Скопско научно друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија

Скопското научно друштво (Скопје, 25 март 1921) – било основано по иницијатива и со ангажирање на Тихомир Ѓорѓевиќ, професор на Белградскиот универзитет. За прв претседател бил избран Тихомир Остоиќ, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, а по неговата смрт бил избран Радослав Груиќ, исто така декан на Филозофскиот факултет во Скопје. До 1925 г. Друштвото немало редовна организирана дејност. Во април 1925 г. Друштвото било регистрирано и до 1941 г. развивало научна и културно-просветна дејност.