Сесквитерпенски лактон
Изглед
Сесквитерпенските лактони се класа на хемиски соединенија; тие се сесквитерпеноиди (изградени од три изопренски единици) и содржат лактонски прстен, од каде им потекнува името. Тие се присутни во многу растенија и можат да предизвикаат алергиски реакции и токсичност во поголеми дози, особено кај добитокот кој паси.[1] Некои исто така се присутни и во корали каков што е Maasella edwardsi.
Видови
[уреди | уреди извор]Сесквитерпенските лактони можат да се поделат на неколку главни класи кои вклучуваат гермакранолиди, хелианголиди, гвајанолиди, псевдогвајанолиди, хипокретенолиди, и еудезманолиди.