Прејди на содржината

Спирална динамика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Спирална динамика е теорија за човечкиот развој претставена во книгата Спирална динамика од Дон Бек и Крис Кауан во 1996 г. Книгата се заснова на теоријата на професорот по психологија Клер В. Грејвс.

Спиралната динамика тврди дека човечката природа не е фиксна: луѓето се способни, кога се принудени од страна условите за живот, да се прилагодат на нивната животна средина и да изградат нови, посложени, концептуални модели на светот кои ќе им дозволат да се справат со новите проблеми. Секој нов модел ги надминува и вклучува сите претходни модели. Според Бек и Кауан, овие концептуални модели се организирани околу т.н. v-меми (vMemes): системи на основни вредности или колективна интелигенција, кои се применуваат и за поединци и за цели култури.

Во спиралната динамика, терминот v-мем (vMeme) се однесува на основниот систем на вредности, делува како организирачки принцип, кој се изразува преку меми (авто-размножувчки идеи, навики или културни практики). Буквата V која стои на почетокот на зборот укажува дека овие не се основни меми, туку вредносни системи кои ги вклучуваат. Боите дејствуваат како потсетници за условите за живот и умствениот капацитет на секој систем и се менуваат наизменично меѓу ладни и топли бои, како дел од моделот. Во рамките на моделот, поединците и културите не влегуваат јасно во секоја поединечна категорија (на боја). Секоја личност/култура отелотворува мешавина од вредносни шеми, со различен степен на интензитет во секоја од нив. Спиралната динамика тврди дека не е линеарен или хиерархиски модел, иако ова тврдење е оспорено.

Според спиралната динамика, постојат бесконечни нивоа на напредок и регресија со текот на времето, во зависност од животните околности на лицето/културата, кои никогаш не се дефинирани. Преминување во повисоки фази на развој не е синоним со воспоставување на 'подобар' или 'поточен' систем на вредности. Сите фази коегзистираат и во здрави и нездрави состојби, при што било која фаза на развој може да доведе до несакани резултати во однос на здравјето на човечката и општествената средина.

Мем-нивоа од првото скалило се фокусираат на различни теми за егзистенција, и ги вклучуваат речиси сите погледи на свет, култури и менталните ставови до денес. Нови системи се градат врз адаптации на претходните нивоа и се обидуваат да ги решат проблемите создадени живеењето на тие поранешни начини. (Приложување конкретни примери на овие степени на психолошки постоење е тешко и често погрешно, бидејќи (а) може да постојат повеќе причини за истото однесување и (б) централизацијата во едно ниво во однос на сите аспекти на живеење е ретка. Некои поборници на спиралната динамика тврдат дека овие се начини на размислување за нешта, а не за типови на луѓе. Сепак, спиралната динамика експлицитно дефинира категорија на луѓе етикетирани како "спирални магуси" кои постигнале рамнотежа на мем од "повисоко ниво".

  • Резиме: Архаично уредување, инстинкт, преживувачки, автоматски рефлекси
  • Време на потекло: о. 100.000 г. п.н.е. во Блискиот Палеолит
  • Опис: „Самоизразување за да се исполнат императивни физиолошки потреби преку инстинкти на хомо сапиенс.“

Виолетов

[уреди | уреди извор]
  • Резиме: анимизам, магиско-анимистичко племенско уредување
  • Време на потекло: 50.000 г. п.н.е.
  • Опис: „Жртва на начинот на живеење на старешините и обичаите како поединец сумиран во група.“ Ова е ниво на традиционалните култури.
  • Резиме: егоцентризам,експлоативни моќни богови, доминионизам
  • Време на потекло: 7000 п.н.е.
  • Опис: „Самоизразување (импулсивно) за она што посакуваме, без вина и да се избегне срам.“ Изразен преку менталитетот на улични банди, Викинзите, итн.
  • Резиме: апсолутизам, послушност, митови, насоченост кон ред, авторитаризам
  • Време на потекло: о. 3000 г. п.н.е.
  • Опис: „Саможртвување за награда преку послушност кон вистинскиот орган во на начин кој и служи на целта.“ Отелотворен во фундаменталистичките религии.

