Сенка на ветерот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенка на ветерот
La sombra del viento
1st US edition
АвторКарлос Руиз Зафон
ЗемјаШпанија
ЈазикШпански
Жанрмистерија
ИздавачPlaneta (Spain)
Penguin Books (USA)
Weidenfeld & Nicolson & Orion Books (UK)
Издадена
2001 година
Страници565
ISBN84-08-05793-6
OCLC68085235

Сенка на Ветерот (шпански: La sombra del viento) е шпански роман и светски бестселер на писателот Карлос Руиз Зафон издаден во 2001 година.Книгата е преведена на англиски во 2004 година од Луција Грејвс и е продадена во над еден милион копии во Велика Британија откако веќе остварува успех во континентална Европа кој со недели беше на врвот на листите .Во Соединетите Американски Држави се издадава од страна на ‘Penguin Books’ а во Велика Британија од страна на ‘Weidenfeld & Nicolson’ и ‘Orion Books’. За книгата се смета дека е продадена во 15 милиони копии ширум светот , што ја прави една од најпродаваните книги на сите времиња.

Продолжението на Руиз Зафон е претходник на Сенка на Ветерот, објавено на шпански во април 2008 година,од страна на ‘Planeta’.Книгата ја добиваат ‘Weidenfeld&Nicolson’ и англиското издание со тврд порез сее објавува во јуни 2009 година.Насловот е ‘Играта на Ангелот’ и се случува во Барселона во текот на 1920-тите и 1930-тите години.Во неа се зборува за еден млад писател на којшто му приоѓа непознат лик и бара од него да напише книга. Играта на Ангелот исто така е преведена на англиски од страна на Луција Грејвс.

Преглед на дејствието[уреди | уреди извор]

Дејствието во романот се одвива во повоена Барселона и се однесува на едно младо момче , Даниел Семпере. Веднаш по војната ,таткото на Даниел го носи во скриената Гробишта на заборавените книги, огромна библиотека со стари, заборавени наслови,со љубов чувани од неколку иницијатори. Според традицијата,на секојшто е воведен во ова тајно место му е дозволено да земе една книга која што мора да ја чува за цел живот. Книгата што Даниел ја одбира се вика Сенка на Ветерот од Хулијан Караш.Таа ноќ, тој ја зема книгата дома и ја чита целосно задлабочен. Тогаш Даниел се обидува да побара и други книги од овој непознат автор но не може да најде ниту една.На се што тој наидува се само приказни за чуден човек – којшто самиот се именува како Лајн Куберт, по лик од книгата којшто е претставен како Ѓаволот – којшто со децении ги бара книгите на Караш ,ги купува сите а потоа ги гори. Романот всушност е приказна во приказна. Момчето,Даниел Семпере по негово барање да ги најде останатите книги на Хулијан, се вовлекува во откривање на целата историја на Караш. Неговиот пријател, Фермин Ромеро дел Торес, којшто бил затворен и измачуван го замокот ‘Montjuic’ поради тоа што бил вклучен во шпионажа против анархистите во текот на војната – а самиот е разузнавачки агент на владата – му помага на Даниел на неколку начини, но нивното истражување на мрачното минато на неколку луѓе коишто се или одамна починати или одамна заборавени и ги разоткрива темните сили на крволочниот инспектор Фумеро.

