Разговор со корисник:OSTEN

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

ОСТЕН Скопје[уреди извор]

ОСТЕН е препознатлив бренд во областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво уште од 1945. Како голем љубител на уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела, преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж ОСТЕН ги презентира уметниците од светот. Посветуваме внимание на новите трендови и на младите надежни уметници, но доделуваме и Гран При за животно дело на оние кои веќе одамна својата креативност ја слеале на хартија. Знаеме дека времето е важно и иднината е веќе тука, но оддаваме почит на оние кои го создале колективното културно наследство преку наградата за Светско културно наследство. Го почитуваме стилот на уметникот и неговата уметничка изведба - бидејќи секој си има свој печат, но исто така ја цениме и избраната тема на креативецот – бидејќи секој има свој поттик и муза. Фантазијата ја охрабруваме, футуризмот го замислуваме, а иновацијата ја почитуваме и затоа имаме специјална награда за секое делче од сложувалката на едно ремек дело. На уметниците им оддаваме почит, а нивните дела ги споделуваме со јавноста. За тоа некогаш имаме повод, некогаш сами создаваме поводи, но секогаш откриваме нови содржини кај старите мајстори и дела, поврзувајќи се со нивните мисли испратени во етерот во различни времиња и од различни делови на светот. Ако и вие сте љубители на уметноста, карикатурата, хартијата, животот, или сте барем малку љубопитни за нив, тогаш придружете ни се во нашата инспиративна галерија, бидејќи ние сме ОСТЕН – уметност на хартија.

OSTEN (разговор) 14:46, 20 јуни 2017 (CEST)[одговори]

веб страна: www.osten.mk OSTEN (разговор) 14:50, 20 јуни 2017 (CEST)[одговори]