Разговор со корисник:Sanja Donova 1

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ


Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне( роден на 6 јули 1946 година) со прекар “Sty Stallone”(Стај Сталоне), е американски актер, режисер, сценарист. Силвестер е познат по својот мачоизам и улоги во холивудски акции. Неговите две најпрестижни улоги со кои се има претставено се боксерот Роки Балбоа(Rocky Balboa) и воинот Џон Рамбо(John Rambo). Улогите со Роки и Рамбо, заедно со одредени други филмови, ја зајакнаа неговата репутација на актер и ја зголемија неговата заработка. Филмот на Сталоне со Роки беше примен во регистарот на Националниот филм(National Film Registry) исто како филмот да е ставен во музејот Смитзониан(Smithsonian Museum). Користењето на предниот влез во уметничкиот музеј во Филаделфија од страна на Роки доведоа до тоа да таа област биде наречена Rocky Steps(Чекорите на Роки). Во Филаделфија се наоѓа статуа од ликот на Сталоне поставена близу до музејот, од десната страна пред “Чекорите”. На 7 декември 2010 година беше најавено дека Сталоне беше изгласан во боксерскиот хол на славата.

Раниот живот


Силвестер Сталоне е роден во Њујорк, како син на Френк Сталоне(Frank Stallone), италијански фризер и имигрант, и Џеки Сталоне( родена како Жаклин Лабофиш), астролог, поранешна танчерка и промотер во женско борење. Тој е брат на актерот и музичарот Френк Сталоне(Frank Stallone). Таткото на Сталоне е роден во Пуглија и како дете емигрирал во Соединетите Држави, додека мајката на Сталоне е од Руски Јудист и француско потекло. За време на породувањето на Сталоне, неговата мајка дожиевеала компликации поради тоа што нејзините акушери биле принудени да користат две пинцети. Погрешниот начин на употреба на овие пинцети предизвикало несакано оштетување на нерв и притоа некои делови од лицето на Сталоне се парализирале. Како резултат на тоа, левата страна на неговото лице се парализирала вклучувајќи делови од неговата усна, јазик и брада. Ова е несреќа која го карактеризира неговиот изглед и доведува малку поразличен и нејасен начин на зборување. Тој ги помина првите негови пет години во кујната на Хел(Hell), додека неговите родители трпеа бучен и непријатен брак. Поради неговото лице на училиште бил нарекуван отпадник, а често бил кануван поради тепачки и други проблеми во врска со однесувањето, како и за неговите оценки. Неговиот татко, козметичар, ја премести фамилијата во Вашингтон каде што отвори училиште за убавина. Во 1954 година мајката на Сталоне отвори женска гимназија наречена Барбела. Неговите родители се разведија кога тој имаше 11 години. Подоцна се запишува на катедрата за театарски уметности на тригодишни студии на универзитетот ва Мајами. Некој период пред да дипломира, тој одлучува да го напушти студирањето и да се насочи кон кариера за пишување на сценарија под имињата Мунблад(Moonblood) и Дедлок(Deadlock),( под чии имиња не продаде ни една скрипта), а во исто време земајќи мали улоги во филмови.

Успех со филмот РОКИ(Rocky)


Успех со филмот Роки(Rocky) -1976 година

Сталоне се здоби со светска слава со неговата улога во хитот Роки(1976 година). На 24 март 1975 годинам Сталоне ја виде борбата помеѓу Мухамед Али(Muhaamad Ali) и Чак Вепнер(Chuck Wepner), која што беше темел за создавање на неговата идеја. Таа ноќ Сталоне замина дома, и во рок од три дена ја напиша скриптата за Роки. После тоа, тој се обидуваше да ја продаде скриптата со намера тој да ја има главната улога. Воглавно, Роберт Чертоф(Robert Chartoff) и Ирвин Винклер(Irwin Winkler) се заинтересираа за скриптата. Многу забавна приказна за тоа како е Роки направен беше широко распространета откако филмот беше готов. Како што продолжува приказната, разочараниот Сталоне одбиваше се поголеми суми(иако очајно му беа потребни) за да ја продаде високо ценетата скрипта, бидејќи тој сакаше да ја игра главната улога. Студиото сакаше ѕвезда со име. Според легендата, студиото на крај попушта плаќајќи му на Сталоне скромни 18 000 долари за скриптата под услов филмот да биде направен со минимум средства. Роки помина низ процес за развивање кој беше многу посекојдневен отколку би сугерирало искачувањето од дното се до самиот врв. Севкупно, Роки беше номиниран за десет академски награди, вклучувајќи ги номинациите за најдобар актер и најдобар оригинален сценарист. Роки успеа да ги освои наградите за најдобра слика, најдобро режирање и најдобра монтажа на филм.


Од 2010 година па наваму

“ Тхе Expendables”- (Платеници) беше најголемиот успех за Силвестер Сталоне за 2010 година. Филмот, кој што беше емитуван за време на летото/зимата 2009 година, беше издаден на 13 август 2010 година. Сталоне во филмот пишува, режира и глуми. Во филмот заедно со него глумат акциските ѕвезди Џејсон Стетхом(Jason Stathom), Џет Ли(Jet Li), Долф Ландгрен(Dolf Lundgren), Тери Крус(Terry Crews), Мики Рурк(Mickey Rourke), Ренди Кутур(Randy Couture), Ерик Робертс(Eric Roberts), Стоун Колд Стив Остин(Stone Cold Steve Austin), како и очекуваните кратки појавувања на акциските ѕвезди од 80-те – Брус Вилис(Bruce Willis) и Арнолд Шварценегер (Arnold Schwarzenegger). Всушност, кратките појавувања на Арнолд и Шварценегер беа потурнати многу длабоко во прмоцијата на филмот. Поради прекумерната позитивна реакција за раниот тест на должината на филмската лента и рекламните инсерти, продуцентот Ави Лернер(Avi Lerner), изјави дека веќе има размислувања за правење на уште две продолженија, или барем некаков вид на подолго право на дистрибуција, врз основа на членовите од тимот. На викендот за отварање на филмот, освои 34.825.135 долари , пласирајќи се право на првото место на шалтерот за билети во Соединетите Американски Држави(САД). Цифрата го одбележа најголемиот викенд за отварање на филмови во триесет и пет години кариера на Силвестер Сталоне. Летото 2010 година, Бразилската компанија О2 Filmes објави извадок во кој вели дека САД сеуште им должи повеќе од 2 милион долари за работата на овој филм. Исто така, Сталоне потврди дека планираниот Рамбо V е одложен за мај 2010 година. Филмот официјално беше одобрен од Милениумските филмови(Mileniums Films) во септември 2009 година и првичната изјава на Сталоне беше дека филмот мора да биде именуван Рамбо V: Жестокиот лов и би била лесно базирана на романот Hunter(Ловец), (роман во кој Сталоне ги има правата за 10 години), вклучувајќи го Рамбо како лови “здивен ѕвер”. Во ноември 2009 година, Силвестер Сталоне потврди дека приказната е заменета и дека мажот/ѕвер приказна ќе биде зачувана за некој друг неповрзан филм. Филмот Рамбо V ќе биде врз основа на истрагата на Рамбо за жени кои исчезнале во град покрај Мексиканската граница. Во мај 2010 година, Сталоне лично потврди дека тој се откажува од идејата за Рамбо V (и “пензионираниот “ Рамбо) за да може да работи на продолжението на “The Expendables”.


Сталоне во 1983 година