Саректјоко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Саректјоко Нордтопен)
Саректјоко
Sarektjåkkå
Поглед на Саректјоко со врвовите Стуропен (лево) и Сидтопен (во средина)
Највисока точка
Надм. вис.2.089 м [1]
Истакнатост1.519 м
Заведена какоултра
КоординатиКоординати: 67°25′59.93″N 17°43′23.89″E / 67.4333139° СГШ; 17.7233028° ИГД / 67.4333139; 17.7233028
Географија
Саректјоко
Sarektjåkkå на карта

Карта

МестоШведска
Матичен венецСкандинавски Планини

Саректјоко (швед. Sarektjåkkå) е планина во Лапонија, Шведска. Со 2.089 метри надморска височина, ова е највисоката планина во Лапонија и втора по висина во Шведска. Планината се наоѓа недалеку од источната граница на националниот парк Сарек, околу 23 километри југозападно од Суорва.

Саректјоко е мошне непристапна планина бидејќи до неа не водат патишта, па затоа само за да се дојде до неа треба барем еден ден планинарење. До врвот се стигнува и без качување, но патот е изложен на временските услови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Статистички годишник за 2011“ (PDF). Централна статистичка служба. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-13. Посетено на 10 јули 2011. (шведски)