Рајнменовата размена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рајнменовата размена
Податотека:Ludlum - The Rhinemann Exchange Coverart.png
Прво издание.
АвторРоберт Ладлам
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрШпионски роман
ИздавачDial Press
Издадена
1974
Страници402

Рајнменовата размена — роман напишан од Роберт Ладлам, кој се одвива за време на Втората светска војна. Во 1977 година, ромнот бил адаптиран во мини-серија со Стивен Колинс во главната улога.

Резиме[уреди | уреди извор]

Во почетокот на Втората светска војна, Дејвид Сполдинг, радиски глумец, е регрутиран од страна на полковникот Ед Пејс да води тајна мрежа во Лисабон.

Заплетот потоа продолжува во 1943 година. И Сојузниците и Оската имаат клучни кусоци кои ги спречуваат да ја добијат војната. Сојузниците немаат жироскопи кои можат да функционираат на големи висини и затоа губат неприфатливо голем број на бомбардери. Ако не најдат жироскопи наскоро, инвазијата на Нормандија ќе мора да биде одложена. Германците немаат квалитетни дијаманти, кои се потребни за ракетната програма во Пенеминде.

Иронично, двете страни го имаат она што ѝ треба на другата: Сојузниците имаат контролиран пристап до квалитетни дијаманти од Белгиско Конго, а Германците имаат дизајн за жироскоп кој може да фунцкионира на големи висини. Германската разузнавачка агенција дознава дека на Сојузниците им требаат жироскопи и предлага размена, која ќе се случи на неутрален терен: Буенос Аирес, Аргентина.

Во меѓувреме, Дејвид Сполдинг станал одличен шпион за Сојузниците. Неговата мрежа од Лисабен пренесува агенти и бегалци во и од териториите окупирани од Германија. Сепак, тој е избран да го надгледува земањето на жироскопите, но не знае дека ќе се изврши размена со дијаманти.

Германците го бираат прогонетиот германски индустријалец Ерих Рајнман да ја надгледува размената од нивна страна. Тој е паметен избор бидејќи, иако е Евреин, тој е посветен на победата на Германија и верува дека ќе биде пречкан по нивната победа. Рајнмен е бескрајно влијателен и моќен во Буенос Аирес.

Иако зачуден од задачата, Сполдинг ја прифаќа. Сепак, неколкупати се убиваат да го убијат: Еднаш на аеродром на Азурите, потоа во Њујорк. Додека е во Њујорк, чекајќи детали за својата задача, тој се сретнува со една стара девојка, Лесли Џенер Хоквуд која, потоа, одеднаш исчезнува. Менторот на Сполдинг, Ед Пејс, во меѓувреме е убиен.

По пристигнувањето во Бунос Аирес, Сполдинг ја запознава и се заљубува во Џин Камерон, жена вработена во американската амбасада. Нападите врз него продолжуваат и тој се сомнева дека Гестапо го следи. Се сретнува со Рајнмен за да ги земе жироскопите, но во исто време се обидува да добие информации за напаѓачите. Рајнмен и другите Германци тврдат дека Гестапо не е активно во Буенос Аирес.

На негов шок, Сполдинг открива дека луѓето кои се обидуваат да го сопрат работат за Хагана, еврејска терористичка група која сака да ја сопре размената. Кога тој го фаќа Ашер Фелд, водачот на Хагана, Фелд го информира дека тој учествува во размена на дијаманти за жироскопи. Во тој момент, Сполдинг решава дека размената мора да биде спречена. Се преправа дека си ја врши својата работа од договорот, а во меѓувреме подготвува напад на Хагана врз имотот на Рајнмен. Сполдинг успева да го убие Рајнмен (кој планирал да го убие него после размената) и неговиот нацистички контролор. Бидејќи зел инкриминирачки докази за размената, Сполдинг ги уценува Американците кои ја договориле средбата и средува да се пензионира со својата сакана Џин.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Дејвид Сполдинг – смртоносен и паметен агент во американската разузнавачка служба
  • Ерих Рајнмен – лукавиот германски индустријалец кој сака да ја изврши размената
  • Џин Камерон – снаодлива жена која работи во американската амбасада во Буенос Аирес
  • Јуџин Лајонс – опседнат научник кој работи со Сполдинг за да го провери дизајнот на жироскопите. Лајонс, кој се мачел со алкохолизам, има тешка болест на грлото и едвај може да зборува. Тој создава изненадувачки блиска врска со Сполдинг и станува корисен сојузник.
  • Бригадниот генерал Алан Свонсон – Американскиот генерал кој стои зад размената. Иако е почетник во разузнавачките води, Свонсон сепак е суров и наредува дека Рајнмен мора да биде убиен.
  • Франц Алтмилер – бруталниот нацистички соперник на Свонсон.
  • Волтер Кендал – паметен сметководител кој работи со Свонсон да ја договори размената.
  • Ед Пејс – човекот кој го регрутира Сполдинг во разузнавачката служба.
  • Лесли Џенер Хоквуд –стара девојка на Сполдинг која се придружува на Хагана