Така, откривајќи долга приказна којшто била закопана во длабочината на заборавот,Даниел и Фермин наидуваат на љубовна приказна ,прекрасната,но сепак несреќна љубов на Хулиан и Пенелопе,од кои и двајцата се сметаат за исчезнати од 1919 година – тоа е речиси триесет години порано.Хулијан,син на шапкарот Антони Фортуни и неговата сопруга Софи Караш (која што претпочитала да го користи презимето на нејзината мајка) и Пенелопе Алдаја, единствената ќерка на мошне богатиот и моќен Дон Рикардо Алдаја и неговата убава и нарцисоидна американска сопруга,веднаш се вљубуваат еден во друг,имајќи тајна врска само преку обични прикриени погледи и мали насмевки околу четири години, откако потоа решаваат да побегнат во Париз, несвесни дека сенките на несреќата се обвиваат над нив уште од нивното запознавање.Двајцата сакани се осудени на несреќни судбини една недела пред нивното предвидено бегство, кое што е прецизно испланирано од најдобриот пријател на Хулијан,Мигел Молинер – исто така син на богат татко,којшто стекнал многу за време на војната вклучувајќи и лош углед поради продажба на муниција. Мигел го сакал Хулијан повеќе од било кој брат а на крајот го жртвува и сопствениот живот за него, откако се откажува од неговите желби и младост со милосрдие и за доброто на неговиот пријател по неговото пребегнување во Париз,сепак без Пенелопе,која што никогаш не се појави на состанокот.Сеќавањата на Пенелопе уште го горат Хулијан и тоа на крајот го тера него да се врати во Барселона, во средината на 1930-тите години,но тој ја открива суровата судбина за Пенелопе, која што била ништо повеќе од сеќавање за тие што ја знаеле, бидејќи неа никој ни ја видел ни слушнал за неа по 1919 година.Даниел открива,од писмото оставено за него од Нуриа Монфорт, дека Хулијан и Пенелопе всушност се полубрат и сестра, нејзиниот татко имал афера со неговата мајка, а Хулијан бил резултатот на тоа.Најлошата работа во неговото откритие е дека откако Хулијан заминал,родителите на Пенелопе ја затвориле поради тоа што ја засрамиле со тоа што извршила инцест со Хулијан,и таа била бремена со негово дете.Пенелопе раѓа машко дете со име Давид Алдаја, кое што било мртвороденче.Пенелопе починала за време на пораѓајот поради тоа што нејзините родители ги игнорирале нејзините повици за помош. Кога се враќа во палатата на семејството Алдаја, Хулијан е разбеснат од вестите за смртта на неговата сакана и нивното дете.Тој ја мрази секоја измината секунда од неговиот живот без Пенелопе а уште повеќе ги мрази неговите книги. Тој почнува да ги гори сите негови книги и се нарекува себеси Лаин Колберт. По читањето на книгата, во 1956 година, Даниел се венча со Беатриз ‘Беа’ Агилар, која што тој ја сака долго време.Набрзо,Беа раѓа син.Даниел му го дава на неговиот син името Хулијан Семпере, во чест на Хулијан Караш. Во 1966 година,Даниел го носи Хулијан на Гробиштата на заборавените книги, каде што се чува Сенка на ветерот.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Даниел Семпере – Главниот лик во книгата. Син на сопственик на книжарница. По посетата на Гробиштата на заборавените книги и одбирајќи ја Сенка на ветерот од Хулијан Караш,Даниел сфаќа дека треба да ја чува книгата бидејќи непознат човек којшто ги бара сите книги од Караш и потоа ги гори.Откако ќе ја исчита книгата ,Даниел се опседнува со неразбирливиот автор.Она што тој не го сфаќа е дека има уште во приказната за што тој никогаш не ни сонувал.Како кулминација , тој се венча со Беатриз и добива син му го дава името Хулијан,според Хулијан Караш.
  • Томас Агилар - Најдобар пријател на Даниел Семпере. Цврст и силен,заштитнички настроен кон својата сестра Беа а исто и многу интелигентен творец.Тивок и срамежлив исто така.
  • Фермин Ромеро де Торес – спореден лик, пријател и ментор на Даниел Семпере. По тешките времиња и неколкуте години поминати на улица, Даниел и неговиот татко му помагаат, му даваат стан и постојана работа во книжарницата.
  • Беатриз Агилар – Љубовта на Даниел Семпере и сестра на Томас.Беа,многу убава и млада девојка, е уште во училиште.Поради неа Даниел и Томас стануваат пријатели, бидејќи кога тиа биле во училиште, Даниел направил шега за Беа за која Томас се скарал со него.Откако се страстите се смириле , тие стануваат најдобри пријатели.Таткото на Беа и нејзиниот брат се однесуваат многу заштитнички кон неа и таа била верена неколку години за да се мажи со офицер,посветен бранител во диктатурата на Франко. Како кулминација, таа се мажи со Даниел и станува мајка на Хулијан Семпере.
  • Клара Барчело – Внука на богатиот Дон Густав Барчело, која што е многу убава по слепа.Неколку години по ред, Даниел доаѓа во куќата на нејзиниот чичко да седи и да и чита.Тој има симпатии кон неа иако таа е десет години постара од него, но се труди да ја заборави кога ќе дознае дека таа е во компромитирачка врска со нејзиниот инструктор по пијано.
  • Хулијан Караш – Автор на ‘Сенка на ветерот’. Даниел очајно се обидува да ја дознае вистината за овој мистериозен човек: причините за неговото патување, вистината за неговото детство и објаснување зошто сите негови книги се уништени.Тој на прв поглед се заљубува во Пенелопе.Тивната љубовна приказна е несреќна уште од почетокот, подоцна тие дознаваат дека се полубрат и сестра.Откако родителите на Пенелопе ги затечиле како водат љубов,тој бега во Париз.По смртта на Пенелопе и неговиот син Давид,тој пишува неколку книги а подоцна исчезнува без трага.
  • Франциско Хавиер Фумеро – Главниот антагонист. Школски другар на Хулијан Караш којшто откако ќе порасне станува корумпиран и крвнички полициски инспектор.
  • Мигел Молинер – Школски другар на Хулија Караш, забавен и лојален.Толку многу,што всушност го жртвува сопствениот живот за Хулијан.
  • Отец Фернандо Рамос – Школски другар на Хулијан Караш којшто подоцна станува свештеник во нивното старо училиште. Тој му помага на Даниел во неговата потрага по вистината за Хулијан.
  • Хорхе Алдаја –Школски другар на Хулијан Караш,понекогаш прилично мрачен.Тој е постар брат на Пенелопе а исто така и полубрат на Хулијан по нивниот татко.Тој умира во Париз во 1936 година.
  • Пенелопе Алдаја – Опишана е како ангел на светлината. Таа и Хулијан се вљубуваат еден во друг на прв поглед.Како судбината веќе да ја одредила нивната несреќна љубов, со откривањето дека тие се полубрат и сестра. Откако ја затекнуваат за време на љубовна средба со Хулијан во собата на воспитувачката Јахинта. Нејзините родители ја затвораат и дознаваат дека таа е бремена од Хулијан.Таа умира откако го раѓа синот Давид,нејзин син и на Хулијан.
  • Јахинта Коронадо – Посветена поранешна воспитувашка на Пенелопе Алдаја,која подоцна живее во пензионерски дом и која што му помага на Даниел во неговата потрага.
  • Нуриа Монфорт – Паметна ‘фатална жена’ која што работи во издавачката куќа каде што биле издавани книгите на Хулијан. Таа исто така имала афера со Хулијан додека тој живеел во Париз и покрај тоа што таа се заљубува во него тој не и возвраќа.Даниел оди да ја посети за да добие повеќе информации за Хулијан но потоа дознава дека таа му кажала лаги за да го заштити Хулијан. Таа исто така е и ќерка на г-дин. Монфорт, којшто ги има клучевите од Гробиштата на заборавените книги, каде што Даниел ја најде Сенка на Ветерот.Таа се мажи со Мигел Молинер,школскиот другар на Хулијан.


