Разговор:Пинк флојд
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Пинк флојд“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
==Име==
Во врска со имињата на групите - знам дека не треба да се преведуваат, но мислам дека многу попаметно е доколку нивните имиња ги имаме барем кирилизирано (I'm pretty sure Аце, дека по најновите измени во законот за што и да е, би можеле да не казнат!). Не, сериозно - макар што веќе постои договор за групиве и истиот предвидува користење на нивните оригинални називи без никакви интервенции, мислам дека истиот договор треба да биде ревидириан - при каталогизирањето на статиите навистина изникнуваат милион проблеми кога ќе се појават латински наслови. Само проблемот е што да се прави тогаш со имињата на албумите? Моја препорака е и нив да ги преведуваме. Не знам зошто, но имам впечаток како музичките албуми да имаат сосема различна димензија во однос на останатите уметнички дела - смешно е да остане наслов на книга или на филм непреведен, но ужасно е доколку насловот на албумот добие превод! А некои навистина добро звучат и на македонски - Темната страна на Месечината, Свирачот пред Портите на Зората... Ако некој прочита - пишете мислења. Поздрав, --Виктор Јованоски 13:50, 23 јули 2008 (UTC)
- А да користиме фусноти во кои се објаснува како тие се читаат и со нивниот превод? На пример - The Dark Side Of The Moon[1]. Понекогаш некои наслови се навистина тешки за превод, па ако не можеме да ги преведеме ќе остане шаренило. Плус мора да го имаме наведено насловот в оригинал, за да може после лесно да се најде. Значи мојот предлог е да останат во оригинал, ама да одредиме специфично како се читаат и што значат. Хм? Brainmachinewtf? 14:33, 23 јули 2008 (UTC)
- Забелешки:
- ↑ Се чита „да дарк сајд оф да мун“. Превод: Темната страна на месечината.
- Уу, интересно. Дечки и девојки, ова ми е лично многу жешка тема и мнооогу имам размислувано, затоа ве молам да ме сфатите сериозно. Можеби знаете, можеби не, во врска со користење латиница кај што не треба знам да бидам болка во газот, што би рекле САД, на жалост за моите другари. :) НАЈСТРОГО сум против преведување на имиња на групи, а воопшто и да не зборуваме за преведување на албуми! Значи, за тоа би се борел и против Џимбо! :) Е сега, кај нас правописот (мислам дека) вели овие да се пишуваат со кирилица онака како што се читаат. Е, социјалисти мои (не мислам на вас хаха), нема да може така. Има безброј причини, не знам која попрво да ја наведам. Не сакам да издвојувам ништо, зашто можеби некој ќе се фати баш за тоа, па ќе треба да дискутираме баш за тоа, ама, главното ќе го истакнам: албум е збирка песни издадени од некоја издавачка куќа за дистрибуција во јавноста. Кога групата потпишува со куќата, името на албумот е прецизно одреден и неговото име е тоа и само тоа. Не можеме ние да му го менуваме името одредено од страна на групата (којашто потпишала!). Исто важи и за групите. Всушност, групата си е и правен поим, исто како секое друго здружение, односно компанија. Покрај тоа, има најразлични имиња на групи, вклучувајќи и некои тотално без врска, со извичници, со други знаци и со триста чуда.
- Што се однесува на каталогизирањето на статиите, тоа е тоа. Мора да се појавуваат латински наслови. Дури и ако ги транскрибираме овие, што правиме со веб-сајтовите и други поими коишто МОРА да бидат на латиница? Инаку, како компромис тука би можело да се искористи sortkey (како го преведуваме ова?) на кирилица. Пр.
[[Категорија:Музички групи|Лед Зеплин]]
. Патем, ова ме потсети: како би пишувале, Лед Зеплин или Лед Зепелин? А? :) - Сега, мојата радикална страна. Збеснувам кога ќе видам нешто напишано на латиница/странски јазик, во сред Македонија, без никаков превод или објаснување до него. Помислувам на баба ми (со тешко детство) која не знае латиница... :( Затоа, мислам дека задолжително мора да стои објаснување, односно превод и изговор. Било во заграда, било како фуснота, мислам дека мора да има. Всушност, веќе го практикувам тоа на некој начин. Во статиите за групите, веднаш по името на почетокот во заграда пишувам како се чита. Сега, преводот е малку посуптилна работа... Не можеме толку едноставно да се договориме, „вака ќе биде и точка“. Преводот мора да биде слободен (не буквален), а постојат милион преводи за секој поим. Особено за групиве, сите имаат „уметнички имиња“.
