Сан Николас (маало во Памплона)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сан Николас (Свети Никола на македонски јазик) - еднa од трите маала кои се споиле во 1423 година и го создале современиот град Памплона (Ируња на баскиски јазик). Другите беа Наварерија (првичниот наварски град) и Сан Сернин.

Поставеност[уреди | уреди извор]

Сан Николас се граничи на север со маалото Наварерија, на југ со Пасео Сарасате (Булевар Сарасате), на источните граници на Плаза дел Кастиљо (Замоков Плоштад) и на запад со Парк де ла Таконера (Таконерски Парк).

Историја[уреди | уреди извор]

Сан Николас било основано во 12 век од група ткајачи и твернери. Новото маало првично било наречен Тенсеријас (од стариот романски збор Тенсеро, ткајач). Во 1366 година, кога бил завршен првиот попис на градот, таму живееле 29 семејства. Сепак, населението брзо се зголемило и во 1427 година живееле 64 семејства.

Во 1423 година постоеле некои истоимени улици, но во различни маала. Имало две-три Високи улици, Столарски улици, Касапски улици, Чевларски улици и уште некои други. Причината за тоа лежи во фактот дека улиците била именувани според продавниците и деловните субјекти кои работат во нив. Сан Николас била дом на најстарите улици, бидејќи Наварерија била целосно уништена за време на Војната на маалата (1276),[1] а ниту Сан Сернин не поминал неуништен, со многу згради, улици и цркви уништени. Затоа, кралот Карлос III Наварски одлучил да ги смени имињата на улиците во Наварерија и Сан Сернин.

Пабло де Сарасате, познат виолинист, е роден на улицата Сан Николас, каде што може да се најде посветена плакета во негова чест.

Список на улици во маалото Сан Николас[уреди | уреди извор]

  • Каље Нуева (Нова улица)
  • Плаза дел Консехо (Плоштад на Советот)
  • Кале Запатерија (Чевларска улица)
  • Кале Позобланко (Улица Бела јама)
  • Плаза Комедијас (улица Комедија)
  • Плаза де Сан Николас (Плоштад Свети Никола)
  • Ринкон де Сан Николас (Мал плоштад Свети Никола)
  • Каље де Сан Николас (Улица Свети Никола)
  • Каље де Индатксикија (Улица Индатксикија)
  • Каље Сан Мигел (Улица Свети Микаел)
  • Каље Сан Антон (Улица Свети Антон)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pamplona y San Saturnino - El burgo de San Cernin en la Edad Media (Памплона и Сан Сатурнино - маалото Сан Сернин во средниот век)“. unav.edu преку web.archive.org. 15 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2021-03-30. Посетено на 29 март 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Guía de Arquitectura de Pamplona y su Comarca. Pamplona: Ona Industri Gráfica. 2006. ISBN 84-611-3284-X.