Разговор:Република Македония

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Няма ли някога да се откажете от сръбската азбука и да се върнете към кирилометодиевските букви? Владко

Тоа е писмото што се користи во Македонија и надвор од неа за најсоодветно прикажување на македонскиот јазик во неговата современа форма. Еден глас - една буква. Не станува збор ниту за српска азбука (доколку ја познаваш би знаел дека таа има различни знаци) ниту пак за нешто што треба или не треба да се менува. Тоа е. Што се однесува до азбуката што ја користиш, не ти велам дека треба да ја смениш во секојдневно користење, само треба да внимаваш, заради тоа што таа се противи на основните начела на форумот. Мартин

Драги Мартине, "Користи" произлиза от старобългарската дума "корист", която означава "личен интерес". Помислете си дали имате интерес от това изкуствено положение. Владко

Како прво и основно, нити Македонците нити Бугарите не ги користат буквите на Кирил и Методиј, зошо тие ја создале Глаголицата, и ако сметаш дека нешто ве прави поавтентично словенски, едноставно, грешиш. Второ, македонската азбука не е српска, и очигледно не си видел како изгледа српската азбука. Трето, не НИКОГАШ, нема да се откажеме од нашата азбука, само затоа што ти сметаш дека сме Бугари. Четврто, ги нарушуваш правилата на форумот. Петто, постои Википедија на бугарски - доколку сакаш да едитуваш овде користи ја македонската азбука и македонскиот јазик. Цобе

Драги Владко, ќе ти се обратам, колку што можам, на jaзичката норма во Република Македониjа, бидеjки не сакам некоj да каже, дека не ме разбира. Бугарскиот jазик има три литературни норми и секоjа од нив има сопствена азбука. Две се кирилични, а една - банатската (главно во Румуниjа)jа користи латиницата. Азбуката не го прави jазикот и мислам дека секоj требва да ги почитува начините на другите да ги изразуват своите мисли. Jасно е дека азбуката што се користи во БГ, РМ, СЦГ, Русиjа е истата,разликуваат се некои букви. Сосема си во право дека во РМ има силно српско влиjание. Обjавени се протоколите од седниците на комисиjата коja jа примила денешната македонска азбука. Како и пошироко, за jазичката норма (jазикот) во РМ, една од главните задачи на комисиjава е била да се оддалечат колку што се може повеќе двете норми - во РБ и РМ (ова е причината да се откажат од "ъ" иаку во РМ постои оваj глас). Затоа во РМ азбуката како и српската е пофонетична, а во РБ е повезана повеќе со етимологиjата на зборовите. Секоj од двата начина си има своите предности (предимства). Така да не е толку важно коj како пишува. Во Бугариjа исто се загубени некои од старите букви за време на минатиот век, променет е и донекаде jазикот (русизми и т.н.), но се пак си е бугарски, ги е зачувал сите свои особини. Доколку ги погледаш документите пишувани од Иван Вазов, Гоце Делчев, Тодор Александров и т.н. ќе видиш дека тие пишувале на литературен бугарски jазик, но ги користиле и букви, кои сега не ги употребуваме. Поздрав, Антон Кецкаров (keckarov@abv.bg)

Драги Антон, навистина не разбирам некои од работите што Владко ги зборува, како што навистина не може да стане збор за ист јазик, дури и кога би користеле само една азбука. Самата азбука можеби била србизирана (велам можеби затоа што документите кон кои се осврнуваш не ми се познати), но факт е дека македонската и српската азбука не се исти и таква каква што е, добра е и нема потреба да се менува. Понатаму, Цобе се осврна на еден факт што Владко не го разбира. Кирилицата не е кирилометодиевско писмо, а јазикот не е старобугарски, туку старословенски. Тоа ни е јасно на сите, нели? Или треба да се расправаме и од што националност бил Св.Климент? Баш ме интересира, навистина, како тоа Македонците постојано подложат на обвинение дека им е испран мозокот низ образовниот систем кога бугарскиот образовен систем е уште побесмислен? Зошто викам побесмислен -- можно ли е да се учи дека секој има право на самоопределба и веднаш потоа да се учи дека некој, без разлика на тоа како ќе се изјасни, е Бугарин? Можно ли е истата линија на аргументација понудена од македонската страна во случајот на Гоце Делчев да биде негирана, а веднаш потоа да биде применета во случајот на Крсте П. Мисирков? Можно ли е да се расфрла насекаде дека во Втората Светска војна, Бугарија ја ослободувала Македонија од српскиот и грчкиот окупатор во ситуација во која Бугарите се однесувале полошо со македонското население од самите нацисти (не сакаш ни да почнам со некои од глупостите изнесени од бугарска страна за Втора светска војна)? Или да одиме во основата на целиот проблем, дали е можно систем во кој се учи дека Бугарија била најголемото бугарско царство со векови и векови (националност и култура, што да ти раскажувам) да има основа за тоа што е неутралност? Е сега види каква е ситуацијата, Владко, хипернеутрален каков што е, се исфрла тука и ни зборува што и како да правиме со нашиот јазик, и се обидуваме да толерираме без да влеземе во отворен конфликт. Разбирам дека „го разбираш“, но едноставно не оди така. И.Дукоски


