Најдорфова варијанта
Најдорфова варијанта | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потези | 1.e4 c5 2.Sf3 d6 3.d4 cxd4 4.Sxd4 Sf6 5.Sc3 a6 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ЕШО | B90-B99 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Предотворање | Сицилијанска одбрана | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На Chess Games |
Најдорфовата варијанта[1] во Сицилијанска одбрана е едно од најсложените и најприфатливи шаховски отворања. Тоа е едно од најпопуларните одговори на црниот на потегот 1.е4. Отворањето името го добило по полско-аргентинскиот велемајстор Мигел Најдорф.
Варијантата настанува со потезите:
Петтиот потег на белиот, ...a6 е со цел да им го одземе полето b5 на белите коњи и белополниот бел ловец, овозможувајќи максимална флексибилност против нападот на белиот.
Обично, планот на црниот е да започне со пешачки напад на даминото крило и да врши притисок на белиот пешак на е4. Најчесто ова може да се направи со ...b5, ...Lb7, проследено со поставување на коњот на с5. Белиот, исто така мора да внимава на евентуалната жртва на црниот на с3, каде обично белиот го одржува својот коњ, кој го заштитува важниот пешак на е4. Оваа жртва е карактеристична тема во Сицилијанската одбрана.
Варијанти
[уреди | уреди извор]Вообичаени потези на белиот против Најдорфовата варијанта се 6. Lg5, 6. Le3 и 6. Lc4; 6. Le2 исто така е популарен потег. Потезите 6. f4 и 6. g3 не се толку вообичаени, но исто така имаат своја примена против Најдорфовата варијанта.
Главна линија
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Најстариот и најостар потег на белиот против Најдорфовата варијанта е веднаш да се одигра 6.Lg5 (Главна линија или Стара главна линија), по што најчесто следува 6...e6, проследено со 7.f4, со надеж да се искористи врзувањето на коњот. Наједноставниот одговор на црниот е 7...Le7, по што главната линија продолжува со потезите 8.Df3 Dc7 9.0-0-0 Sbd7 и сега 10.g4 или 10.Ld3. 8...h6 9.Lh4 g5 е неславмната Аргентинска (Гетеборшка) варијанта, именувана по шведскиот град, каде за првпат била одиграна од аргентинските шахисти во 1955. Во овој експеримент, тројцата аргентински шахисти кои ја одиграле оваа варијанта, ги загубиле партиите, па оваа варијанта за кратко била сметана за лошо продолжение. Со продолжението 10.fxg5 Sfd7, црниот се стреми да го насочи коњот кон е5, со што би имал контрола над полето и од коњот на d7 и од коњот на c6 d7 or c6). потегот 11.Sxe6! бил пронајден од страна на Ефим Гелер. По 11...fxe6 12.Dh5+ Kf8 13.Lb5, две од трите аргентински трагични партии продолжиле со 13...Se5, отстапувајќи од 13...Kg7. Неколку години подоцна, во 1958, Боби Фишер го пронашол одбранбениот потег 13...Тh7. Модерната теорија ја има анализирано оваа линија, со резултат реми како најдобро остварување на белиот во оваа позиција.
И покрај овие продолженија, за најдобар потег на црниот и како потег на мајсторско ниво се смета потегот 7...Db6!?, којшто води до многу сложената варијанта со отровен пешак (8. Dd2 Dxb2 9. Tb1 (или 9.Sb3) Da3. Црниот има материјална предност од еден пешак, но заостанува во развојот. Но, и покрај тоа, тој може брзо да ги мобилизира своите фигури, така што белиот би останал со минимална положбена предност со недостаток од еден пешак. Велемајсторите Кирил Георгиев и Атанас Колев, на страницата број 10 од нивната книга посветена на Најдорф, насловена Најсострата Сицилијанка пишуваат „Долги години, потегот 6.Lg5 се сметаше дека е потенцијална бомба во Најдофовата варијанта, но денес ретко се гледа на највисоко ниво. Тоа е поради познатата варијанта со отровен пешак . . . .“ Според нив, линијата води до реми со најдобра игра, како во партијата Ваљехо Понс-Каспаров, одиграна во Москва во 2004[2], за што пишуваат „веројатно ќе остане последниот збор во теоријата за оваа линија . . . . " (стр.11).