Граѓанската војна и диктатурата на Франко[уреди | уреди извор]

Шпанската граѓанска војна го сочинува поголемиот дел од позадината за книгата,како уште свежа непријатна меморија, и постојат повеќе враќања кон минатото за тој период. Книгата позитивно го прикажува Генералитатот – автономниот каталонски орган којшто (делумно) управувал со Барселона во текот на Граѓанската војна и бил брутално задушен по победата на Франко,чијшто погубен водач Луис Компанис ,каталонците го почитуваат како херој и маченик.Пријателот на Даниел, Фермин Ромеро де Торес ,помеѓу подобрите ликови во книгата,е спомнат како таен агент за Генералитатот и како бил ужасно измачуван и прогонуван за тоа по падот на Барселона во 1939 година.

Спротивно на тоа, анархистичкото движење (FAI) – кое што,меѓу другото,добило согласување од Џорџ Орвел и пријатен восхит во неговата класика ‘Во чест на Каталонија’ – во книгата е прикажано во негативно светло.’Анархистите, комунистите и фашистите’ во повеќе наврати се спомнати како три банди на убиствени насилници за коишто немало некоја суштинска разлика – симболизирани по фактот дека психопатот Фумеро постојано им се додворува на сите три,секогаш подготвен да биде предан на кој и да дојде на врвот. Сегашното време во дејствието на книгата е целосно под диктатурата на Франко.Тука е и сеприсутна сенката на злобниот инспектор Фумеро – чиишто измачувања и убиства,сепак,претставени се како повеќе произлегуваат од неговото лудило отколку од официјалната идеологија или политика.Масовните вонсудски погубувања ,како непосредна последица од победата на Франко, сè уште се паметат со страв, во Барселона е прикажано,како едно лице самоволно претепано од полицијата нема правна помош.Сепак,повеќето од луѓето ги живеат нивните животи како што и луѓето насекаде,и не постои општа атмосфера на терор.

Всушност,луѓето често гледаат на режимот со презир отколку со страв, и повеќето од цитатите за официјалната пропаганда се заманети со сатира (‘Книга припишана за ученик на Дарвин, прикажува дека Шпанците еволуирале од поразвиен вид на мајмун од Французите’).Приврзаниците на режимот,како што вереникот на Беатриз (воен офицер) или вообразениот професор Веласгез, се претставени како смешни кловнови.Во еден пасус се пишува за исчкртани графити на кои пишува ‘Фашистички токмаци’. Се спомнува дека таа публикација на брошури за тајниот синдикат на метални работници,може некој да го одведе неколку години зад решетки.Сепак,на друго место таксист е прикажан како на патниците отворено им ги искажува неговите комунистички симпатии – особено неговата восфит кон Јозеф Сталин и Ла Пасионариа – без никаков знак на страв. Се исклучува каква било врска за напорите на режимот на Франко да се потисне каталонскиот јазик, како што правеше кај другите не –кастилски јазици низ Шпанија,или на тој јазик целосно. Во прикажувањето на полицијата постои буквална спротивност на добар полицаец/лош полицаец,со злобниот , психопат, инспекторот Фумеро спореден со полицаецот Палациос,којшто се открива кон крајот дека е доста чесен и добронамерен.По смртта на Фумеро во кулминацискиот дел на книгата,облаците изгледа како да се растерани и книгата непречено се движи кој среќен крај – симболизирајќи го непречениот премин на Шпанија во демократија по смртта на Франко во 1975 година.

Критички прием[уреди | уреди извор]

Во САД, ‘Entertainment Weekly’ ја оцени книгата со оцена 5, опишувајќи ја како ‘чудесна’ и истакнувајќи дека ‘постојат места каде што книгата можеби изгледа малку претерана (несреќна љубов,ужасни убиства), како и за маестралниот,прецизен заговор и извонредна контрола на јазикот на Зафон’.