Семрежен трол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трол

Во интернет терминологијата, трол [1] означува личност чија основна цел е со своите прилози да предизвика што поголема реакција на учесниците во интернет заедницата или на друг начин да се поремети нормалната дискусија. Троловите најчесто не се тематски заинтересирани, туку настапуваат агресивно во обид за создадат раздор во постојната заедница, дискредитирање на поединци со поинакво размислување или насочување на дискусијата во непродуктивен правец.

Троловите најчесто се движат во интернет форумите, мејлинг листите, блоговите и низ другите форми на интернет комуникација. Одделени тролови се користат со префинети дијалектички и реторички методи и на тој начин се камуфлираат и подолго време не можат да бидат откриени.

Наводи[уреди | уреди извор]