Други познати одговори на 7.f4 се: 7...Dc7, прославен од страна на Гари Каспаров и Борис Гелфанд, 7...Sbd7, ризичното 7...Sc6!? и 7...b5, многу острата Полугаевскиева варијанта.[3]
Англиски напад
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Ова е одерната главна линија во Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана. Уште во 1990-тите, поролжението 6.Le3, проследено со f2-f3, g2-g4, Dd2 и донекаде 0-0-0 станало многу популарно и интензивно било анализирано, иако потегот 6...Sg4!? фрлил сенка на целото продолжение, откако Гари Каспаров успешно го применувал. И покрај тоа, шахистите со бели фигури, кои сакаат да го избегнат непријатното продолжение на црниот,6... Ng4!?, може да одиграат 6. f3, па по овој потег да ја трансформираат својата игра во англискиот напад. Од друга страна, ако белиот одигра 6. Le3, тој може да влезе воп линијата на Перењевиот напад, доколку црниот одигра 6... e6, по што белиот е во можност веднаш да продолжи со g2-g4, без да одигра f2-f3. Перењевиот напад вопди до многу остри и сложени позиции.
Фишер-Созинов напад
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Белиот игра 6. Lc4 со цел да обезбеди контрола на дијагоналата a2-g8 (на тој начин и на полето d5, наместо да го одигра острото продолжение 6. Lg5); со ова, продолжението 6... e5, многу повоочливо ја ослабнува позицијата на црниот, па на ова место, тој најчесто продолжува со 6... e6. Ова продолжение станало популарнно, со неговата примена од страна на Боби Фишер и денес се смета за едно од најприфатливите продолженија во Најдорфовата варијанта. На пример: 1. e4 c5 2. Sf3 d6 3. d4 cxd4 4. Sxd4 Sf6 5. Sc3 a6 6. Lc4 e6 7. Lb3 или 7. O-O и 8. Lb3, по што прартијата влегува во фаза на силна тактичка борба.
Класична варијанта
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Поради остварените успеси со примената на претходните продолженија на различни шахисти (најпознати меѓу нив се Боби Фишер и Гари Каспаров), белиот често игра 6. Le2, со што влегува во помирна, положбена игра, каде црниот ја има можноста да ја трансформира играта во Шевенингенска варијанта, продолжувајќи 6...e6 или по можност да остане во линијата на Најдорфовата варијанта, играјќи 6...e5.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sicilian, Najdorf (B90)“. Chess openings. Chessgames.com. Посетено на 2008-01-19.
- ↑ „Francisco Vallejo-Pons vs Garry Kasparov (2004)“. Посетено на 2008-01-19.
- ↑ „Sicilian, Najdorf (B96)“. Chess openings. Chessgames.com. Посетено на 2008-01-19. (позната и како Најдорф, Полугаевскиева варијанта)
Корисна литература
[уреди | уреди извор]- Ефим Гелер; Светозар Глигориќ; Лубомир Кавалек; Борис Спаски (1976). Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана. RHM Press. ISBN 0-89058-025-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Мајкл Стин (1976). Сицилијанка, Најдорфова варијанта. Batsford. ISBN 0-7134-0098-6.
- Џими Адамс (1977). Главна линија, Најдорф. The Chess Player. ISBN 0-900928-90-5.
- Џон Нан (1999). Комплетна Најдорфова варијанта: Модерни варијанти. Sterling Pub Co Inc. ISBN 0-7134-8218-4.
- Тони Костен; Дени Гормали (1999). Лесен водич во Најдорфовата варијанта. Everyman Chess. ISBN 1-85744-529-5.
- Даниел Кинг (2002). Победа со Најдорфовата варијанта. Sterling Pub Co Inc. ISBN 0-7134-7037-2.
- Џон Емс (2003). Да се игра Најдорфовата варијанта: Шевенингенски стил. Everyman Chess. ISBN 1-85744-323-3.
- Џо Галагер (2006). Започнувајќи: Сицилијанка, Најдорфова варијанта. Everyman Chess. ISBN 978-1-85744-392-9.
- Ричард Палисер (2007). Започнувајќи: Сицилијанка, Најдорфова варијанта. Everyman Chess. ISBN 978-1-85744-601-2.