Разговор:Македонски лекари

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

„...Уплашениот фашистички окупатор сега ја фрли и последната карта во борбата против македонскиот народ. Крволочната банда на Ванчо Михајлов, потоната во нивната крв на толку македонски синове, пак, се јавува на предателската сцена, овој пат на чело со познатиот фашистички агент Александар Станишев. Професионлните убици од софијските улици прават сега јалов опит со терористички јадра со коцкари и пијаници да ја отежат праведната борба на македонскиот народ за слобода.“

("Зборник на документи АСНОМ" - Скопје 1964 година)


Jа видов таа оцена од страна на политичките наприjатели на Станишев. Нема да коментирам дали е идеологизирана или не. Ме интересира само дали мислите, дека политичката оцена е причина за кажеме дека професор Станишев (коцкар и пијаница !?!) не е еден от наjпознатите лекари на Балканот за своето време? Антон Кецкаров


Како што е појаснето на страната за Александар Станишев, тој ќе биде поместен од страната „лекари“, но страната се уште постои. А инаку, дека јазикот користен е политички обоен е, но останува факт дека и Михајлов и Станишев се наоѓаат на погрешната страна во Втора светска војна. Мислам, можеш да кажеш дека е дискутабилно дали тоа е погрешна страна, но тогаш прашуваш дали фашизмот е погрешен. И.Дукоски

Ве молам, видите дискусиjата на страната за Александар Станишев. А. Кецкаров.