Прејди на содржината

Сингел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сингел во средниот век

Сингел (грчки: σύγκελλος, „соќелиец“) — монашки презвитериски чин во Православната црква.

Овој чин одговара на мирскиот презвитерски чин протовикар. Сингели биле луѓе кои се грижеле и им помагале на епископите во домашните работи. Тие живееле со епископите во нивните куќи каде што имале една соба или ќелија, па оттука и нивното име: син-келион, т.е. соќелијник — сингел. Оние што биле помагачи на патријарсите биле протосингели и биле кандидати за самите да станат патријарси.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Таковски, Јован, протојереј (1999). Терминологија од областа на теологијата (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. стр. 90.