Драги г-не Дукоски. Jаз не можам да зборувам од името на Владко, но можам да коментирам одредени ставови. Неразбирањето несекогаш е доказ дека станува збор за два посебни jазика. Нормално е да има разлики помеѓу двете jазички норми. Бугарскиот литературен jазик e сформиран на основ на повеќе источни и централни диалекти, а македонскиот "jазик" (извини за наводниците, никоj не мора да е согласен со мене) - само на основ на диалекти, кои од наша гледна точка се jугозападни и локални. Ова е и причина Бугарите од Западна Бугариjа да ве разбират многу полеко отколку вие ги разбирате тие кои зборуват на литературен бугарски jазик. Во главите на тие што потекнуваат од Западна Бугариjа е жив споменот за диалектот на нивните баби, иаку не го употребуваат. Во многу други jазици има такви и поголеми разлики. Се разбира, во Македониjа не е примена караџицата во чист вид, но се пак српското влиjание е неоспорливо не само за времето на "создавање" на азбуката(во РБ истото се однесува на руското влиjание).

За кирилицата, биди спокоен, одличните бугарските ученици добро знаат коj коjа азбука jа создал (барем така што се смета од повеќето научници и во РМ, и во РБ (и надвор) и ова верзиjа е прифатена во учебниците). За старобугарскиот jазик сепак има различни ставови. Во некои земи или научни школи оваj jазик го носи името "старобугарски", во други - "старословенски", а во трети "црковнословенски" (или стар црковнословенски, за да се разликува од оваj после ХVІ век). И трите поима си имаат причини. Поимот "старобугарски" не е создаден во РБ, но е прифатен, бидеjки литературните паметници од Х век и натаму се од бугарските територии (и денешна РМ), а не од полски, руски или други. Никоj не го негира тоа дека за ова време е имало сосема мали разлики помеѓу словенските jазици, но ние знаеме добро како е изгледал старобугарскиот jазик (jазикот на нашите прапрадедовци), а за другите словенски jазици немаме писмени паметници од ова време и тамо науката предпоставува.

Jаз имам учебници по историjа и од РБ, и од РМ. Поверваj ми, ги имам читано и двата вида. Се согласувам дека и во БГ учебници има митови. Дел од митовите се резултат од штетни стериотипи од минатото време, но причина за другите митови е самиот карактер на учебникот - ученикот не можеш да го замараш со хипотези и верзии. Не мисли дека во БГ учебници Македонjа е централна тема и се зборува само за македонското прашање. Таа е застапена како еден от деловите на Бугариjа и бугарската култура во различни времиња. Мислам дека можам да кажам не само од свое име дека го почитуваме правото на самоопределба. Изклучоците се многу мали. Сосема друго е прашањето дека и ние имаме право на став. Ти имаш право да се осеќаш како што сакаш, но и jаз имам право да мислам нешто за тебе, посебно ако станува збор за научни факти - jазик, историjа, култура и т.н. Притоа, jаз те почитувам како човек, иаку не се слагам со твоjот став.

Не те разбрав добро за Гоце и за Мисирков. Те молам, немоj да се навредуваш, но и дваjцата се биле македонски Бугари. Разликата е таа што за одреден период од време Мисирков, Македонецот на ХХ век, не се е определувал како Бугарин и е бил македонист. Денес во РМ се знае само оваj дел од неговиот животен пат и дела. Мисирков многу пати се откажува од "За македонцките работи", пише и се бори за бугарската кауза - дури и во денешна Молдова (1919 г.), каде ги штити Бугарите кои живеат и денес тамо.

За Втората светска воjна можам да ти препорачам една книга "Българските акционни комитети во Македониjа 1941 г.". Моментално не се се сеќавам на авторот (Д.Минчев, мислам), но книгава е важна со документите - може да се види што имат барано во април 1941 г. македонски интелектуалци со различни политички ставови, кои имат пишувани декларации до цар Борис ІІІ да влезе во Македониjа. Добро би било да не прекаруваме со тоа дека потоа Бугарите се "однесувале полошо со македонското население од самите нацисти" За време ва Втората Светска воjна е имало глад и во Стара Бугариjа, и во Вардарска М-jа, имало е борби помеѓу партизани и воjска (полициjа) во сите делови, имало е и невини жртви, прашање е за количината, зголемувана од пропагандата, коjа сака да ги убеди луѓето во едно или друго. Во Старите територии на Бугариjа ситуациjата 1941-1944 не е била подобра.

Сум имал многу разговори со луѓе од Македониjа,кои мислат исто како тебе дека во РБ се учи дека "Бугарија била најголемото бугарско царство со векови и векови". Сум ги прашал откаде го знаат тоа и не сум добил точен одговор. Ако те интересира, можам да ти кажам што точно пише за Бугариjа во учебниците за одредените периоди. Сега само ќе го спомнам тоа дека во многу голем дел од своjата историjа воопшто не е имало бугарска држава или доколку е имало таа е била многу намалена географски. Во училиштата во РБ се учи дека Бугариjа е предсе "држава на духот" (дефинициjа на рускиот старобугарист и научник Дмитриj Лихачов).

Извини дека те заморив со толку големо писмо, Антон Кецкаров.