- Значи, да заклучам: Виктор, ти рече дека ти прави проблем тоа што се листаат статии под латинична буква. Ако само тоа ти претставува проблем, тогаш мислам дека нема за што да се грижиш. Едноставно ќе ги ставаме под кириличен sortkey и ќе се листаат под кирилични букви. Ако се согласат другите, нели. За имињата на албумите, главата ја давам, со превод/изговор на кирилица не се согласувам. Сепак, нека стои изговорот во заграда/фуснота/нешто друго, а ако се договориме - нека има и превод. Исто така, според мене во ред е да ставаме кириличен sortkey.
- Всушност, Зоки убаво си кажа со последната реченица. И извинете за долгиов текст. :/ --iNkubusse A? 16:09, 23 јули 2008 (UTC)
- Опа, P.S. (P.S. ad hoc, [sic] сите се латинични, според правопис :P) веројатно се шегуваше Виктор со законот, ама сепак да напоменам, можеби некој грешно ги сфаќа тие работи, а може и да не си се шегувал. Википедија нема никаква врска со Република Македонија. Викимедија е организација од Флорида хостирана на сервери во САД и за неа важат само законите на Флорида. Единствено што некоја друга држава може во врска со неа, е да забрани одредени делови од неа (пример, во Германија, Австрија, Франција и Унгарија не се дозволуваат свастики). Значи, Владата на Република Македонија може да ни се фати (за слободната содржина)! :D --iNkubusse A? 16:16, 23 јули 2008 (UTC)
Добро, ако е така договорот. Малку и разгледав и по другиве Википедии и таква е политиката на повеќето (на сите, всушност). Само уште една додавка - ако статијата го содржи оригиналниот назив, во заграда нека оди не само траскрипцијата, туку и преводот (нормално, доколку воопшто е потребен). Значи, нешто како што англичаните имаат направено за нашиот Архангел (не исто, зашто во конкретниов случај транскрибираниот назив е и наслов на статијата). А инаку моето мислење беше да биде како што сум направил тука (откако ќе видите слободно пренасочете). Поздрав, --Виктор Јованоски 14:58, 24 јули 2008 (UTC)
- Да, на англиската транскрибираат во латиница, но тоа е многу различно. Ние не можеме да транскрибираме во кирилица, можеме само да го напишеме како што се чита. Пример, не може КУеенс оф тхе стоне аге, ќе треба да стои Куинс оф д стоун ејџ. Е сега, зошто да не биде Куинз ав д стоун ејџ? Или некако поинаку? Што би правеле со групи како Lääz Rockit, The 77s, !!!, Deströyer 666, Ewigkeit, 3X Krazy? Како би се разликувале имињата на два бенда со имиња „Krazy“ и „Crazy“? (Ова го имам и претходно спомнато.) Ама ништо не фали ако насловот биде оригиналното име на групата, а веднаш во почетокот на статијата да стои изговорот, а може и превод/објаснување, сето тоа во заграда или во посебно заглавие. Нема хендикеп за никого, ниту пак името на групата е осквернавено. :) --iNkubusse A? 16:03, 24 јули 2008 (UTC)
No comment and no more arguments. Wow - од каде ги најде имињата на групиве, патем? --Виктор Јованоски 16:15, 24 јули 2008 (UTC)
- en:Category:Musical groups. Само копај по Википедија и сѐ ќе најдеш. :) --iNkubusse A? 22:08, 24 јули 2008 (UTC)
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- одвреме-навреме наместо од време на време.
- јануари име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- јануари име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- март име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- април име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- јуни име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- јули име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- јули име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- август име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
- октомври име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:50, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- цитирана книга наместо Cite book, назив на шаблон на македонски јазик.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 13:44, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:16, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.
brest-bot проверка на правопис
[уреди извор]- Наводи наместо Референци, англизам.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 14:45, 1 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.