Разговор со корисник:Fico 88
Разговор[уреди извор]
Здраво! Сакате разговор со мене? Повелете! Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:
Име[уреди извор]
Требаше да замолиш некој бирократ да ти го смени корисничкото име, но готово веќе. Старото корисничко име не може да се избрише, ама можам да ја избришам корисничката страница и страницата за разговор ако сакаш (извести ме ако сакаш). Точно дека малку нагло почна, но се надевам дека сега посталожено и постапно ќе учиш. Ако ти треба помош, тука сум (само те молам нека биде рационално). Патем, те молам секогаш оставај место после интерпукциски знаци. Пример:
- Здраво! Сакате разговор со мене? Повелете! Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:
наместо:
- Здраво!Сакате разговор со мене?Повелете!Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:
Поздрав. --iNkubusse A? 10:08, 15 јуни 2008 (UTC)
- Не смееш да персонализираш страници од главниот именски простор и страници за разговор од главниот именски простор. Главен именски простор се однесува на статиите, односно сите страници што немаат префикс „Корисник:“, „Слика:“, „Шаблон:“, „Помош:“, „Википедија:“, „МедијаВики:“ или „Портал:“. Едноставно, само твојата корисничка страница и твојата страница за разговор смееш да ја уредуваш по твој вкус. --iNkubusse A? 13:08, 15 јуни 2008 (UTC)
- Жолтата кутија што се наоѓа погоре на оваа страница си ја поставил на Разговор:Барај! (пребарувач). Веќе ја избришав. И зошто ме викаш „администратору“? --iNkubusse A? 15:14, 15 јуни 2008 (UTC)