Синоатријален јазол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синоатријален јазол
Reizleitungssystem 1.png
Синоатријалниот јазол прикажан под број 1. Остатокот од спроводниот систем на срцето е прикажан со сино.
Податоци
Назнаки
Латинскиnodus sinuatrialis
КратенкаSA јазол
TAA12.1.06.003
FMAFMA:9477

Синоатријалниот јазол го сочинуваат група на клетки познати како пејсмерјкерни клетки, кои се наоѓаат во ѕидот на десната срцева преткомора.[1] Овие клетки можат да произведат електричен импулс (дејствен потенцијал) кој патува низ спроводниот систем на срцето, предизвикувајќи негова контракција. Кај здраво срце, SA јазол постојано создава дејствени потенцијали, подесувајќи го срцевиот ритам (синусниот ритам), поради што е познат како природен пејсмејкер на срцето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Keith, A; Flack, M (1907). „The Form and Nature of the Muscular Connections between the Primary Divisions of the Vertebrate Heart“. J Anat Physiol. 41 (3): 172–189. PMC 1289112. PMID 17232727.