година кампот бил откажан поради пандемијата КОВИД-19.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Herrang Dance Camp: THE HISTORY AND THE PRESENT“. Herrang Dance Camp. 28 December 2011.
  2. Simpson, Peter Vinthagen (July 16, 2010). „Herräng: Sweden's Lindy Hop heartland“. The Local.
  3. Gruber, Barbara (August 2007). „Sweden: Doing The Swing at the Herräng Dance Camp“. Deutsche Welle.
  4. Friedman, Marilyn (April 30, 2019). „Is Dancing the Kale of Exercise?“. The New York Times.
  5. Sago, Renata (August 10, 2018). „From Harlem to Herrang: An Original Lindy Hopper Blooms in Sweden“. The New York Times.
  6. „Herrang Dance Camp: NEWSLETTER NOVEMBER 2016“. Herrang Dance Camp. 31 October 2016.
  7. Hancock, Black Hawk (May 30, 2013). American Allegory: Lindy Hop and the Racial Imagination. University of Chicago Press. ISBN 9780226043074.
  8. „Herrang Dance Camp: SERVICES AND LOCATIONS“. Herrang Dance Camp. 16 November 2015.
  9. Manning, Frankie; Millman, Cynthia (2007). Frankie Manning: Ambassador of Lindy Hop. Philadelphia: Temple University Press. ISBN 978-1-59213-563-9.
  10. https://web.archive.org/web/20200510072011/https://www.herrang.com/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]