Силване Манзи
Изглед
Вид | Криптид |
---|---|
Подвид | „Жив диносаурус”, Езерско чудовиште |
Подрачје | Предлошка:Country data Јужноафричка Република |
Живеалиште | утока на реката Умфозоли |
Силване Манзи (англиски: Silwane Manzi) е наводно криптид кој е виден во близина на устието на реката Умфозоли во Јужноафриканската Република.
Опис на криптидот
[уреди | уреди извор]Постојат два описа на ова суштество:
- Опис во кој наликува на Тероподски диносаурус;
- Опис во кој наликува на диносаурус од групата Орнитоподи;
Опис во кој наликува на Тероподски диносаурус
[уреди | уреди извор]Се опишува како Тероподски диносаурус со кратки раце, долга опашка, кожа со крлушки, два "рога" на главата и вилица полна со остри заби. Има зелен отсјај на очите во темнина. Ноќно е животно и лови риби.
Опис во кој наликува на диносаурус од групата Орнитоподи
[уреди | уреди извор]Се опишува како диносаурус од групата Орнитоподи. Водоземен билкојадец е кој оди на четири нозе.
Хронологија на средби со ова суштество и видувања
[уреди | уреди извор]- Во 1937 година Алеко Лилиус наводно двапати се сретнал со големо непознато суштество кое бргу влегло во водата и исчезнало. Таа иста година во една прилика наишол на големи отпечатоци за кои локалните луѓе тврделе дека припаѓаат на оваа суштество. Тоа биле тропрсти отпечатоци со должина од 40 сантиметри и широчина од 33 сантиметри. Подоцна открил дека отпечатоците биле невистинити и дека ги направил еден локален шаман со помош на дрвен прибор и калап.