Разговор со корисник:Aleksabdraboshkova

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Во почетокот Емил Синкер е сеуште мал,на 10 годишна возраст, но сепак го дели светот на два дела-светот кадешто владее доброто, тоа бил неговата куќа, неговите родители и сестрите и светот каде владее злото, односно надворешниот свет, учлиштата,кафаните, комшиите, останатите луѓе.Синкер ги почитува сестрите и го сака добриот свет, но сепак понекогаш подобро му е да се дружи со другиот, злиот свет.Честопати се кара со нив, но по извесно време се каел и секогаш тој е оној кој бара прошка.Се дружел со воглавно мирни деца, но сепак стравот од Фрањо Кромер,личност која поради вообразеното однесување воопшто не му се допаѓала на Синкер, го натерал да измисли приказна со која тој се вбројува во лошиот свет.Но, овде започнуваат проблемите,Кромер од тогаш му се заканува дека ќе ја каже неговата приказна, а за да не се случи ова бара пари. Бидејќи Синкер немал доволно тој честопати крадел од дома по некоја ситна пара и полека се вклопува во злиот свет.Кромер исто така го принудувал Синкер да прави работи кој тој требало да ги заврши.Синкер постојано го измачувале мисли за Кромер,во неговите сништа живеел со него како негова сенка,честопати го сонувал и како Кромер го злоупотребува, дури еднаш сонувал како Кромер го убедува да го убие татка си.Неговите проблеми почнуваат да се изменуваат со доаѓањето на новото дете Марк Демијан во латинското училиште каде што учел Синкер.Демијан му помогнал да Синкер да се ослободи од Кромер само со тоа што разговарал со него.Од тогаш Синкер понатаму никогаш не бил малтретиран од страна на Кромер.На тој начин Демијан и Синкер се спријателуваат.На училиште им ја раскажувале приказната за Каин и Авел, двајца браќа.Каин бил човек кој имал белег на лицето, кој кај другите предизвикувал страв, односно тој бил моќен затоа го имал “знакот”.Демијан му ја објаснува оваа приказна на Синкер и Синкер се повеќе и повеќе се задлабочува во мислите за приказната, за Кормер и за чудното дете Демијан.Демијан го забележал јастребот којшто стоел над вратата на куќата на Синкер и тој понатаму останува да им биде како знак.По извесно време Синкер приметува дека се поврзани со Демијан.Еден час кога се затекнале со погледот Синкер тврди дека тогаш се воспоставила врска меѓу нив.Од тогаш тие многу често се дружеле, заедно биле секој час, биле лоши ученици и не слушале на часевите и Демијан многу го подучувал за тоа како да си ги контролира и пренасочи мислите.Пред школскиот распуст Демијан и Синкер почнуваат да се караат многу и после него Синкер се преместува во друго училиште.Таму е отфрлен од страна на децата, не се дружи со никого, но еден ден Алфон Бек му приоѓа и почнуваат да се спријателуваат .Синкер навлегува во злиот свет со помош на Бек, тој започнува да пие и да пуши.Далеку од родниог крај Синкер се чувствува осамено и мрачно, а најголема причина за тоа е недостатокот на пријатели, а најмногу му недостигал Демијан.Честопати таму здогледувал едно девојче кое го нарекол Беатриче.Поради осаменоста Синкер почнал да црта и една вечер имал потреба да го нацрта лицето на Беатриче.Но, лицето на сликата не личело само на Беатриче, напротив девојката на сликата имала кафена коса, додека Беатриче имала плава,ниту самиот Синкер неможел да разбере кој лик го нацртал, но сепак го чувствувал толку силен.Синкер се враќа во неговиот град за распустот.Бил многу пораснат и изгледал како некој тиѓинец.Се среќава со Демијан, но тоа бил најтешкиот период за Синкер, тој се обидувал да избега во заедницата, станува и дури кафеански човек,но сепак го има т.н. знак којшто постојано го пече и му ги окупира мислите.Кога се враќа во училиштето Синкер има потреба да нацрта нова слика,токму баш птицата од грбот којшто се наоѓал на неговата врата.Таа слика му ја пратил на Демијан, но не бил сигурен дека тој ја добил.Во неговата книга Синкер наоѓа ливче во коешто пишувало “Птицата се испилува од јајцето.Јајцето е светот,Кој сака да биде роден, мора да разруши еден свет.Птицата лета кон богот.Богот се вика Абраксас.” Воопшто не му биле јасни овие реченици, но сепак знаел дека се од Демијан и дека тој ја добил сликата.Синкер се запознава со еден оргулист Писториј, којшто многу му помага на Синкер.Писториј му објаснува дека нивниот бог се вика Абраксас а тој е и бог и ѓавол, во себе ги има и светлиот и темниот, и добриот и злиот свет.Синкер му помага на својот школски пријател Кнауер за тој да не се самоубие.Кога завршува со средното училиште со своите полни 18 години Синкер се враќа дома и повторно се среќава со Демијан, но овојпат се среќава и со личноста на сликата којшто тој ја нацрта пред некое време, тоа беше госпоѓата Ева, мајката на Демијан.Со сето ова Синкер свати зошто беше толку силно чувството дека ликот на сликата постои.Демијан и Синкер повторно се спријателуваат, додека Синкер се заљубува во г-ѓа Ева.Таа го учи Синкер на многу работи, исто така му кажува како Демијан многу го почитува и како постојано го очекувал да се врати.Синкер повеќе не бил она мало дете на почетокот,тој сега бил возрасен, со убав став, висок, широки рамења.Летото, пред Синкер да оди на универзитет го поминува кај Демијан.Демијан пак предвидува дека ќе има војна и тој за една недела оди во војска.По извесно време и Синкер е повикан во војска.Го рануваат и го носат во една сала и се чувствувал дека е таму каде што бил повикан.Кога се завртел околу себе, покрај него на другиот душек имало некој.Тоа бил Макс Демијан.Имал и знак на челото.Имале кус бездушен разговор пред Демијан да почине и последното што го изговори е секогаш кога ќе му затреба на Синкер да го пронајде во себе.Преврзувањето за Синкер било болно. И отткогаш се што се дешавало за Синкер било болно, бидејќи повеќе го немаше Демијан.


