Прејди на содржината

Софтвер за менаџмент на снабдувачки синџири

Од Википедија — слободната енциклопедија

Софтвер за раководење со снабдувачки синџири (Supply-chain-management software - SCMS) - софтверски алатки или модули што се користат при извршување на трансакции со синџирот на снабдување, управување со врските со добавувачи и контролирање на поврзаните деловни процеси.[1]

Додека функционалноста во ваквите системи честопати може да биде широка - таа обично вклучува:[2]

  1. Обработка на барања од клиенти
  2. Обработка на нарачки
  3. Продажба и распределување
  4. Управување со залихите
  5. Прием на стоки и управување со магацин
  6. Управување со добавувачи/извори

Барањето од софтверите за управување со снабдувачки синџири вклучува предвидување. Алатките честопати се обидуваат да ја балансираат разликата помеѓу понудата и побарувачката преку подобрување на деловните процеси и користење алгоритми и анализа на потрошувачката за подобро планирање на идните потреби.[3] Синџирот за менаџмент со снабдувачки синџири исто така често вклучува технологија за интеграција што им овозможува на организациите да тргуваат електронски со партнери во синџирот на снабдување. [4]

Исто така, тесната интеграција со системот за финансии е неопходна за повеќето компании кои се занимаваат со управување со синџирот на снабдување. Оттука, повеќето софтверски системи достапни денес се интегрирани во финансии - плаќања на сметки, побарувања на сметки и главна книга. Ова го олеснува управувањето со книговодството за организациите со леснотија. Цврсто интегрираниот процес на набавка и продажба им овозможува на организациите да се справат со своите секојдневни активности со помалку напор.

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2015-07-17. Посетено на 2020-12-02.
  2. „CargoFlash“.
  3. Developing Quality Complex Database Systems: Practices, Techniques, and Technologies By Shirley A. Becker
  4. Strategic Supply Chain Alignment: Best Practice in Supply Chain Management By John L. Gattorna