Смрдлива гулапка
Смрдлива гулапка (Russula foetens) или смрдливка е честа габа од родот Гулапки. Го добила името по исклучително непријатниот мирис. Расте во листопадни и четинарни шуми во текот на летото и есента. Тaа е распространет вид.
Опис на плодното тело
[уреди | уреди извор]Шапката е со пречник до 20 см, многу леплива месеста, заоблена, потоа раширена и на крај конкавно. Валкано окер до ’рѓосано кафеава, слична на мед. Работ на шапката е преклопен и покриен со стрии. Кожата на шапката лесно се лупи. Рачката е со големина од 15 × 4 см, шуплива, лесно разбиена, во бела боја со можни потемни тонови. Лисјата се густи и лесно кршливи, во крем боја и попрскани со ’рѓосана кафеава боја. Месото е бело со ’рѓосани нијанси. Исклучително непријатен мирис кој потсетува на изгорени коски, многу лут.
Микроскопија
[уреди | уреди извор]Спорите се елиптични до округлести со јасно одделени шилци. 8−11 × 9 мм.Отпечатокот на спорите е кремова боја.
Јадење
[уреди | уреди извор]Не е за јадење, можно е да е многу отровен
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Russula foetens
-
Russula foetens
-
Russula foetens
-
палец Russula foetens
-
Russula foetens - капа
-
Russula foetens
-
Russula foetens
Литература
[уреди | уреди извор]- Узелац, Бранислав (2009). Печурки во Србија и Западен Балкан . Белград: БГВ.
- Gabi,Romano Bozac