Портокалов

[уреди | уреди извор]
  • Резиме: повеќекратност, насоченост кон достигнување, наука, стратегија
  • Време на потекло: о. 1000 г. н.е. (уште од 600 г. н.е. според Гејвс и Калун)
  • Опис: „Самозразување (пресметано) да се постигнат цели и задачи без да се разбуди гневот на важни фигури.“ Изразен преку научната револуција и индустриската револуција.
  • Резиме: релативизам, персонализам, комунитаризам, егалитарианизам
  • Време на потекло: од 1850 г. (произлезе во раниот 20. век)
  • Опис: „Шртвување на личниот интрест сега за да се биде прифатен и да се добие групна хармонија.“ Изразен во плурализмот и системските теории во шеесеттите години на 20. век.

Теоријата за спирална динамика гледа на второто скалило на v-меми како нови нивоа кои постепено се движат подалеку од нивоата од првиот ред каде фокусот е на егзистенцијата, кон нивоа чија суштина е постоењето. Постоењето на две различни скалила на психички развој беше воведен од страна на основачот Гејвс. Кауан тврди дека е можно Грејвс да ги вовел скалилата во системот како маркетиншки инструмент. До денес не постои истражување кое докажува дека постојат две скалила. Кауан повеќе не го поддржува постоењето на две скалила, но тврди дека единственото нешто што сега е познато за жолтиот и тиркизниот систем е дека тие се многу посложени верзии на портокаловиот и зелениот. Теоријата со неизвесен крај сугерира дека коралните нивоата и понатаму сè уште не се значително формирани и ќе се зацврстат како што поголемиот дел од општеството ќе се развива кон овие меми.

  • Резиме: систематски-интегративен
  • Време на потекло: педесеттите година на 20. век
  • Опис: „Самоизразување не само на сопствените желби, туку и за избегнување да се повредат другите, така што сиот живот, не само сопствениот живот, ќе има корист.“

Тиркизен

[уреди | уреди извор]
  • Резиме: холизам
  • Време на потекло: седумдесеттите години на 20. век
  • Опис: Интегративен систем кој ги комбинира потребниот личен интерес на еден организам со интересите на заедницата во која припаѓа. Теоријата е сè уште во процес на формирање.

Понатамошен развој

[уреди | уреди извор]

Системот на бои беше додаден во 70-тите години на 20. век како графички елемент за декорација материјалите за обука кој го користеа Кауан и Бек. Терминот v-мем (vMeme) беше воведен од страна Бек и Кауан во спиралната динамика каде што јазикот на бојата ја замени оригиналноста на терминологијата на Грејвс. Грејвс користел парови од букви кои се однесуваат на секое ниво и не сметал на каква било врска со меметиката. Бек и Кауан ги нагласија „промена на состојбата“ кои се дел од теоријата на Грејвс. Тие идентификуваат место на патот до трансформација помеѓу нивоата. Оригиналната теорија на Грејвс користи модел на двојна завојница да ја покаже меѓусебната поврзаност на перцепцијата на поединецот на условите за живот со неговиот внатрешен неврален систем, што доведува до ниво на психолошко постоење. Оваа двојна завојница на две сили на интеракција е наведен како спирала во спиралната динамика.

По објавувањето на нивната книга, Бек и Кауан ја предаваа оваа теорија во два предмети, SDI и SDII. Тие ја прекинаа нивните формални работни односи во 1999 г. По ова и двајцата продолжија да нудат различни обуки, како консултации. Бек помина неколку години применувајќи ја теоријата на спирална динамика додека работеше со поединци и групи во Јужна Африка, вклучени во процесот на транзиција од апартхејд за што му била оддадена државна чест од Тексас. Бек продолжува да води сесии користејќи го моделот и во бизнисот и во политиката. Лорејн Лаубшер ја продолжи неговата работата во Јужна Африка.

Бек и Кен Вилбер (со неговата интегрална теорија) се заинтересираа за работата на другиот, што резултираше со тоа што Бек разви гранка на спиралната динамика која ја нарекува Спирални динамика-Интеграл. Оваа верзија на теоријата користи интегрални концепти како што се четирите квадранти. Бек е исто така поврзан со духовниот учител, Ендрју Коен. Овој приод продолжува да се применува и понатаму се разви во организациски и општествени контексти.

