Сугороку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Табла и парчиња за играње „двојна шестка“, династија Љао

Сугороку (јапонски: 雙六 или 双六) - јапонска забавна игра, слична на некогашната популарна европска игра трик-трак. Сугороку се игра со коцки, најчесто направени од дрво и обележани со броеви од еден до шест, кои се поместуваат на картонска или дрвена табла, украсена со разновидни слики. Во играта победува оној играч кој е повешт, но и кој има среќа. Постојат два начина на кои се игра сугороку: стар и современ. Денес, сугороку игра најчесто младината, а во минатото - благородниците. Во играта може да учествуваат повеќе лица. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Džašumon“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 52.