Фрањо Кромер е син на пијаница, имал 13 години кога се запознале со Синкер.Неговоте семејство го биело лош глас, а Синкер се плашел од него.Синкер измислува приказна з атоа како тој украп јаболки само за да не се дели од групата, но и поради стравот од Кромер.Но проблемите започнуваат кога Кромер ќе започне да му се заканува со тоа што ќе го каже и бара пари од него.Исто така ќе почне и да го малтретира Синкер/Се се решава кога Демијан ќе разговара со Кромер и оттогаш не е ништо повеќе познато за него.

Макс Демијан е син на имотна вдовица, кога се пресерил во градот на Синкер постојано носел црна врвка на раката во знак на жалост.Тој бил постар од Синкер,а учеле во латинското училиште.Секогаш одел повозрасно од другите,не запаѓал во тепачките ниту си играл со другите.Зборувал културно и се придржувал до својот став.Секогаш бил љубезен кон наставниците и другарите, никогаш не се смеел гласно,но сепак со знаци и погледи, умеел да го привлече вниманието на Синкер.Еден ден му приоѓа на Синкер и почнуваат да се спријателуваат.Од тогаш тиа се неразделни се додека Синкер не отиде во друг град.Но, нивниот т.н. знак не умира со заминувањето на Синкер, тие сеуште се поврзани,и Демијан многу верува во Синкер.Верува дека тој на крајот ќе го најде патот до себе познавањето.Многу го подучувал Синкер за тоа како да ги контролира и пренасочува мислите.Забележувал и многу ситни работи со кои го воодушевувал Синкер.Кога Синкер оди на посета кај Демијан, забележува дека Демијан е многу пораснат, со широки гради, цврста, машка глава, затегнати мускули, но сепак е останат истиот Демијан кој го запозна пред многу години.На крајот Демијан предвидува дека ќе има војна и тој за една недела оди во војска.По извесно време и Синкер е повикан во војска.Го рануваат и го носат во една сала и се чувствувал дека е таму каде што бил повикан.Кога се завртел околу себе, покрај него на другиот душек имало некој.Тоа бил Демијан.Имал и знак на челото.Имале кус разговор пред Демијан да почине и последното што го изговори е секогаш кога ќе му затреба на Синкер да го пронајде во себе.


Пистрониј бил оргулист, но неговата желба била да биде свештеник.Тој му ја раскажува приказната на неговиот живот на Синкер.Кажува дека бил добар ученик, но тргнал по злиот пат, навлегол во лошиот свет и затоа не ја остварил неговата долкго посакувана желба да стане свештеник на новата религија.Живее со татко му и честопати Синкер го посетувал и заедно лежеле на подот до каминот гледајќи во огнот и размислувајќи за многу работи. Му помогнал на Синкер да почне да се пронаоѓа себеси.Но откако Синкер си заминува, престанува и нивното пријателство.


Госпоѓа Ева е мајката на Демијан.Таа е висока жена со став ист како на Демијан, со длабок и топол глас, со цврсти раце, пријателски расположена.По лицето си личела на нејзиниот син, без години и старост.Му помага на Синкер да заврши со својата желба, со своето патување односно со пронаогањето себеси.Иако тој се заљубува во неа, таа му кажува многу работи коишто му помагаат него.Кога Демијан ја остава и оди во војска таа го продолжува животот живеејќи со нејзината слугинка. ххх