Кауан не го поддржува ова и промовира верзија на теоријата за која вели дека останала повеќе верна на оригинални истражувања на Клер Грејвс и се развива од неа. Тој продолжува да го користи терминот ‘Спирални динамика‘ за да ја опише неговата работа, бидејќи тој го скова заедно со Бек. Со својот партнер, Наташа Тодоровиќ, започна да ја интегрира спиралната динамика со НЛП (невролингвистичко програмирање) и други модели, и да развива корпоративна стратегија и практична примена. Тој, исто така, предложи дополнителен коралниот v-мем (vmeme) на второто скалило, кое се занимава со развојот на невролошкиот капацитет.

Сите надворешни мрежни места кои се наведени подолу ја промовираат организацијата на еден од двата соавтори.

Патологија

[уреди | уреди извор]

Според Дон Бек и Кен Вилбер, секој v-mem (vMeme) има и здрава и нездрава верзиja. Патологиите понекогаш се нарекуваат „лоши“ како на пр. „лош зелен v-мем“ (ЛЗМ) или „лош портокалов v-мем“ (ЛПМ). Како примери, ЛПМ вклучува крајности на капитализмот како експлоатација, уништување на животната средина и општ недостаток на етика и чувствителност, додека ЛЗМ вклучува перформативните контрадикции како анти-хиерархија, анти-конкуренција, итн.

Кауан оспорува дека постои каков било веродостоен доказ за постоење на „лош зелен v-мем“ и дека тоа е погрешно претставување на теоријата. Иако ги признава проблемите споменати погоре, Кауан тврди дека тие постојат во други вредносни системи, како и, нивното поврзување само со зелениот v-мем е премногу симплистички. Тој смета дека терминот „лош“ е несоодветен и претставува теоретско нарушување кога прашањата за адаптација или лоша адаптација, сличност и неефективност се порелевантни. Психопатологијата потенцијално постои на сите нивоа и е друга димензија.

Тодоровиќ нуди податоци и анализа што водат до заклучокот дека претпоставката „лош зелен мем“ е оспорена од податоците. Тодоровиќ понатаму заклучува дека ЛЗМ е „неуспешна анализа“ основана на различни заблуди во врска со спиралната динамика и претставува „алармантна погрешна дијагноза“ и го брендира ЛЗМ како штетна „форма на спиралниот фундаментализам.“

Критики за Спиралната динамика

[уреди | уреди извор]

Критичарите истакнуваат дека импликациите на моделот се политички, како и развојни, и дека додека терминологијата на теоријата е самосвесно инклузивна, на практичните импликации на моделот може да се гледа како општествено елитистички и авторитарни. Во својата работа на оваа тематика, Бек нагласува дека една од одликите на лицата на „второто скалило“, исто така наречени „спирални магуси“, е нивната способност да донесат супериорни одлуки за сите засегнати страни и да наидат на согласност на нивните пристапи во пониските нивоа користејќи резонантни термини и идеи. Покрај конципирањето на основната развојна теорија, спиралната динамика дава експлицитни предлози на овие „магуси“ за управувањето на поединци од „пониското скалило“, со и без нивна согласност. Еден критичар на спиралнната динамика, Мишел Баувенс, тврди дека некои концепции за тоа што значи да се биде на „второто скалило“ почнуваат да наликуваат на идејата на Ниче за „натчовек“. Соавторот на теоријата, Кауан, јавно се огради од идеите кои во моментов ги промовира неговиот поранешен партнер Бек заедно со Кен Вилбер.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Spiral Dynamics: Mastering Values, Leadership, and Change, Don Beck and Christopher Cowan, 1996, ISBN 1-55786-940-5
  • Robinson, DA, Goleby, M, & Hosgood, N 2006 Entrepreneurship as a Values and Leadership Paradigm Paper presented to Fourth AGSE International Entrepreneurship RESEARCH Exchange 7–9 February 2007 BGSB, QUT, Brisbane
  • The Never Ending Quest, Christopher Cowan and Natasha Todorovic, 2005, ISBN 978-0-9724742-1-4

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]