Разговор со корисник:Viktor g

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Душко Костовски (1939-1995) --Viktor g (разговор) 00:03, 18 септември 2010 (CEST)Патот до Драмата на МНТ на артистот Душко Костовски, каде што тој ги оствари своите највпечатливи актерски остварувања и каде што се афирмира во драмски уметник од значаен формат, го водеше преку Народниот театар "Антон Панов° во Струмица. Во театарот во градот под Беласица настапуваше во периодот од 1963 до 1970 година реализирајќи четириесеттина најразлични ролги. Тоа е време кога струмичкиот театарски колектив ги пишуваше своите најубави страници, кога неговите претстави и актери редовно се враќаа со најзначајните признанија за најдобри претстави (неколку години по ред) и за најуспешни актерски остварувања на традиционалната смотра на македонскиот театар - Театарски игри "Војдан Чернодрински° во Прилеп, во чиј список на наградените се најде и името и презимето на Костовски. Почетокот на кариерата во МНТ, Душко Костовски ја започна главно со ролји од епизоден карактер. Се сеќавам, во тој период имав можност да го гледам и да се одушевувам како од една мала ролја - Курто во "коштана° од Б. Станковиќ создава вистински актерски медалјон. Неговото појавување на сцената зрачеше со некоја посебна привлечност, свежина и непосредност... Дури подоцна на сцената на МНТ дојдоа поголемите помаркантните ролји, во кои во вистинската смисла на зборот, блесна. Стрпливо ја чекаше шансата да покаже и докаже дека е способен да остварува и најсложени ролји. Играше во поголемиот број постановки од антологиско значење на Бранко Ставрев ("Зајдисонце°, "Животот на Галилеј°, "Ѕидот водата°, "Кенгурскиот скок°). Беше во својот елемент и кога настапуваше во дела од македонската драматургија ("Под пирамидата° и "Потоп° од Бранко пендовски, "Ништо без Трифолио° од Русомир Богдановски, "Бунт во домот за старци° од Венко Андоновски). Својот актерски зенит, сепак, се чини го постигна во култните претстави - "Зајдисонце° од Исак Бабељ, "Среќна нова 48° од Гордан Михиќ, "Крчма крај зеленото дрво° од Ковачиќ и "Дон Кихот° од Михаил Булгаков, на режисерите Бранко Ставрев, Слободан Унковски, Владимир Стрниско и Златко Свибен.. Тоа беа остварувања шпто спаѓаат во самиот врв не само во актерскиот опус на Душко Костовски, туку и воопшто во македонската глума. Во спектакуларна претстава на "Дон Кихот° (се мисли на премиерата и репризата, прикажани амбиентално во рамките на Охридско лето - 87) Душко Костовски го толкуваше ликот на Санчо Пансо. Неговиот лик беше искажан со многу лирски трепети, со една чудесна непосредност и разбирање за човечките несреќи и страдања, посебно за страдањата на својот господар. Беше тоа вистиЌнска актерска парада. Во улогата на таткото во "Среќна нова 48° Душко Костовски исто така брилјираше, остварувајќи ја ролјата со драматична сила на изразната глума. Кај него и молчењето и паузите во паузите значења исто што и зборовите. Своевремено оценувајќи ја премиерата на пиесата "Крчма крај зеленото дрво2, за настапот на Душко Костовски во улогата на крчмарот Долго запишав дека тој сложената структура на ликот ја изнесе со широк распон на внатрешната сила, па сите најсуптилни вибрации на страдањата и на доживувањата кај него како да беа проверувани во лабораторијата на животот, притоа покажувајќи еластичнопст разновидност и скоро спектрална креативна моќ. Во целосна актерска инспирација Душко Костовски беше и во претставата "Зајдисонце°. Потсетувајќи се на настапите на Душко Костовски во текот на двеиполдеценискиот ангажман на сцената на МНТ, неизбежно ни се наметнува констатацијата дека тој не само што беше ден од најангажираните актери во МНТ и надвор од него, туку со својот несомнен талент постепено, но сигурно се наметнуваше со своето константно креативно присуство и во театарското живеење, воопшто и на филмот и на Радиото и на ТВ. Од улога во улога, сеедно за кој медиум стануваше збор, постигнуваше резултати за респект, пред се со неопходната мерка, со концентрираната и стабилна игра, сета во една згуснатост избиеност... Ако, пак повнимателно се проследи развојната линија на актерската уметност на Душко Костовски не е тешко да се забележи дека за него не постоеја одредени фахови. Тоа беше драмски уметник кој во сите ролји што му се доверува - и мали и големи, и комични и трагични, и фарсични и гротескни, знаеше да го извлече максимумот. Дури и во книжни текстови со строго документарно значење ("Хемиски потписи врз човечките организми°), тој успеваше своите ликови да ги натопи, односно да ги исполни со многу топлина и човечност. Душко Костовски, кого не го заобиколи ни највисокото републичко признание - наградата "11 Октомври° го красеше и една друга одлика, што сў поретко може да се сретне кај другите негови колеги, и воопшто кај творците врзани за театарот, за творештвото. А имено, тој знаеше искрено да му се радува на секој успех на колегите, сеедно дали се работи за оние од својата куќа или од другите театарски куќи во земјата. Само актер со широко срце, со голема и искрена љубов кон професијата може да биде и да остане до крај на животот доследен на она што го создава.[одговори]