ТСР контрола на застој

Од Википедија — слободната енциклопедија

Еден од многуте важни аспекти за ТСР е т.н. контрола на застој. ТСР користи бројни механизми за да постигне високи перформанси и за да ги избегне овие застои. Овие механизми ја контролираат ратата на податоци што влегуваат во мрежата, притоа внимавајќи податочниот проток да биде под границата која ќе предизвика застој. Модерните имплементации на ТСР содржат четири алгоритми за имплементација: Slow-start, congestion avoidance, fast retransmit и fast-recovery.

Механизми за избегнување на застоите

Заштита од појава на застој содржи два битни дела:

  1. Механизам во насочувачите за да ги реорганизира пакетите додека трае падот
  2. Крај-крај механизам за контрола дизајниран во крајните точки каде се појавил застојот и соодветна реакција

Најчестите механизми за избегнување на застоите се т.н. Fair queueing или други оптимизирачки алгоритми . Првиот механизам за избегнување на застој бил развиен во 1984, но првиот квалитетен механизам бил развиен во 1988 кога Van Jacobson дал отворено решение за овој проблем, кој го изработил за Berkley Standard Distribution UNIX (“BSD”). UDP не содржи во себе механизам за справување со застој. Протоколите кои го имплементираат UDP потребно е самите да се справат со овој проблем. Така на пример Real- time streaming протоколите, кои во себе вклучуваат Voice over IP протоколи имаат сопствени дефинирани механизми кои може да се справат со застоите во мрежа. Генерално може да се заклучи застојот во датаграм мрежите треба да се одржува надвор од мрежата, за да можат механизмите да се справат со него. Застојот во Internet Backbone е многу тежок за справување. Но, затоа во денешно време сè повеќе се употребува влакнестата оптика која ја намалува можноста за појава на застој.

Класификација на алгоритмите за избегнување на стој

Постојат неколку различни начини за класификација на алгоритмите:

  • Според типот и количеството на повратни информации од мрежата
  • Според аспектот на перформансите
  • Според критериумот за правичност: max-min, пропоционален, минимум потенцијал на одржување
  • Според распоредувањето на застојот во мрежата

Мрежен капацитет

Главниот проблем кој се појавува е тоа што сите мрежни ресурси се лимитирани, вклучувајќи го и времето на насочувачот за обработка и пропусната моќ на врската. Пример:

  • Пропусната моќ на безжичните LAN изнесува (15-100Mbit/s) кој лесно може да биде пополнет од еден личен сметач
  • Покрај брзите компјутерски мрежи (пр.1Gbit/s), backbone лесно може да биде достигнат од неколку опслужувачи и клиентски компјутери.

Негативни страни на контролата на застој

Радио врски

Протоколите кои ги избегнуваат застоите се засноваат на идејата дека губењето на податоците на Интернет е предизвикано од застоите. Како на пример WiFi,3G или други мрежи имаат слаб пренос на податоци заради интерференцијата која се јавува кај безжичните мрежи. ТСР врска ќе увиди дека имало губење на податоци и ќе верува дека имало застој иако немало и ќе ја намали податочната рата.

Short-lived врски

Slow-start протоколот работи лошо за т.н.short-lived врски. Имено, постарите прелистувачи создале многу последователни short-lived врски до опслужувачот, и ги отворале или затворале врските за секој податотека посебно. Ова резултирало со тоа што повеќето врски работеле со бавно време на одговор. За да се избегне овој проблем модерните прелистувачи или отвораат повеќе врски истовремено или отвораат една врска за сите податотекаови од даден опслужувач.