Прејди на содржината

Софија Никитчук

Од Википедија — слободната енциклопедија

Софија Викторовна Никитчук е родена на 20 октомври 1993 година. Таа е руска глумица, модел и ја носи титулата за убавица прогласена на Мис Русија 2015 и ја претставувала својата земја на изборот за Мис на светот 2015 година. 

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Софија Никитчук е родена на 20 октомври 1993 година во Снежинск, Чељабинска област, Русија. Нејзината мајка Татјана била доктор, а татко и служел во руската војска. Таа завршила музички и уметнички училишта, посетувала часови по готвење и се занимавала со гимнастика и танцување. Откако Софија се преселила во Екатеринбург започнала да студира на Федералниот универзитет Урал.

Никитчук моментално студира на Факултетот за хуманистички науки и уметности на Федералниот универзитет Урал во Екатеринбург, Свердловска област.[1] Во 2015 година ја освоила титулата Мис Екатеринбург.[2]

Таа ја глумела улогата на Елена од Молдавија во историската ТВ-драмска серија „Софија“ во 2016 година.

Мис на Русија 2015 година

[уреди | уреди извор]

На 18 април 2015 година Никитчук била прогласена за Мис на Русија 2015 година во луксузната концертна сала во селото Барвика во Москва.

Мис на светот 2015 година

[уреди | уреди извор]

Како „Мис на Русија 2015“, Никитчук ја претставувала својата држава на Мис на светот 2015 година. Таа била првопласираната на натпреварот на 19 декември.[3]

  1. „Miss Russia 2015: Sofia Nikitchuk Profile“. missosology.info. April 18, 2015.
  2. „Miss Russia 2015: Crowning Moment“. news.yahoo.com. April 18, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-19. Посетено на 2021-02-14.
  3. „Miss Russia 2015: Sofia Nikitchuk“. pageantsnews.com. April 18, 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2021-02-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]